Број 3618  четврток, 30 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Анализа

Дали Европа сака да се самоубие?

Јошка Фишер

Богатите економии,пред се', Германија - ќе треба да платат за излезот од кризата

Од почетокот на грчката должничка криза во 2010 година, големите европски играчи требаше да ги сфатат ризиците и последиците што таа ги претставува за Европската унија. Но, тие сигурно не оставија таков впечаток на набљудувачите.

Кризата секогаш беше многу повеќе од Грција: непристојната неликвидност таму се заканува да ги повлече другите економии на јужната периферија на ЕУ, вклучувајќи и некои навистина големи, во фискалниот амбис заедно со големите европски банки и осигурителни друштва. Тоа би можело да ја втурне глобалната економија во друга финансиска криза, донесувајќи шок еквивалентен на есента 2008 година. Тоа, исто така, би значело неуспех на еврозоната што, пак, нема да го остави неповреден заедничкиот пазар.

За првпат во историјата, континуитетот на европскиот проект е доведен во прашање. Сепак, однесувањето на ЕУ и нејзините најважни земји-членки е безволно што се должи на нац��оналниот егоизам и зачудувачкото отсуство на лидерство.

И држави можат да банкротираат како и компании, но спротивно на компаниите тие не исчезнуваат кога тоа ќе се случи. Тоа е и причината зошто државите не треба да бидат казнети и зошто нивните тековни интереси не треба да бидат потценети. Банкротираните држави имаат потреба од помош со реструктуирање, како во финансискиот сектор така и надвор од него за да може да го одработат нивниот излез од кризата.

Ова секако е вистина за Грција, чии структурални промени се многу подалекосежни отколку нејзините финансиски потешкотии. Според тоа, ЕУ и грчката влада потфрлија во одговорот на структуралните проблеми на Грција. Но, тие треба да развијат (и финансираат) соодветна стратегија за економска реконструкција, со цел да им стават јасно на знаење на Грците - и на нервозните финансиски пазари - дека има светло на крајот од тунелот.

Сите знаат дека Грција нема да биде способна сама да излезе од кризата без големо отпишување на долгот. Единствено прашање е дали реструктуирањето на долгот на земјата ќе биде дисциплинирано и контролирано или хаотично и заразно.

Во секој случај, интерната дебата во Германија околу тоа дали да се плати за долгот на Грција е смешна. Одбивањето да се плати не е изводлива опција, бидејќи Германија и сите други членки на еврозоната се во истиот брод. Грчкото неисполнување на долговите ќе се закани да го потоне бродот, бидејќи веднаш ќе покрене загриженост околу солвентноста на системски важните банки и осигурителни компании во Европа.

Па што чекаат шефовите на владите од земјите-членки на еврозоната? Дали се неподготвени да му признаат на сопствениот народ поради стравот за нивната сопствена политичка иднина?

Европската финансиска криза е всушност политичка криза, бидејќи ЕУ-лидерите се неспособни да донесат одлуки за неопходни мерки. Наместо тоа, се губи време на секундарни проблеми главно вкоренети во домашните политички загрижености.

Се' додека продолжува политичката криза што се заканува на опстојувањето на ЕУ, токму финансиска криза ќе продолжи да ја стабилизира Унијата. Во сржта на решавањето на кризата лежи непобитниот факт дека еврото - а со него ЕУ како целина - нема да преживее без поголемо европско политичко единство.

Ако Европејците сакаат да го задржат еврото, ние сега мора да напредуваме со политичката унија; инаку без разлика дали сакаме или не, еврото и европската интеграција ќе бидат загубени. Европа тогаш ќе загуби речиси се' што доби во последниве педесет години од надминувањето на национализмот. Во време кога се појавува нов светски поредок ова би била трагедија за Европејците.

За жал, кога претседателот од Европската централна банка на заминување, Жан Клод Трише, предложи чекор во оваа насока со предлог дека треба да се формира „европско министерство за финансии“, шефовите на државите и владите ја отфрлија идејата. Речиси никој во Европскиот совет не изгледаше подготвен дури и да ја препознае длабочината на ЕУ-кризата.

Надминувањето на оваа криза бара повеќе поголема интеграција на Европа, а не помала. И да: богатите економии - пред се' Германија - ќе треба да платат за излезот од неа.

Германија и Франција, двата клучни играчи во оваа криза, ќе треба да смислат заедничка стратегија, бидејќи само тие, соработувајќи заедно, може да протуркаат измени. Проблемот е што францускиот референдум за уставот на ЕУ во 2005 година, стави вето на дополнителна политичка интеграција, додека пак дополнителната економска интеграција сега би можела да пропадне поради Германија.

Затоа она што е потребно е отворен билатерален француско-германски дијалог за опсежно преструктуирање на монетарната унија. Исклучени се промени на договорот; затоа ќе треба да се најдат различни методи што го прави француско-германското партнерство уште позначајно.

Без разлика на политичката криза и парализа на ЕУ, Европејците не треба да заборават од колку големо значење е нејзиното постоење и ќе продолжи да биде. Потребно е само да се погледне назад кон првата половина од 20 век за да се сфати зошто.

