Број 3618  четврток, 30 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Интервју: Зијад Грачиќ

Голем актер од малите екрани

Сеедно дали е позитивец или негативец, Зијад Грачиќ има ретка привилегија да се најде во сите хрватски теленовели


Валентина Тодоровска


Најновата ТВ-креација на актерот Зијад Грачиќ (1959), ликот на Егон Мартиновиќ во ТВ-новелата „Под среќна ѕвезда“, само го потврдува неговиот статус - кралот на сапуниците. И режисерите му го познаваат адутот наречен трансформација и токму затоа е апсолутно „персона грата“ во остварувањата на овој тип на телевизиска форма - од Френки Фишер во „Љубов во офсајд“, Анте Драган во „Обични луѓе“, Јосип Јуриќ во „Гордоста на Раткаеви“, Иван Брнес во „Заговор“, Никола Буковац во „Долина на сонцето“... За Зијад се зборува дека е скромен човек со голем и раскошен талент, кој не прави никаква мистика врзана за комерцијален ангажман во хрватските сапуници.



Ние се' уште Ве гледаме како Егон Мартиновиќ од серијата „Под среќна ѕвезда“. Какви спомени Ве врзуваат за овој лик?

- Мојата улога навистина беше интригантна, толкувам лик на декан, покрај тоа су�� заглавен и во коцкањето. Педагогија и декаденција на исто место, тоа беше голема атракција и, секако, предизвик. Плус, во серијата глумам со Неда Арнериќ, култна актерка што ми е посебно задоволство зашто во неа најдов вистински пријател и ортак и со неа навистина работев со голема инспирација.



Се гледате ли отпосле, откако ќе заврши се'? Колку сте критични кон креациите што ги правите?

- Морам да признаам дека не сакам да се гледам. По природа сум голем самокритичар и перфекционист. Овој вид работа, да се глуми во долги форми, бара побрзо темпо и поради квантитетот понекогаш се жртвува квалитетот. Тоа, да бидам искрен, ми паѓа потешко.



Се чини дека нема теленовела во Хрватска во која не сте биле ангажирани. Што мислите, на што се должи тоа - на пријатната надворешност или на Вашето актерско умеење?

- Мислам дека мојот ангажман се темели најмногу на тоа дека сум добар актер. Но, исто така, знам дека за актерите многу важна работа е изгледот. Околу тоа прашање можам да кажам дека имав среќа.



Родени сте во Тузла. Го имате ли во себе оној ненадминлив босански шарм, секогаш расположени за шега?

- Го имам и знам да го користам. Поточно кажано, кој ќе ме открие како комичар, тој ќе ја погоди целта.



Што може најмногу да Ве расположи, да Ве насмее?

- Да се види некој или нешто оригинално, нешто едноставно, природно, спонтано.



Како се случи од Босна да дојдете во Хрватска? Дали понекогаш се чувствувате како странец во Загреб, градот во кој живеете?

- Во Загреб ја запишав Академијата и останав да живеам во овој преубав град. Во него сум веќе 30 години и го чувствувам апсолутно како свој. Уживам во него, му ги препознавам миризбите, боите, знам кога е меланхоличен, кога ќе надвладее тагата наспрема радоста и летната еуфорија. многу често Загреб го буди поет во мене.



Кои Ви се омилените актери од бивша Југославија? Филмови?

- Трагедијата на колегата Беким Фехмиу ме потсети уште еднаш каков блескав актер и човек беше тој. Ненадминлив. Оригинален во изразот. Од филмовите би го издвоил „Се сеќаваш ли на Доли Бел“, секогаш ми е драго да го видам.



Што значи финансиски да си актер во Хрватска? Ве има ли во театар?

- За да живееме од оваа наша работа во Хрватска мора многу да се работи. Јас сум постојано ангажиран во ХНК - нашиот театар, а секогаш имам ангажмани и во другите театарски организации. Моментално играм со двајца свои колеги, исто така, актери од мојот матичен театар во претставата „Арт“ од авторката Јасмина Реза. Да речеме, тоа е претстава со која би сакал да и' се претставам на Вашата публика.



Сте биле ли некогаш во Македонија? Што знаете за нас?

- Во Македонија бев одамна, уште пред војната. Навистина би сакал да ја посетам Вашата земја. Можеби и ќе ми се оствари тоа.



Сега сте некаде на средина од патот. Дали актерството Ви го донесе она за што сонувавте?

- Да, во многу нешта, ама не и во се' што замислив. Ќе има уште многу работи.



Иста генерација сте со покојната Ена Беговиќ. Дали работевте со неа?

- Ена е моја колешка од класот и заедно сме примени во театарот на 1 април 1984 година, па токму од таа причина бевме заедно во претставата „Аијаксаија“, работена според текстот на Радован Ившиќ, а во режија на Владимир Хабунек.



Вие сте семеен човек. Како Вашата сопруга Катерина, прочитав некаде економистка по професија, реагира на Вашата работа и се' што оди со неа - боемштина, обожавателки?

- Катарина е сталожена и разбрана личност, немам никакви проблеми со тоа. Инаку, економистка е и дома, таа го прави балансот меѓу она што значи живот и реалноста.



Имате две деца. Со кој Ваш совет тие растат?

- Да си човек со специфична тежина, тоа значи да си она што си.



Како ќе го минете летото? Постои ли некаква постојана дестинација? Имате ли хоби, голема страст?

- Работно, неколку дена ќе бидам во Дубровник, на „Летните игри“. Потоа, според нашата семејна агенда, ќе одиме во Крвавица кај Макарска. Жена ми е оттаму, имаме семејна куќа и тоа се одмори во кои сите уживаме.

Инаку, порано играв кошарка, бев многу добар, а сега нуркам и ловам риба. Тоа ми е вистинска забава. И можете да замислите кој ќе биде најсреќен и најисполнет летово?


#
Статијата е прочитана 1177 пати.

Испрати коментар

Од: Vane
Датум: 30.06.2011 10:15:42
Лично не мислам дека човеков е голем глумец. Во тие теленовелите и не се добива шанса да се покаже некоја глума.

Најди! во Утрински
Насловна
Ќе направи ли Груевски сто чекори?
Лет до Венеција за 26 евра
За големи гради, задолжително прерамки
Грција кажа „да“ за спасоносниот пакет
Тајно ќе се гласа за доверба на Црвенковски
Слика на нашата слобода
Секое семејство може да си произведе струја
Кристин Лагард, нова шефица на ММФ
Хермиона си ја призна првата љубов
Квитова против Шарапова во финалето на Вимблдон
Војската на царот
Невестата се обидела да побегне пред свадбата?
Пресудата за „Илинден“ на 5 јули
Дали Европа сака да се самоубие?
Македонија не отстапува од НАТО и од ЕУ
Скромни очекувања од идната Влада
„Барток - Зографски“ на „Скопско лето“
Кинезите ни испратија 67 двокатни автобуси
МНР: Не патувајте во големите грчки градови
Милошоски нема да биде министер во новата Влада
Стол
Грчкиот економски план не е програма за „строго штедење“
Почина актерот Кирил Ристоски
Онлајн вести

"""