Број 3618  четврток, 30 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Мислења

Скромни очекувања од идната Влада

Махи Несими

Време е ДУИ да го услови своето учество во Владата со решавање на проблемот со Грција. Што друго и да понудат коалициските партнери е најава за тешки времиња што ги очекуваат граѓаните

Откако завршија изборите, вниманието на јавноста се насочи кон формирањето на новата влада. Шпекулациите за можни сложувалки што одеа кон можноста за формирање влада без ВМРО-ДПМНЕ претставуваа мислена именка и крајна фантазија. Истото се однесува и за можноста да се формира влада без ДУИ. За тоа толку.

Општо познато е дека составувањето влада во Македонија речиси секогаш претставувало своевидна забавна тема за граѓаните речиси од сите слоеви на општеството. Ваквиот приод кон оваа проблематика, меѓу другото, се должи и на односот на самите партии кон институцијата влада. Всушност, станува збор за недостиг од издржана стратегија за водење на државата. А, сето тоа е поврзано со несоодветниот однос кон кадровската политика.

Во земјите со изградена демократија многу рано се знаат лицата што ќе раководат со одредени министерства, нормално, ако партијата ги добива изборите. Тие лица во текот на кампањата ја презентираат изборната програма како пред избирачите (на митинзи), така и на дебатите во медиумите. Кај нас тоа не се случува, бидејќи кампањата обично е индивидуална, односно лидерска. Токму затоа, кадровските комбинаторики стануваат топ-тема. Но, топ-тема стануваат и поради тоа што неретко се случува први луѓе во министерствата да станат сосема непознати лица. Лица без никакво искуство и без никаков кредибилитет. Во нивните биографии може да се прочита се' и сешто, вклучувајќи и посета на семинари и курсеви.

Тргнувајќи од тој однос кон кадровската комбинаторика, се претпоставува дека успешноста на владата ќе се базира на стручните служби на соодветните министерства и други институции. Но, со оглед дека кај нас и стручните служби се партизирани, успешноста сама по себе треба да се бара во програмата на партијата-носител на извршната власт.

Старо-новата владина коалиција на овие избори не понуди нешто ново од кое може да се очекува поинаков пристап кон надминување на проблемите и исполнување на очекувањата на граѓаните. Оттаму, извесно е дека владиниот кабинет нема да претрпи некои поголеми измени.

Имајќи ги предвид овие констатации, се поставува прашањето: што треба да се очекува од новата Влада? Тешко дека може да се очекува поуспешна борба против корупцијата, бидејќи во тој случај, таа треба да се префрли во сопствените редови. Борбата против криминалот од секаков вид, исто така ќе биде тешка, со оглед на фактот дека носителите на криминалот веќе ги зацврстиле своите позиции. Невработеноста останува тешко излечива рак-рана. Односот кон работништвото останува ист, бидејќи челниците на Синдикатот направија мирен пакт со Владата. Односот кон медиумите тешко дека ќе се промени. Во образованието, исто така, не треба да се очекуваат промени, бидејќи во тој случај би пропаднал целиот досегашен концепт на Владата за оваа прашање (би требало да се укинат отворените факултети и дисперзирани студии низ државата). Можно ли е да се очекува похуман, понормален однос кон казните што ги плаќаат граѓаните? Тука нешто сигурно ќе се поправи, но останува прашањето од кои средства ќе се полни буџетот.

Старо-новата Влада претставува една уиграна екипа, во која секој ги знае сите финти. „Свежата крв“ што ќе се слева, без оглед на обемноста, тешко дека ќе може квалитетно да придонесе за поуспешно владеење. Антиквизацијата ќе продолжи до крајот на годината кога можеби плоштадот ќе добие „мултиетнички карактер“.

Од ДУИ најавуваат изборната програма на таа партија да стане дел на владината програма. Но, во неа нема содржини што битно би ја смениле сегашната мрачна економска состојба во земјата. За разумна и одговорна влада, со државнички капацитети, хашките случаи треба да бидат тема ад-акта, бидејќи постои Закон за амнестија. Статусот на борците на ОНА треба да се реши заедно со статусот на бранителите. Решавањето на проблемот со употреба на јазиците, пак, е обврска од Рамковниот договор.