(Авторот е поранешен министер за надворешни работи на Германија, вицеканцелар од 1998 до 2005 година и беше лидер на германската Партија на зелените речиси 20 години и пишува

за „Проект синдикејт“. „Утрински весник“ е дел од мрежата на „Проект синдикејт“)


#
Статијата е прочитана 1892 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 30.06.2011 00:19:09
Seto ova maslo e na bankite, koj neminovno golem broj banki mora da bankrotiraat i propadnat, no so posledni sili se obiduvaat drugi(drzavite, danocnite obvrznici, narodot) da im gi plati spekulaciite. Grckiot narod sega za sega e edinstveniot koj se pobuni i jasno i glasno kaza deka ne saka da vraka krediti za koj nitu znae za sto se zemeni, ni koj gi zel, nitu od kade se dojdeni tie pari.Naskoro i ostatokot od Evropa ke se digne i ke go"pstavi"istoto prasanje. Na kogo mu dolzat, i od kade mu se parite na toj sto mu dolzat.Na kraj ke se ispostavi deka toa se"virtuelni"spekulativni pari-krediti,koj nekoj saka da si gi "legalizira",potocno narodot da gi otplati so vistinski pari.Sto ke se sluci,ke vidime.No ne e na arno.
Од: Европеец
Датум: 30.06.2011 05:56:49
Се повеќе во Гермнија се дискутира за можноста за враќање на марката како платежно сретство.Скоро ќе бидат избори таму и ќе се разјаснат некои работи околу иднината на ЕУ.Ќе ја биде или не,тоа е прашањето. Сега.
Од: Archelay
Датум: 30.06.2011 08:39:59
Evego ovoj,sega soli pamet.Spored nego,i ponatamu Germanija e vinovna zatoa sto ne finansirala dovolno za EU.A kako ne se seti da i predlozi na Haskiot tribunal da isprati poternici po onie sto go dovedoja Junanistan vo kolaps a so toa gi rusat i mirot megu narodite vo EU?Vo takov slucaj sigurno deka i toj ke se najdese megu taa furija.A Junanistan,kako Junanistan.Pak ke si prodolzi po staro.A za da ja defokusiraat javnosta pak ke najdatb nekboja nova Jugoslavija,Srbbija ili Libiibja.
Од: Buntovnik
Датум: 30.06.2011 09:18:25
Bidi terorist pa pokaj se i izdadi gi svojte drugari, pa daleku ke stignes se dodeka go slusas svojot zionistici gazda.
Од: tatoo
Датум: 30.06.2011 11:06:03
Г-дине Јован. Потполно сте во право. Истото и нас не чека само кога не се знае. Со вакво перманентно задолжување за некапитални инвестиции и недомаќинско расфрлање со народни пари можен е, па дури и неминовен финансиски банкрот на Македонија во догледно време. Уште одсега тоа може да се примети.
Од: k2
Датум: 30.06.2011 12:49:19
Do Jovan i Tatoo ..daj be luge ne komentirajte samo za da se rece deka i vie ke kazete nesto.....Jovan...Grcija nema ekonomija osven turizmot koj e taka skapan taa drzava i narod 40 godini ziveea nad nivnite moznosti na grb na zapadot e sega dojde vreme za plakanje na smetkite......Tatoo Makedonija e daleku od zadolzena zemja i ne e ni oddaleku pred "bankrot" pa citaj i sporeduvaj i ostaj gi spomenicite na strana ..... Sve sto e pravi e redno ...Skopje od 1963 ne bese cepnato vreme e da stane metropola a ako ti ne se zadovolen odi od koe selo si dosol....
Од: Edi
Датум: 30.06.2011 17:52:00
abre Jovane, Jovane, tvojot komentar kako da e pisuvan od Fidel Kastro ili Mao Ce Tung, kakvi be virtuelni pari-krediti, pa zar ne si bil vo grcija vo poslednite 20-30godini, aj i da ne si bil zar ne citas vesnici i gledas tv, pa samo oni zemaat 13 plati vo celiot svet, samo oni rabotata 37.5casa nedelno a se plateni kako da rabotat 80casa, samo vo grcija ne se plaka danok, ej Jovaneee razbudise nesto se desavaaa....
Од: do k2
Датум: 30.06.2011 18:36:10
ti be prijatel znaes da zboras za skopje i metropola a na koj ke go pokazes toa koga na 5km od centarot na skopje graganite se davat vo kal, e sega kazi sto e povazno infrastruktura ili spomenici more treba narodot da stane na noze za takvi potezi a ne samo ovde da se tipka pred kompjuter ppozdrav
Од: Slavko Lazovski
Датум: 30.06.2011 20:57:43
Da podvlecam nekolku mudru raboti vo tekstot: Prvo, ako evropskite lideri se nesposobni da donesuvaat neophodni odluki - kakvi li se nasive? Vtoro, ako EU denes e nadminuvanje na nacionalizmot - nie go sozdavame. Treto, se bara pogolema integracija - a sto se slucuva kaj nas? Cetvrto, samo so pogledot niz 40 godini nanazad se sogleduva od kolkavbo znacenje e postoenjeto na EU - kolku malku pravime za naseto doblizuvane do EU. Peto,primerot so referendumot vo Francija vo 2005 godina - toa znaci deka i rezultatot na referendum moze da znaci glupost.

Најди! во Утрински
Насловна
Ќе направи ли Груевски сто чекори?
Лет до Венеција за 26 евра
За големи гради, задолжително прерамки
Грција кажа „да“ за спасоносниот пакет
Тајно ќе се гласа за доверба на Црвенковски
Голем актер од малите екрани
Слика на нашата слобода
Секое семејство може да си произведе струја
Кристин Лагард, нова шефица на ММФ
Хермиона си ја призна првата љубов
Квитова против Шарапова во финалето на Вимблдон
Војската на царот
Невестата се обидела да побегне пред свадбата?
Пресудата за „Илинден“ на 5 јули
Македонија не отстапува од НАТО и од ЕУ
Скромни очекувања од идната Влада
„Барток - Зографски“ на „Скопско лето“
Кинезите ни испратија 67 двокатни автобуси
МНР: Не патувајте во големите грчки градови
Милошоски нема да биде министер во новата Влада
Стол
Грчкиот економски план не е програма за „строго штедење“
Почина актерот Кирил Ристоски
Онлајн вести

"""