Број 3618  четврток, 30 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Иванов во Црна Гора

Македонија не отстапува од НАТО и од ЕУ

30.06.2011, 14:48

Македонија останува доследна на своите трајни и врвни цели и приоритети, водејќи се притоа од основниот принцип на отвореност и блискост со сите, изјави вчера македонскиот претседател Ѓорге Иванов на средбата на самитот на шефови на држави и влади од Процесот на соработка во Југоисточна Европа што се одржува во Црна Гора. Од Свети Стефан Иванов ја прати пораката дека целите на Македонија се јасни, а тоа се полноправно членство во НАТО и ЕУ, развивање извонредни односи со сите свои соседи, учество во сите регионални иницијативи, отвореност кон светот, кон меѓународната заедница, кон сите, по што резултатите не изостануваат. Според Иванов предвремените избори покажале дека мнозинството граѓани ги поддржале тие цели, што претставува обврска за новата влада.

Иванов од Црна Гора испрати порака дека најголемата моќ на регионот и на Европа е во нејзината отвореност и обединетост, додека најголемата опасност за нив демне од затвореноста и под��леноста. "Само заеднички можеме да ги решиме прашањата како регионалната енергетска поврзаност, заедничките транспортни коридори, заедничката железничка инфраструктура", рече тој. Според него Балканот мора да функционира како обединет регион, дел од обединетиот европски пазар и важна алка во европската комуникација кон светот. "Без интеграција на нашиот регион не можеме да зборуваме за целосно успешен и заокружен процес", изјави Иванов, додавајќи дека на регионот му е потребна поддршка за продолжување на интеграциските процеси.



#
Статијата е прочитана 451 пати.

Испрати коментар

Од: Adem
Датум: 30.06.2011 17:04:52
Covekot treba da sis edi doma da ne kazuva zeleni.

Најди! во Утрински
Насловна
Ќе направи ли Груевски сто чекори?
Лет до Венеција за 26 евра
За големи гради, задолжително прерамки
Грција кажа „да“ за спасоносниот пакет
Тајно ќе се гласа за доверба на Црвенковски
Голем актер од малите екрани
Слика на нашата слобода
Секое семејство може да си произведе струја
Кристин Лагард, нова шефица на ММФ
Хермиона си ја призна првата љубов
Квитова против Шарапова во финалето на Вимблдон
Војската на царот
Невестата се обидела да побегне пред свадбата?
Пресудата за „Илинден“ на 5 јули
Дали Европа сака да се самоубие?
Скромни очекувања од идната Влада
„Барток - Зографски“ на „Скопско лето“
Кинезите ни испратија 67 двокатни автобуси
МНР: Не патувајте во големите грчки градови
Милошоски нема да биде министер во новата Влада
Стол
Грчкиот економски план не е програма за „строго штедење“
Почина актерот Кирил Ристоски
Онлајн вести

"""