Број 3618  четврток, 30 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Слика на нашата слобода

Александра М. Митевска

Најновиот извештај на „Фридом хаус“ за демократските процеси во земјите во транзиција само го потврди тоа што сите го гледаат. Или, ако не сакаат да го видат, тогаш го чувствуваат: државата, чии власти секојдневно тврдат дека одлучно газат по интегративниот пат, не може да се пофали со демократски амбиент што би гарантирал слобода на говорот и на медиумите, независност на судството, почитување на човековите права...

Ако се знае дека на скалата на „Фридом хаус“ единицата е најдобра, а седмицата најслаба оценка, коефициентот од 3.82 за вкупниот демократски развој на Македонија не претставува изненадување, а уште помалку охрабрување. Во ситуација кога перцепцијата за демократијата дури е и подобра од реалните состојби во земјава, не може да биде утеха тоа што зад нас се Албанија, Босна и Херцеговина и Косово. Но, може да ни биде шлаканица тоа што подобри од нас се Хрватска, Србија, Бугарија. Со Словенија и онака не можеме да се споредуваме. Нејзиниот коефициент е 1.93.

Не може да ни биде утеха ниту тоа што, во споредба со претходниот извештај, сме напреднале „дури“ 0,03 индексни поени. Минималниот напредок меѓу двата извештаја само сигнализира дека оние кои се најодговорни за креирањето на атмосферата не берат многу гајле за опсервациите со кои земјава се сместува во долните нивоа на демократијата. Дека не ги засега премногу ниту кога тие опсервации и оценки доаѓаат од реномирани странски организации.

Во извештајот на „Фридом хаус“, сепак, најпоразителна, или посоодветно е да се каже - најзагрижувачка е оценката за слободата на медиумите. Од земјите од нашето опкружување, на коефициентот 4.50 може да ни завидува само Босна. Повторно „Фридом хаус“ само го регистрираше она што неколку години наназад го гледаат и „Репортери без граници“ и странските амбасадори и меѓународните организации..., а што новинарскиот еснаф го чувствува и на своја кожа.

И сега, кој е најодговорен за тоа што слободата на мислата тешко вирее во државата за разлика од автоцензурата. Треба ли прво да се бара вина кај новинарите, кои секојдневно се соочени со опасност да останат без работа и чија креативност и проникливост многу често е зауздана со синџирот што го плетат огласувачите, сопствениците на медиуми, владата или политичките партии. И чии обиди за критичност на нечии политиките многу често се удираат од ѕид изграден од разни интереси - малку бизнис, малку политика?

Ова не е никаков обид да им се даде аргумент на колегите дека треба да мижат пред реалноста. Слободата на говорот тешко ќе се извојува ако не се говори гласно за притисоците. Тешко ќе се стигне до слобода на зборот, ако не се пишува со големи букви за сопките на кои се наидува и ако не се бара патот кон излезот!

Меѓутоа, како да се очекува работите да се придвижат кон подобро, ако најкрупниот чекор не го направи Владата. Бидејќи медиумите, невладиниот сектор, опозицијата... само партиципираат во создавањето на вкупниот демократски амбиент, чиј главен креатор, сепак, е Владата. А, оваа гарнитура на власт веќе ја има апсолвирано темата за ранливоста на македонските медиуми и манипулира со неа, еднаш со информации, некогаш со молк... Ако беше така во изминатите неколку години, може ли да се очекува да биде поинаку сега кога и власта е поранлива?


#
Статијата е прочитана 1213 пати.

Испрати коментар

Од: Archelay
Датум: 30.06.2011 08:15:20
Sostojbata ke bese realno oceneta doklku se otstranea"avtoriativnite"kriteriumi na izvorot na monitorot koj,za sostojbite kaj nas ne samo sto gi otvora i dvete oci tuku i go izlozuva mislenjeto na svoite platenici t.e.nevladiniot sektor dideka za sopstvenoto dvoriste ednostavno-oslepuva.
Од: skeptik
Датум: 30.06.2011 08:24:07
Novinarte odamna ne se "heroi na naseto vreme", Novinarstvoto i mediumite se ocigledno biznis kako i sekoj drug. Toa sto mu se slucuva na novinarstvoto vo Makedonija voopsto ne e slucajno. Premnogu se zanimavase so politika i vo najobicnite vesti.
Од: Regan
Датум: 30.06.2011 10:40:58
Кога се пратат сите наши медиуми од она се’ што пишуваат и од она што го слушаме и гледаме ,тешко да се каже дека има ограничување на слободата на медиумите.Погледајте само на какви навреди се изложени,напр., претседателот и премиерот.Но ако зборуваме за рекламирањата во медиумите,тогаш може да се каже дека постои разлика.По се’ изгледа тука е и болката - во парите,а не во слободата.
Од: seirdzija
Датум: 30.06.2011 13:55:40
Za Makedonija ima resenie,gledajki realno mozeme slobodno spored nasite patrioti da se vikame POLTRONIJA namesto MAKEDONIJA.Kako saka Regan da imam pocit kon premier i predsedatel,za kogo Zletovica,Rek Bitola,750.000 evra u flasa,apsi post izborno bez dokazi lider na partija,a svirepo ubistvo od policaec i licen telohranitel pokusava da go skrie(ne mu uspea).Sloboda li e da se drzi Velija u zatvor so lazno obvinenie za koj vidovme deka nema vrska so neplacanje danok i deka se e odnapred rezirano.Ako pojasni Gruevski od kade mu se pari za 6 stana i toa u vreme na vojna u Makedonija...bi pokazal barem malku pocit...i toa se samo raboti koi dosega se otkrieni,a kade i kako se potroseni 8 milijardi evra za pet godini toa doprva ke se utvrduva...mislam koga ke dojde vreme....

Најди! во Утрински
Насловна
Ќе направи ли Груевски сто чекори?
Лет до Венеција за 26 евра
За големи гради, задолжително прерамки
Грција кажа „да“ за спасоносниот пакет
Тајно ќе се гласа за доверба на Црвенковски
Голем актер од малите екрани
Секое семејство може да си произведе струја
Кристин Лагард, нова шефица на ММФ
Хермиона си ја призна првата љубов
Квитова против Шарапова во финалето на Вимблдон
Војската на царот
Невестата се обидела да побегне пред свадбата?
Пресудата за „Илинден“ на 5 јули
Дали Европа сака да се самоубие?
Македонија не отстапува од НАТО и од ЕУ
Скромни очекувања од идната Влада
„Барток - Зографски“ на „Скопско лето“
Кинезите ни испратија 67 двокатни автобуси
МНР: Не патувајте во големите грчки градови
Милошоски нема да биде министер во новата Влада
Стол
Грчкиот економски план не е програма за „строго штедење“
Почина актерот Кирил Ристоски
Онлајн вести

"""