|
|
|
|
|
|
Ќе направи ли Груевски сто чекори?
Премиерот е исправен пред тешки одлуки, дипломати го охрабруваат: „Сега е момент да се реши името“
Оливера Војновска
Лидерот на десницата, Никола Груевски, многу скоро ќе застане уште еднаш на чело на македонската Влада. Откако ќе поминат миговите на честитки и на славење, старо-новиот станар на „Илинденска“ ќе го дочекаат истите нерешени проблеми како пред три години: спорот за името, интеграцијата во ЕУ и во НАТО, сложената економска ситуација, долговите, сиромаштијата, безработицата... Груевски ќе треба да носи тешки одлуки. Во тој правец го охрабруваат и странските дипломати, укажувајќи дека трет пат едноподруго го добива мандатот од граѓаните. Но, дали премиерот овој пат ќе се одважи да влече крупни и храбри потези, пред се', да го затвори дводеценискиот спор за името и да ја деблокира евроатланската интеграција на земјата. Процените на политичките посматрачи се различни.
Наспроти мислењето на ексминистерот за надворешни работи, универзитетскиот професор Денко Малески, дека „решавањето на најважните прашања и натаму ќе се одло��ува и дека Македонија ќе биде последната земја од регионот што ќе стане дел од евроатланските сојузи“, политичкиот аналитичар Имер Исмаили е уверен дека Груевски веќе нема да може да бега од „жешките костени“. „Отсега тој ќе мора да носи крупни одлуки и да го симне од дневен ред спорот со името. Меѓународната заедница веќе нема да му дозволи на Груевски да се однесува популистички. Толеранцијата на ЕУ и САД кон него е нула. Тој можеби нема да сака да го реши проблемот со името, но ќе мора. Не можам да прејудицирам дали тоа ќе биде во почетокот на мандатот, но нема да може да се извлекува“, предвидува Исмаили.
Унивезитетскиот професор Лазар Лазаров е оптимист дека во наредните месеци ќе се отвори патот за влез во НАТО и во ЕУ. Тој смета дека Грција е пред социјална експлозија што ја става во неповолна состојба. „Грција ќе доживее банкрот. Владата треба да ја искористи оваа ситуација за да се реши спорот со името и наесен да започнат преговорите за ЕУ. Но, власта не смее да дозволи отстапки во полза на Грција. Иако сега ДУИ ги има евроинтеграциите, ВМРО-ДПМНЕ треба да биде поенергична и внимателна за да не се направи компромис на штета на националните интереси“, укажува Лазаров. Тој смета дека старите коалициски партнери, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, се навикнале да функционираат заедно и горе-долу ги хармонизирале односите. Разликата е во тоа што овој пат ВМРО-ДПМНЕ нема апсолутно мнозинство како во претходниот состав. „ВМРО-ДПМНЕ веќе не е комотна, сега е ставена до ѕид и мора да прави отстапки. Пет министерства вклучувајќи и значајни ресори - евроинтеграции, одбрана, правда, потоа заменички и директорски места за ДУИ, не соодветствува со реалноста. Тоа се премногу места за ДУИ во извршната власт“, смета професорот.
Според Исмаили, пак, ДУИ направила голема грешка со преземањето на евроинтеграциите. „Одлуката на ДУИ е апсурдна. Таа има нереализирана платформа, три години спиеше во власта и сега се нафаќа да решава проблеми во надворешната политика. Па тие ќе се изгубат низ ходниците во Брисел“, саркастично забележува Исмаили.
