Број 3618  четврток, 30 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Поглед

Војската на царот

Горан Адамовски

Еј, што ти е среќа... Колегите од една телевизија имале таков касмет кога завчера правеа анкета дали на граѓаните им се допаѓа новиот споменик на Цар Самоил, да им се погодат се' „терсенџии“ на кои не им се допадна ниту идејата за фрлање пари среде криза ниту, пак, изгледот на споменикот. Десетина анкетирани и сите горе-долу со слични ставови.

Други колеги, пак, од една друга телевизија, имаа сосема спротивна среќа. Замислете, тие начекале единствено граѓани што беа воодушевени од Владата што и' текнало да му направи споменик на познатиот војсководец. „Да ги поживее Господ“, извика со сериозен глас еден од случајните минувачи. Ниту на едната телевизија немаше граѓани со различни ставови. Или се „за“ или „против“. Таква им била среќата на колегите, нели? Мислам, само тоа е работата, зарем се сомневате во нешто друго?

Тие, пак, што немаа среќа да налетаат на некоја од екипите за анкета, па јавно да си кажат што мислат за царот, беа доста креативни на „Фејсбук“ и на „Твитер“. „Царот дојде, кога ќе вадат око: пред или по одморите?“ - е еден од најефективните постови што го копираа интернетџиите. Да биде иронијата поголема, во близина на местото каде што е поставен Самоил ќе се гради мостот „Око“. Голем дел од енергијата и остроумноста е насочена кон несреќно избраниот момент во просторот и времето и што височината на Самоил се совпадна со стратегиските делови од телото на големиот Аце.

Македонецот знае да биде воодушевен, разочаран, рамнодушен, саркастичен, хумористичен и мудар и наоѓа начин каде и како да ги искаже своите емоции. Само треба да го оставиш да размислува со своја глава, а не да го индоктринираш. За жал, инструирањето кај нас е поголемо и од 33-метарскиот споменик во срцето на Скопје.


