|
|
|
|
|
|
Тајно ќе се гласа за доверба на Црвенковски
Не се очекува конгресот во Битола да биде вовед во посериозни потреси во СДСМ
На конгресот на СДСМ што ќе се одржи в недела во Битола се можни обиди за отворање дискусии кои би оделе во насока на барање одговорност за изборниот пораз. Но, партиски извори тврдат дека, сепак, нема атмосфера за посериозни потреси во партијата. Тие потенцираат дека 709 делегати ќе може одделно да се изјаснат и за довербата во лидерот Бранко Црвенковски и тоа со тајно гласање.
Останувањето на партискиот лидер на кормилото на СДСМ и во изборната кампања и по 5 јуни, главно, го проблематизираше владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Експретседателот на СДСМ, Владо Бучковски, пак, меѓу редови во колумна во „Дневник“ испрати порака дека е потребно внатрепартиско преиспитување за изборниот пораз.
„Убеден сум дека ако се направи вистинска анализа ќе се види зошто не победивме. Не го отворам прашањето за да се врти приказната околу оставката на Бранко Црвенковски, туку секој да почувствува дали има одговорност. Лично сметам дека има погрешни процени и потези во изборната кампања и пред неа. А говорејќи за мерачите на аплаузот за Црвенковски, всушност, говорев за опкружувањето на претседателот на СДСМ“, ни изјави вчера Бучковски.
Од Андреј Петров, шеф на Изборниот штаб и секретар на СДСМ, добивме информација дека Бучковски ќе биде поканет на конгресот како поранешен претседател на партијата, иако не е делегат, исто како што ќе им бидат доставени покани и на екссекретарите. „Со тоа ќе покажеме дека СДСМ ниту има што да крие ниту има намера да оневозможува кого било во органите на партијата да си го каже своето мислење. И покрај статутарните можности на поинаков начин да се гласа за доверба на претседателот Бранко Црвенковски и на Централниот и на Надзорниот одбор, ние ќе го направиме тоа со тајно изјаснување. Така, на секој делегат ќе му овозможиме слободно да си го искаже мислењето“, појаснува Петров.
Тој потенцира дека раководството на партијата донело многу нови луѓе што се водечка сила во СДСМ и кои не се оптоварени со претходните односи, не се ничија продолжена рака, ниту, пак, се врзани за која било личност освен за партијата. Нивна единствена цел, како што вели Петров, е да се порази политичкиот противник.
Потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев, е убеден дека ниту еден промил од членството или делегатите на конгресот нема да побараат оставка од Црвенковски, ниту, пак, би дискутирале против раководството бидејќи, како што вели, партијата е консолидирана и на последните избори, сепак, покажа дека ја има поддршката на околу 150.000 гласачи повеќе отколку на претходните предвремени избори. „Јас сум дел од раководството и ќе продуцирам дебата за предностите и за слабостите на партијата со цел да научиме како наредните изборни резултати да ни бидат подобри“, вели Заев и додава дека единството во СДСМ е потврдено на сите нивоа на партиско работење и апсолутно е „недвојбено мислењето дека претседателот Црвенковски треба и мора да остане да раководи со партијата. Сега и на Македонија и на членовите на партијата им треба единствен и уште посилен СДСМ поради нестабилноста на новата Влада, така што потребата од силна опозиција е во интерес на држава“.
Заев воедно потенцира дека нема апсолутно никаква причина да се појавуваат инсинуации дека тој е еден од незадоволниците во СДСМ и потенцијални кадри што можат нешто да променат.
„Јас сум еден од првите соработници на Бранко Црвенковски, а со тоа и еден од најповиканите да ги бранам политиките на ова партиско раководство на чело со лидерот. А тоа што ме сместуваат во некакви комбинаторики е резултат на моето големо влијание во СДСМ и обид на перфиден начин да предизвикаат некаков антагонизам спрема Бранко или кон раководството на партијата“, дециден е Заев. (Б.Ј.)
