Ема Вотсон
Хермиона си ја призна првата љубов
Ема Вотсон, која ја глумеше Хермиона во филмовите за Хари Потер, признала дека нејзиното прво вљубување било во колегата од филмот, Том Фелтон. Својата прва љубов од пред десет години Ема ја признала во магазинот „Севнтин“.
„Во текот на снимањето на првите два дела на филмот бев вљубена во Том Фелтон. Тоа беше мојата прва љубов и тој го знае тоа. Имаме зборувано, а и натаму се смееме на тоа. Сега сме многу добри пријатели“ - изјавила Ема.
Ема Вотсон до неодамна ја поврзуваа со актерот Џони Симонс, а излегуваше и со пејачот Џорџ Крег. За себе вели дека не умее да се преправа и дека и' е тешко да освојува која некој навистина и' се допаѓа.
„Не сум добар тактичар. Нестрплива сум и тоа е мојата најлоша мана. На момчето што ми се допаѓа веднаш му велам дека сакам да излеземе. Но, пријателите ми велат дека не смеам така да постапувам, дека морам момчињата да ги држам во убедување дека е поинаку“ - изјавила Ема и додала дека таа едноставно не е таква. |