Број 3618  четврток, 30 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Иновации

Секое семејство може да си произведе струја

Зелената енергија добиена од 10.000 сончеви покриви е речиси половина од производството на ТЕЦ „Неготино“

Сања Наумовска

Секое домаќинство може да произведува струја за свои потреби со искористување на потенцијалот на сонцето. Оваа идеја со години се обидува да ја реализира Звонко Марковски, директор на првата иновативна компанија „Сието“ и сопственик на првата енергетски независна еколошка куќа во скопско Кадино. Во неговиот дом сите апарати функционираат на енергијата добиена од сонцето. Струја од електроенергетскиот систем користи само во зима, но толку малку што годишната сметка за електрична енергија не му е повисока од 1.500 денари. Искористувањето на потенцијалот на сонцето Марковски му го препорачува на секое семејство што има услови да инвестира во фотонапонски панели за производство на струја. Македонија има многу сонце во текот на девет месеци од годината, а таа енергија останува неискористена.

Марковски подолго време ја застапува идејата за изградба на 10.000 со��чеви покриви низ цела Македонија. Таа подразбира искористување на покривите на исто толку индивидуални домови за инсталирање панели што ќе произведуваат струја за домаќинството, а вишокот ќе му го продаваат на МЕПСО.

„Инвестициите се мали, од 10.000 до 12.000 евра, колку што чини еден просечен автомобил“, вели Марковски. Но, за разлика од автомобилот, оваа инвестиција носи конкретен бенефит за сопственикот преку искористување на енергијата од сонцето, како и финансиски средства од продажбата на вишокот. Директна корист ќе имаат и енергетските компании бидејќи ќе се намали потребата од увоз на струја, а ќе се стабилизира и мрежата, со оглед на тоа што во многу македонски села поради слабиот напон, невозможно е да се вклучи шпорет или да се гледа телевизија. Фотонапонските панели ја враќаат инвестицијата за 5-6 години, а може да се користат 50 години. Тоа, нагласува Марковски, е вложување во иднината на внуците.

„Но, проблемот зошто оваа идеја досега не е реализирана, лежи во отсуството на правната можност кај нас, секој што сака да може да произведува и да продава струја од сонцето. Само фирми, но не и поединци можат да му продаваат струја на МЕПСО“, вели Марковски.

Тој нагласува дека и покрај тоа, домаќинство може да го складира вишокот во акумулаторски батерии и да го користи за свои потреби, но во тој случај инвестицијата е многу поголема. Искористувањето на енергијата од сонцето носи бенефит за сите страни, а не смее да се занемари ниту еколошката компонента. Според некои пресметки, зелената енергија добиена од 10.000 сончеви покриви е еднаква на половината од производството на ТЕЦ „Неготино“.

Инаку, компанијата „Сието“ е сопственик и на првата сончева централа со фотонапонски панели во Македонија, „Сончев парк-Кадино“, изградена во 2009 година и со моќност од 10 киловати. Централата целото производство на зелена енергија го продава на МЕПСО по повластената откупна цена што ја утврдува Регулаторната комисија за енергетика. Слична централа со капацитет од 50 киловати е изградена и во Радовиш, моментно почнува изградба на една во Бунарџик, а до крајот на годината компанијата планира да почне да гради и во селото Белчишта во близина на Охрид.

Пеглање кога има силно сонце

Животот во енергетски независните еколошки куќи создава нови навики кај луѓето околу рационалното користење на електричната енергија. За да има доволно струја за потребите на семејството во текот на целиот ден, мора да се почитуваат одредени правила. Најголемото производство на електрична енергија е во периодот од 11 до 17 часот кога сонцето е најсилно. Во тој период се препорачува да се користат електричните апарати, кои се големи потрошувачи. Тогаш треба да се пегла или да се користи рерната. Кога работи компјутерот, треба да биде исклучен телевизорот. На излегување од просторијата, задолжително да се исклучува светилката. Ако машината за перење е поврзана со колекторскиот систем за загревање на санитарната вода, вриењето се постигнува за 35 минути, за разлика од периодот од 2,5 часа во кој машината пере на струја. За 35 минути машината ќе потроши 0,5 киловат-часа електрична енергија, која чини околу два денара.

Месечен ќар до 150 евра

За да произведува струја за себе и за продажба, едно домаќинство треба да инвестира околу 12.000 евра за систем од фотонапонски панели со моќност од 3 до 4 киловати. Системот е составен од 15 панели од по 200 вати од кои секој има површина од 1,5 квадрати. На покривот на куќата или колективната зграда тие би зафатиле површина од најмалку 22 квадрати, во зависност од положбата на објектот. Просечно, од продажбата на струјата произведена со ваков систем, секое семејство би требало месечно да има заработувачка од 100 до 150 евра.