Се' на се', јасно е дека не треба да се очекуваат покрупни зафати со кои наредната Влада ќе може да се пофали и да се гордее. Во овој случај, единствен исчекор што исцело би одел во насока на подобрување на севкупните состојби останува заложбата за евроатлантските интеграции. Свесни за формалната кочница за решавање на овој проблем, се поставува главното прашање: Има ли нашата Влада капацитет и подготвеност да го реши проблемот со Грција? Гледано од повеќе аспекти, се чини дека тоа е многу тешко, речиси невозможно. Кога ова прашање би се поставило по првите предвремени избори, одговорот би бил позитивен. Тогаш активностите за пополнување и „китење“ на плоштадот, се' уште беа во почетна фаза. Но, сега работите се видно изменети. На Грција, со низа потези, секојдневно и во изобилство и' сервираме материјал за зацврстување на нејзината позиција. Очекувањата дека економската криза ќе ја натера Грција да ги промени своите позиции во однос на името, се крајно неумесни. Грчката влада не може да си дозволи да им сервира на своите граѓани уште еден така крупен шок, по според нив, националните интереси.

Во вакви услови кое било решение за името да се прифати, Македонија ќе мора да направи и други практични чекори. Ќе треба да се откаже од одредени именувања на коридори и слични работи, како и од одредени споменици. Има ли подготвеност и капацитет оваа Влада да направи такви неминовни отстапки? Според досегашното однесување и практикување на власта, тешко е да се очекува таков пресврт. Пристапот на ДУИ кон оваа проблематика (од тоа што е јавно речено) не влева надеж за активно заземање за решавање на проблемот со Грција. Време е оваа партија да го услови своето учество во Владата со овој единствен услов. Се' друго, односно што било друго да понудат коалициските партнери е најава за тешки времиња што ги очекуваат граѓаните на Македонија. А, тие гласаа за подобри времиња.

(Авторот е публицист)


#
Статијата е прочитана 1245 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 30.06.2011 00:26:33
Od ovoj korsokak vo koj se najdovme i minimalno skromni ocekuvanja bi bile zadovolitelni. Pre bi rekol deka nema sto da ocekuvame. Premnogu e losa situacijata. Najlosoto od se, e sto nema nikoj da odgovara. Drzavava ni e prevzemena od kriminalna struktura koja si igra sah so Gruevski.Za se ke bide kriv Gruevski. Praviot"krivec"si tera, i ke si tera kako saka.
Од: Објективно гледање
Датум: 30.06.2011 10:41:37
Одлична сеопфатна анализа на состојбите во и околу Македонија, но, дали одговорните ќе имаат способност да ја разберат и да ги поправат своите грешки, гафови и глупости што во континуитет го прават веќе 5 години?!
Од: Миле - Охрид
Датум: 30.06.2011 13:28:55
Уцената и заканата која ја упатува Несими во својата колумна е отворено ширење на национална омраза и нетрпеливост. Како да се постигне „... единствен исчекор што исцело би одел во насока на подобрување на севкупните состојби останува заложбата за евроатлантските интеграции...“. Со прифаќање на грчките шовинистички барања. Дали Несими е спремен да продолжи да живее со Македонците кои ќе бидат обесчестени со самоукинување со сесрдна негова помош?

Најди! во Утрински
Насловна
Ќе направи ли Груевски сто чекори?
Лет до Венеција за 26 евра
За големи гради, задолжително прерамки
Грција кажа „да“ за спасоносниот пакет
Тајно ќе се гласа за доверба на Црвенковски
Голем актер од малите екрани
Слика на нашата слобода
Секое семејство може да си произведе струја
Кристин Лагард, нова шефица на ММФ
Хермиона си ја призна првата љубов
Квитова против Шарапова во финалето на Вимблдон
Војската на царот
Невестата се обидела да побегне пред свадбата?
Пресудата за „Илинден“ на 5 јули
Дали Европа сака да се самоубие?
Македонија не отстапува од НАТО и од ЕУ
„Барток - Зографски“ на „Скопско лето“
Кинезите ни испратија 67 двокатни автобуси
МНР: Не патувајте во големите грчки градови
Милошоски нема да биде министер во новата Влада
Стол
Грчкиот економски план не е програма за „строго штедење“
Почина актерот Кирил Ристоски
Онлајн вести

"""