Принц Алберт
Невестата се обидела да побегне пред свадбата?
Само два дена пред венчавката во Монако се пренесе веста дека Шарлин Витсток се обидела да побегне и да ја избегне венчавката со принцот Алберт.
Полицијата, наводно, по наредба на кнежевската куќа Грималди, ја запрела Шарлин во вторникот, на аеродромот во Ница, додека таа се обидувала да одлета за Јужна Африка, од каде што потекнува.
Како што се шпекулира, невестата била разочарана од секаквите приказни за блудниот живот на својот иден сопруг, а кои пред свадбата допреле до неа, па сакала да побегне од се' колку што е можно подалеку.
Адвокатскиот застапник на принцот Алберт остро ги негирал овие наводи објавени во весникот „Л“Експрес“, па додал дека станува збор за чиста измислица. |