Колекторскиот систем со резервоар за загревање на санитарната вода за бањата, кујната и за загревање на куќата чини од 1.200 до 1.700 евра, со гаранција од производителот од 5 до 7 години. Постојат и поевтини, најчесто кинески системи, со понизок квалитет, кои се продаваат и по цена од 300 евра.


#
Статијата е прочитана 3322 пати.

Испрати коментар

Од: Agim
Датум: 30.06.2011 09:15:01
Idejata e briljantna samo da se promeni i investicionata svest na gradjanite i drzavata togas navistina moze da uspee ova ideja. No so tekot na vremeto veruvam deka ke se promenat rabotite nadobro
Од: не е важно
Датум: 30.06.2011 10:29:48
За жал. премногу грешки, за тема одамна апсолвирана, а не ИНОВАЦИЈА!! Посебна феноменална глупост е пеглање кога сонцето било најјако. Жалосно...
Од: Tina
Датум: 30.06.2011 13:39:03
Sepak, bolje ista nego nista. Jas velam bravo, na toj herojski podvig. Good on you!
Од: mile
Датум: 30.06.2011 14:04:17
"Idejata" vekje 30 godini funkcionira vo EU i svetot. Ama ne taka kako sto e tuka pretstaveno.
Од: Natasa
Датум: 30.06.2011 17:27:47
Ama malku, samo 10-12000 evra. Dali ste normalni, toa e celo bogatstvo za 50 % narod ako ne i poveke Toa vo EU e staro no tie tamu davaat krediti na golem period, opremata e bez DDV i slicno. A kaj nas sto, vladata davase po 300 evra pomos. Ako imam 10000 evra, 300 voopsto ne mi trebaat.. Nikoj ne e budala ama ako ima pari.
Од: Rim
Датум: 30.06.2011 18:06:50
Ima mnogu netocnosti vo vashiot tekst. Ovde vo Italija, imame 18 paneli koi teoretski treba da proizvedat okoly 7000kwh godishno. No zavisi od toa dali ima soncevi denovi, senka od drvja a i premnogu sonce go zagreva sistemot taka da inverterot se isklucuva, sto znaci gubenje energija. Proizvedenata energija se vraka vo mrezata i ENEL, vi plaka 41 cent po kw proizveden, plus proizvedenite kw vi gi odbivaat od beleskata za potroshena energija. Kineskite sistemi se evtini, no so slab kvalitet, a sistemot e garantiran za 25 godini, odkade najdovte informacii deka trae 50 god? I uste da dodadam deka ne sum slushnal nikoj na zapad da ja akumulira energijata vo baterii. Vo Velika Britanija momentalno ima bum na fotovoltaicni paneli, no istrazuvanje na Which dokaza deka ima mnogu nepravilnosi i netocnosti okoly kolky profit moze da se zaraboti od ovie paneli i za kolky vreme ke si gi vratite parite od ovaa investicija.
Од: izmamen
Датум: 30.06.2011 18:25:26
idejata e super toj ke naplati za toa ama da go prasate kolku mu e rokot na traenje na tie paneli dali ke si gi vratite vlozenite pari dodeka tie traat a ne da karite od toa
Од: Cile
Датум: 30.06.2011 21:26:39
Bravo za idejata i za izvedbata. Navistina izvonredna inovacija. Imalo slicni idei , no ova e prvata realizacija koja si go naogja svoeto mesto i na drugi lokaliteti vo Makedonija. Bravo Markovski

Најди! во Утрински
Насловна
Ќе направи ли Груевски сто чекори?
Лет до Венеција за 26 евра
За големи гради, задолжително прерамки
Грција кажа „да“ за спасоносниот пакет
Тајно ќе се гласа за доверба на Црвенковски
Голем актер од малите екрани
Слика на нашата слобода
Кристин Лагард, нова шефица на ММФ
Хермиона си ја призна првата љубов
Квитова против Шарапова во финалето на Вимблдон
Војската на царот
Невестата се обидела да побегне пред свадбата?
Пресудата за „Илинден“ на 5 јули
Дали Европа сака да се самоубие?
Македонија не отстапува од НАТО и од ЕУ
Скромни очекувања од идната Влада
„Барток - Зографски“ на „Скопско лето“
Кинезите ни испратија 67 двокатни автобуси
МНР: Не патувајте во големите грчки градови
Милошоски нема да биде министер во новата Влада
Стол
Грчкиот економски план не е програма за „строго штедење“
Почина актерот Кирил Ристоски
Онлајн вести

"""