„Лично сметам дека имаше погрешни потези во кампањата“: Владо Бучковски
„Никој нема да биде оневозможен да си го каже своето мислење“: Андреј Петров
„Ниту еден промил од делегатите нема да побараат оставка“: Зоран Заев |
#
|
Статијата е прочитана 5225 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: demokrat |
Датум: 30.06.2011 00:06:49 |
|
"Za zapad nisto novo, na istok se po staro". ili za makedonski priliki: "Vo levicata listo novo, vo desnicata se po staro". |
|
|
|
|
|
|
Од: Никола |
Датум: 30.06.2011 00:19:30 |
|
Доколку не е тајно, гласањето не е ниту легитимно, ниту демократско ниту валидно. Едноставно, тоа е безвредно и подобро да го нема. Во тој случај се работи за Султан - партија. |
|
|
|
|
|
|
Од: vasco beleski |
Датум: 30.06.2011 00:59:09 |
|
i po branko branko druze branko mi ti se kunemooooo....ma top ne go biet ovoj maz od slavna debarca toa so ne mu sram da kasira penzija i da se bavi so politika e drug padez |
|
|
|
|
|
|
Од: vistina |
Датум: 30.06.2011 02:26:07 |
|
Aku sakate da imate uspesi site stari kadri treba da si ja napuchtat partijata sami .Zochto tajno treba javno da se kaze deka mestoto treba da go oslobodat na mladi sposobni kadri. |
|
|
|
|
|
|
Од: Европеец |
Датум: 30.06.2011 04:37:40 |
|
Експесно најавениот конгрес на кој треба повторно да биде реизбран за лидер на партијата,потполно амнестиран за изборниот неуспех јасно говори дека лицето Б. Ц. е во паника. Царот е гол! Додека траат преговорите за идната Влада, за која е се` позивесно дека се при крај, уште и може некако да го залажува членството со ронка надеж дека тие ќе пропаднат и СДСМ ќе дојде во прилика да составува Влада. Без суштинска анализа на изборниот неуспех, без никаква одговорност за тешкиот пораз, без кадровски промени и отсуство на било каква демократија владее Црвенковски со своето стадо заутени овчички. До кога? Му се брза на Бранко,тоа е повеќе од очигледно. Му се брза додека не се сетат Власите што ги снајде,дека по кој знае кој пат остануваат излажани и изманипулирани. Нека го изберат овојпат доживотно ко Тито, за да не се труди да измислува патетични изговори и за наредниот пораз на избори, за кој е се` поизвесно дека ќе се случи. Било кога да се одржат. |
|
|
|
|
|
|
Од: bitola |
Датум: 30.06.2011 08:35:38 |
|
sega ke vidime dali branko bil odlicen psiholog i za delegati izbral luge koj gi hipnotiziral da mislat kako nego,znaci luge so ''visoki skoli'' a bez mozok.g.BELICANEC vo edna emisija na TV ubavo obrazloze |
|
|
|
|
|
|
Од: Prilepcanka |
Датум: 30.06.2011 08:39:32 |
|
Ne,Branko tuku peviot esalon okolu nego treba da si ponese ostavka,na celo so Andrej Petrov. Batkive duri se drznaa da se smesaat vo opstinskite i da stavat losi kadrovski resenija.Vo Prilep pretsedatel na izboren stab go stavija GEMO. Se trpese zaradi izborite i se rabotese i pokraj sto ne go sakaat.No,ako ostani vaka,pola partija ke si odi pa vie rabotete so prviot zulumkar vo Prilep. |
|
|
|
|
|
|
Од: Никола |
Датум: 30.06.2011 08:44:33 |
|
За доброто на Македонија, никогаш да не ја напушти функцијата прецедател на СДСМ, тоа значи вечна опозиција, а тое е тоа што и треба на Македонија!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: lepa |
Датум: 30.06.2011 09:25:12 |
|
Nekako site komentari ja gledaat samo segashnata situacija i faktite deka VMRO-DPMNE pobedi. A, kako pobedi? Kolku glasovi se ukradoa ili proturkaa ne e vazno. Po, pobedata e vazen samo pobednikot. Umeele, pa uspeale.
Me chudat onie clenovi na SDSM, bivshi premieri, ministri ili funkcioneri. Osobeno gospodinot Buchovski. Pa, toj e EDINSTVENIOT vinovnik shto SDSM izgubi 2006. so svoeto arlekinsko odnesuvanje. Me zasmejuvashe so svoite prochueni rechenici "Vlado Buckovski" toa i toa...
Donese eden kup loshi kadrovski reshenija (Vlado Dimov), napravi eden kup gluposti..i go vturna SDSM vo racete na VMRO. Shto saka sega, plache shto ne e pratenik. Kakov da e gospodinot B.C. od partija so 18 pratenika, ja pretvori vo partija so 43 za 5 meseci. Koj ja ima taa harizma: Bledata i neuverliva spletkarka Rada ili primitivecot Zaev?