#
Статијата е прочитана 2603 пати.

Испрати коментар

Од: Noamer Amerno
Датум: 30.06.2011 00:04:33
Slepci
Од: Ivana
Датум: 30.06.2011 01:03:50
Нашиов народ и при очи е слеп....Само чекам да видам што ќе се случи кога слепиот ќе прогледа....
Од: Oliver
Датум: 30.06.2011 01:04:04
Ete da se najdi nekoj objektiven novinar pa da gi kazi rabotite kako sto se - BRAVO
Од: Milan
Датум: 30.06.2011 07:02:43
Дали навистина народот смета дека постојат Сител, Канал 5, Наша ТВ... Па кој им дал консеција да тресат се и сешто во едерот? Мислите дека Неделко, Латас(Профил), Јанко се „новинари„!?
Од: Regan
Датум: 30.06.2011 07:56:45
Добро,бре,новинари!Не ли ви досади тоа- пак- тоа,спомениците-спомениците?Тоа е одлучено пред неколку години и тие се поставуваат.Кога се’ ова ќе биде готово ќе се види да ли секој споменик има адекватно место,а прашањата од типот на новинарката “да ли овој ви личи на цар Самоил“ се ступидни.Се знае зошто.
Од: Трпе
Датум: 30.06.2011 07:58:08
Царот си напраи споменик.А за војниците нема потреба.Тие се слепци.
Од: Mirko
Датум: 30.06.2011 08:49:40
Do koga ke se tresaat zeleni? Do koga - spomenici i drugi gluposti? Kakvi carevi i vojini? Da gledame nasa beda i siromastija, oti toa se nasi spomenici!
Од: razocaran
Датум: 30.06.2011 08:53:29
Sram mi e sto ziveam vo Skopje. Pogolem kic i glupost vo organiziranjeto na prostorot okolu i nadvor od centarot ne sum videl. Sto im ostavame na decata? Samo sram .
Од: Горан
Датум: 30.06.2011 09:21:51
Се трошат пари за глупости! Пари за прослава на бугарски цар! Груjo е закон!
Од: A koj bese toa
Датум: 30.06.2011 09:43:14
A cii toa car bese Samoil i so cija kruna bese krunisan za car? I nemu li mu gi ospe onie 14000 vojnici Vasilie II narecen poradi taa surovost" Blgaroubiec"?Eve potomci od tie slepci se razmnozija niz drzavata pa ne razlikuvaat crno od belo i teteravat kako zombi pomedju spomenicite na plostadot.
Од: Александар
Датум: 30.06.2011 10:40:50
Едно е да се коментира натписот на новинарот, што е сосема правилно. А друго е да се тресат глупости за историја од некој што наслушнал нешто или прочитал на интернет 2 реда па сега дрнда за некаков бугарски цар... Одлуката за споменици е донесена пред 4 години, а средствата издвоени пред 2 години. Спомениците сега само се поставуваат. Дали е правилна одлука или не ќе покаже времето. За разлика од досегашната пракса (во изминатите 20на години) сега барем се прави нешто, а не само да се трпаат пари по џебови на хонштаплери.
Од: Nikola
Датум: 30.06.2011 11:44:31
P;veke za Samoil - http://www.google.com/search?tbm=bks&tbo=1&q=Samuel+of+Bulgaria&btnG=Search+Books
Од: zelezara
Датум: 30.06.2011 12:21:04
I posle se lutime koga ni vikaat deka krademe istorija
Од: от Пиринска Македониа
Датум: 30.06.2011 12:47:04
Сакам да ви благодарам оти правите споменик на нашио б'лгарски цар Самуил! Ова навистина веке е "вракане кон корените"
Од: dejan od tugjina
Датум: 30.06.2011 15:10:24
Bozze, kako mozzno tolku glupavi komentari da se najdat na edno mesto??? Pa ako Samoil bil bugarski car zoshto ne vladeel vo Bugarija i zoshto prestolninata ne mu bila vo Preslav ili Pliska, tuku bila vo Ohrid i Prespa??? Tocno e deka Samoil, so blagoslov od Vatikan ja U Z U R P I R A L bugarskata kruna, no toa ne go pravi Bugarin!!! Imperatorite na Svetoto Rimsko Carstvo bile Germanci, a ne Rimjani. Slepci edni, koga koneccno ke progledate????????????????????
Од: Бугарин
Датум: 30.06.2011 15:37:14
Не краднете нашта историа Македонски гюбрета Цар Самуил е Бугарин
Од: Ivan
Датум: 30.06.2011 15:47:25
Do Dejan: Dejane, pa Prespa e vo Grcija - togas Samoil ke da e grcki car, neli?
Од: bg
Датум: 30.06.2011 16:30:25
dejan od tugjina Чети повеќе , дека бил бугарски цар Самуил има многу документи од овој период-византиски, бугарски, српски, руски, унгарски и во Ватикан исто така. Немој да си мислиш дека византиците не знаеле кој народ са им комшии и против кого војуваат, и не ми е работа да ти давам бесплатни часови по историја.
Од: ДО БУГАРИНОТ ТАТАР ЛИ СИ ИЛИ МАКЕДОНЕЦ ИЛИ РОМ ИЛИ ТУРЧИН
Датум: 30.06.2011 17:37:22
Бугарија и Грција ја украдоа македонската земја и народ. Србите си отидоа и вие трба да вратете.Секој трет во Бугарија е Македонец. Не ги мешај со татарците или Ромите или Турците. Давајте права ма лугето. Регистрирајте шпартии. Вие како Татри ПраБугари сте имале јазик ама го зедовте македонскио од Кирили и Методи и нив ги крадете. Грција и Бугарија треба да враќааат а не да бараат. Сите Македонци од Бугарија да се освестите да прашате кога ве протерале од Егејот а вие од Пирин во 1952 на попис бевте 200.000. Македонија ке воскресне и МАкедонците три милиони во Бугарија и 800.000 во Грција се јатка а бугарска и грчка е само тврдата кора ама кога тогаш ке остраи или пукне. Те сакам Македонијо знам дека ке успееш. Нема да поминат грчки и бугарски лаги.

Најди! во Утрински
Насловна
Ќе направи ли Груевски сто чекори?
Лет до Венеција за 26 евра
За големи гради, задолжително прерамки
Грција кажа „да“ за спасоносниот пакет
Тајно ќе се гласа за доверба на Црвенковски
Голем актер од малите екрани
Слика на нашата слобода
Секое семејство може да си произведе струја
Кристин Лагард, нова шефица на ММФ
Хермиона си ја призна првата љубов
Квитова против Шарапова во финалето на Вимблдон
Невестата се обидела да побегне пред свадбата?
Пресудата за „Илинден“ на 5 јули
Дали Европа сака да се самоубие?
Македонија не отстапува од НАТО и од ЕУ
Скромни очекувања од идната Влада
„Барток - Зографски“ на „Скопско лето“
Кинезите ни испратија 67 двокатни автобуси
МНР: Не патувајте во големите грчки градови
Милошоски нема да биде министер во новата Влада
Стол
Грчкиот економски план не е програма за „строго штедење“
Почина актерот Кирил Ристоски
Онлајн вести

"""