Bez B.C. SDSM ke bide LDP. Reformi treba vo drugite segmenti vo partijata na drugi nivoa. A, ne vo liderot koj e lider za da obedinuva. Dosta placete. |
|
|
|
|
|
|
Од: Ajde Branko na potez si! |
Датум: 30.06.2011 09:35:08 |
|
A zosto ne go proglasite za dozivoten pretsedatel kako naprimer Tito ili Caves i da ne se matkate na razni kongresi so toa prasanje. kako be moze da ne snosi odgovornost za poraz. demek porazot bil "uspesen i cesen?!. Kade se videl " uspesen poraz"? Prasuvam koj pravi vlada, pobednikot na izborite ili " uspesno porazeniot"?Branko samiot izjavi i veruvase deka ce go pobedi Gruevski i se iskaza ako dozivee poraz deka ce si dade ostavka . Pa ajade Branko, odrzisi go zborot ! Se dodeka e opkruzen so onakvi poltroni i karieristi kako Sema,Makraduli ,Petrov ,Stankovic i sl. nema da zaduvaat novi vetrista vo SDSM i ce si cmae vo opozicija.Ako ima doblest Branko sam treba da si dade ostavka so sto bi iniciral podlaboki kadrovski i idejni resenie vo SDSM i istata bi se konsolidirala i bi i se vratil pobednickiot duh. So Makraduli i Micovski toa ne e mozno. |
|
|
|
|
|
|
Од: Gargamel |
Датум: 30.06.2011 09:43:22 |
|
Mojot ličen stav e deka SDSM mora da napravi realno rezime za izgubenite izbori i kreatorite na predizbornata kampanja sami da gi otstapat poziciite na "vodači" na partijata,istomislenicite koi ne se partijski členovi i delot od narodot makedonski što očekuvaše od niv vlez vo poinaku organoziorano opštestvo.Ne se soglasuvam so "evropeec" deka Vlasite se izlažani i izmanipulirani.Zošto baš tie?A ostanatite glasači?Što se i koi se?A partijata treba ednaš zasekogaš da rasčisti so faktot deka taa i tie ne se "kontrateg" na VMRO,metodite na nastapi i deluvanja ne treba da se isprovocirani i isti so VMRO,no potrebno e da se sogledaat i sprečat deluvanjata na protivnicite,nezavisno od pripadnosta i bojata,kako ovie vo predizbornoto deluvanje na VMRO i nivnata bratija.Kadrite od profilot na Šekerinska,Petrov,Zaev soisklučok na blagodarnosta kon B.C. za abolicijata, i slični treba da se nositeli na aktivnostite i vodstvoto,za razlika na profilot na "kadri" kako Bučkovski,Jakimovski,Crvenkovski |
|
|
|
|
|
|
Од: Go sakam Skopje |
Датум: 30.06.2011 09:51:55 |
|
Partijata na "pozicija" nesto sto raboti so uspeh, toa e da ja srusi opozicijata.PR kukjite vo toa se jaki koga se odnesuva do nas poslusni gragjani, lesno vlijatlivi. Istite uspejaa da ni go isperat mozokot i ne vovedoa vo zabluda ; koj sto napravi i zosto toa go napravi vo odredeno vreme.Se zaboravi deka so BC bevme spaseni od"Bosna i Vukovar", se zaboravi deka FYROM ni pomogna da mozeme deneska kako drzava da se dokazuvavame ama "prvite macinja se frlaat vo voda"! Se pravi sé , da se stvori podelba i vo SDSM kako sto ne podelija i vo drzavata. Crvenkovski so pavo rece deka "narodot e vo pravo i koga gresi",samo SDSM bez BC,nema da e isto,a nie pak ke urlame na stadionot kako nekogas "Branko vrati se", no ke bide docna! PS; vo godini sum,ne sum vo nikoja partija,no se trudam da gi razbiram zbivanjata, pa smetam deka clenovite na SDSM iako se pomladi, ke glasaat za opstite interesi na Mk., ne samo sto poskoro da se stignee nekoja fotelja. Smetam na razmot na clenovitena SDSM |
|
|
|
|
|
|
Од: Манипулација со опашка! |
Датум: 30.06.2011 09:57:48 |
|
Евентуалното тајно гласање на Конгресот на СДСМ би било само најобична манипулација! Сите опстински комитети, а најверојатно и делегатите на Конгресот се пулени на актуелниот лидер, така што без значење е дали гласањето ќе биде јавно (со акламација) или тајно!!! За да има вистински демократски избори треба да постои противкандидат на актуелниот лидер кој ќе има можност, пред Конгресот, да настапи со своја програма и визија за работа на партијата во наредниот период, но, и кој ќе настојува, меѓу делегатите, општинските комитети и партијата како целина, да обезбеди подршка за својата кандидатура! Вака добро ќе биде доколку актуелниот лидер на партијата се воздржи од барањето за доживотен мандат кој сигурно би го добил! Нема гоење на прасе воочи на Божик! |
|
|
|
|
|
|
Од: Ванчо |
Датум: 30.06.2011 10:08:33 |
|
Бисерот народот е во право и кога греши беше пораката до членството дека Бранко не сака да си оди од политиката.Времето ќе ја покаже заблудата на луѓето кои имаат позитивно мислење за ПЕНЗИОНЕРОТ.Историјата ќе го осуди за сите негови погрешни потези со кои ја упропасууваше Македонија а слепо залубените во Бранко ќе бидат првите плукачи против него бидејки БРАНКО Ц. е еден од најнегативните личности во ИСТИРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА. |
|
|
|
|
|
|
Од: igor |
Датум: 30.06.2011 10:11:48 |
|
izbornite rezultati ke bea uste pouspesni dokolku Bucko ne odese po kukite sam so svoite leshinari i ne vodese nekoja si negova kampanja.Da ne se slucese Bucko na SDSM partijata ke bese uste na vlast.Jas sum clen na SDSM i se zalagam Bucko da se isfrli od partija so negovite potrckovci koi si gi gledaa samo svoite interesi pa neka osnova svoja partija i da vidi kolku vredi |
|
|
|
|
|
|
Од: Vane |
Датум: 30.06.2011 10:17:07 |
|
За сите е најдобро тој да си оди. Крајно време е! |
|
|
|
|
|
|
Од: gorazd |
Датум: 30.06.2011 10:36:49 |
|
Nemaat jajca sdsm za da napravat prsvrt i demokratizacija vo svoite redovi. Ako dobro gi proanalizirate slucuvanjata vo izminative dvaesetina godini kje vidite deka se se vrti samo okolu edna licnost koja "e nezamenliva". Toa sto se slucuva vo ovaa partija e mini model na totalitarizam i diktatura,koj se preslikuvase i na nacionalno nivo sekogas koga sdsm bese na vlast. Najednostaven pokazatel e toa sto pred nekolku godini bese postaven vd pretsedatel koj kje mu go cuva mestoto na "apsolutniot" lider. |
|
|
|
|
|
|
Од: saso |
Датум: 30.06.2011 11:01:33 |
|
Ni kozni gaci ne im pomagaat |
|
|
|
|
|
|
Од: Реален |
Датум: 30.06.2011 11:21:54 |
|
Пристапот чекаме Ахмети и Груевски да се разделат и СДСМ да се врати на власт е класичен пример на политичка наивност или замјаување на сопственото членство. А демонстрирањето на непринципиелност во СДСМ во однос на тоа после пораз смена на претседател, е порака дека во СДСМ седат непринципелни луѓе и сејачи на магла кон своите прво, а секако ако се такви кон своите бетер ќе се кон плебсот. Е таквата непринципелност се казнува на избори. Така да после промената на името која секако мора да ја направи Груевски за да се одржи власт ми се чини дека шансите за повраток на СДСМ на власт ќе бидат сведени на тие од 2008 година. Да не збориме пак ако пак ДПМНЕ и сработи и промени нешто посериозно! |
|
|
|
|
|
|
Од: PECALBAR |
Датум: 30.06.2011 11:22:52 |
|
Se soglasuvam so intervjuto na Zaev navistina sega e momentot da se vidi deka SDSM e partija koja e edno neraskinlivo jadro.Ostaj toa sto govorat Branko da si zamine, Evropa i Balkanot mozat voda da mu nosat,a toa ke se dokaze vo idnina.Vo najteskite momenti vo formiranjeto na nezavisna i samostojna Mk,ako ne bese Gligorov i Branko ,a ako bea ovie da znaete deka uste povece ke bevme rasprceni megu site komsii.Branko e dolzen na ovoj narod i sposoben da go napravi da zivee kako graganite sto ziveat vo Svajcarija,Belgija,Luksemburg ...a ne da odime vo antikata spomenici da pravime vo ovaa kriza koja cel svet ja ima zafateno a narodot è po kontinjeri da bara korka leb da prezivee do vecer. |
|
|
|
|
|
|
Од: Борец за правата на инд��јанците во САД |
Датум: 30.06.2011 12:14:58 |
|
Никакви коментари и написи за оваа тема не
признавам! Сакам Латас да го прекине одморот
и да каже или да напише релевантна анализа
за конгресот на СДСМ!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Вевчани |
Датум: 30.06.2011 12:49:23 |
|
За приглупи ВМР-овци: Во времето кога Бранко ја водеше Македонија се споредувавме дали сме подобри од Словенија, Полска , Чешка ..., зад нас тогаш беа Хрватска, Бугарија, Романија за останативе ЕХ ЈУ републики не се дискутираше, тие беа далеку зад нас. Погледнете каде не одведе политиката на Груески, сега единствено ни преостанува да се споредувама со Молдавија, дури и Косово не замина. Знам дека не можете да разберете толку ви е IQ, затоа сме тука кај што сме, на опашката на Европа. |
|
|
|
|
|
|
Од: Despot |
Датум: 30.06.2011 13:26:30 |
|
Koj ima hrabrost vo SDSM da go smeni SEFOT?
Nema NIKOJ!!! Nema mazi!!! Samo olesnuvaci.
HA HA HA... |
|
|
|
|
|
|
Од: Aleksandar |
Датум: 30.06.2011 13:40:16 |
|
Hehe!Se plasat titovite pioneri da glasaat javno!Zalosno |
|
|
|
|
|
|
Од: noviot koordinator |
Датум: 30.06.2011 14:43:18 |
|
Sledete go Zaev kakvi gluposti trese vo textot. Konkurira za drustvoto na vecnite bezr'betnici vo sdsm predvodeni od Igor Shema, Savova, Mincev, Jani, Emilijan. Razbira se i BC. |
|
|
|
|
|
|
Од: percak |
Датум: 30.06.2011 15:35:26 |
|
i treba da go branis zajko ,ako ne bese toj ,znaes samiot kaj ke bese ti. |
|
|
|
|
|
|
Од: симпатизер |
Датум: 30.06.2011 16:17:41 |
|
Жално е тоа што ни се случува денес во државата. Партијата на власт успеа да го наметне БЦ како најголемо зло за Македонија. А никој не се прашува колку истиот тој БЦ ,со политиката што ја водеше во време кога се ствараше државата, е заслужен за тоа што го имаме денес . Не е само БЦ виновен за тоа што се случува во СДСМ. Партијата ја подвојуваат и ослабуваат одвнатре а со тоа повлекуваат маса симпатизери да го променат мислењето болните суети како Бучковски, Спасовски, Н.Поповски и др. како нив кои сакајки да бидат на врвот пишуваат секакви глупости по весниците мислејки дека се многу интересни. Ете од таквите се изгубија изборите. Дека СДСМ не треба да биде задоволен со тоа што доби 150000 гласови повеке исто не е во ред. Никој не знае што би се случило ако имаше друга кампања. Значи треба длабока анализа и преиспитување во редовите на партијата. И нека го слушнат и гласот на нас симпатизерите а не само на нивните членови, инаку нема рушење на оваа забегана влада. |
|
|
|
|
|
|
Од: Nikola Stavreski |
Датум: 30.06.2011 17:26:32 |
|
aman neka ostane Crvenkovski i do narednite izbori deka pak SDSM ke gubi i gubi |
|
|
|
|
|
|
Од: 3G |
Датум: 30.06.2011 18:30:28 |
|
Tajnoto glasanje e otvorena vrata za "senzacionalno" glasanje na nedoverba za liderot so izminat rok na upotreba. Realno, bi bilo premnogu da se ocekuva toa da se sluci so javno i otvoreno glasanje odnosno izrazuvanje na nedoverba. Sepak vo prasanje e sultan-avtokrat na totalitarna partija. Optimist sum deka ima razum i vo sdsm i deka sfatile deka so inaet, nasilstvoto so tupanicata i crna propaganda, na novata generacija ne i se pisuva nisto dobro. Frckovski im see magla. Site drzavi od poranesna istocna,komunisticka Evropa se nacionalni i na toj nacin zapadot go srusi komunizmot koj imase ambicii da stane svetski proces. sdsm koj e vo dlabok zimski son treba da se razbudi za da izleze od zaostanatosta. Vetuvanjata na liderot so izminat rok traat veke 5 godini no na povidok nema nisto. Zatoa prv cekor treba da bide promena na liderot BC. |
|
|
|
|
|
|
Од: VMRO |
Датум: 30.06.2011 18:45:40 |
|
mislam deka ako ovie site se otkazat i go ostavat samo Gordan ne odma ama za nekoja godina ke bidat podobri i podobri vo smisla na se treba da se iscisti partijata za podobro na makedonija i na kraj treba da se soidinime vo edno za nase dobro |
|
|
|
|
|
|
|
|