Американскиот амбасадор во Македонија, Филип Рикер, деновиве порача дека „земјата е на важен крстопат меѓу минатото и иднината и сега е момент да се реши спорот за името“. Истата охрабрувачка порака ни ја кажа и полскиот амбасадор Дариуж Бакура: „ Влада со нов мандат, која доаѓа од партија што три пати едноподруго победила на избори, треба да има повеќе храброст, повеќе храбри одлуки“.
|
#
|
Статијата е прочитана 3882 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: jovan |
Датум: 30.06.2011 00:05:38 |
|
Pobitno e vo koj pravec ke gi napravi tie cekori. |
|
|
|
|
|
|
Од: Серге�� |
Датум: 30.06.2011 00:15:10 |
|
Не сто, и илјада чекори да направи, Груевски нема да мрдне ни педа напред, затоа што тој веќе избра да чекори кон минатото. А за неговата „храброст“ и да не зборуваме. Тој се плаши дури и од Црвенковски! ( http://otpor.log.ph/ ) |
|
|
|
|
|
|
Од: tulko drdeski,tetovo |
Датум: 30.06.2011 02:09:26 |
|
Mnogu umno bre Lazorce Lazarov,kako te rodi majka vaka pameten. |
|
|
|
|
|
|
Од: Bitolcanec |
Датум: 30.06.2011 02:22:35 |
|
Gruevski e tri pati edno po drugo premier oti ne go mena imeto dosega,a toj ako donesi odluka za da go meni imeto,oti samo toj e nacinot da se zatvori dve deceniskiot problem,togas neznam koje toj so ke glasa za nego na koj i da bilo izbori!!!!???Togas neka si gi vikni grcite da glasat za nego posto neznam koj drug bi glasal za nego!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Македонец |
Датум: 30.06.2011 05:48:03 |
|
``Толеранцијата на ЕУ и САД кон него е нула`` Кај ги наоѓат овие соговорници бре? До кога Денко ќе ни соли памет за спорот со името? Имаше шанса и не закопа со преговори за нешто што никој нема право дури и да помисли да преговара.Да сме направеле компромис,а во се состои компромисот од грчка страна? За да биде нештото компромис треба двете страни нешто да попуштат,да не ни остапат дел од морето случајно.Што ќе остапат тие? Грујо да го решел името? Које е бре тој Грујо и кој му дал право да решава за моето име? Го изгласавме да решава економски и други проблеми а името останува. Ние сме Македонци од Македонија,па кој не сака такви какви што сме,бујрум. Кој не не сака, сиктер! |
|
|
|
|
|
|
Од: GORDANA |
Датум: 30.06.2011 07:53:24 |
|
DA ama nazad, kako i sekogas, nema hrabrost za napred, toj ne vrati nazad 100god, a ne da ne vodi napred, PROMASENA INVENSTIJA na negovoto glasacko telo koe e isto kako nego, i gledame deka i negovite pratenici bile celo vreme pred uceni i zakani od partijata, so potpisuvanje na nekoi blanko dogovori i blanko menici. SRAMOTA za demokratijata. |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 30.06.2011 08:12:08 |
|
Ќе глуми дека сака да направи 100 чекори.Нему му е убаво вака.Кој му е виновен на народот што не знае што сака.А и ако сака да направи неколку чекори од предвидените,претходно мора да му се крши погачка,за да не прави погрешни чекори и да се сопиња и паѓа.А и времето не е завршило,народот може да му поклони уште неколку мандати.Ако не за сегашните генераци,тогаш за некои идни.Само барем да се движи напред,да не ја греши насоката. |
|
|
|
|
|
|
Од: Buntovnik |
Датум: 30.06.2011 09:06:16 |
|
Pa ako nekoj mu objasni sto se toa cekori, i sto e100 Ako ima snaga da go razbere, mozda. Ama po se izgleda toa bara previse intilegenija ili kako se vika toa na negoviot majcin jazik. |
|
|
|
|
|
|
Од: Sanja |
Датум: 30.06.2011 09:07:59 |
|
Do Makedonec: Na profesor Denko Maleski mozete samo vodicka da mu nosite. Toa se intelektualci kakvi ovaa vlast nikogas nema da ima vo svoite redovi. Toa se luge koi realno gi sogleduvaat rabotite, gi znaat moznostite i kapacitetite na ovaa drzava. Nie nemame moc da se sprotivstavuvame i da solime pamet. Ne se zivee od istorija i istorijata ne se gradi so spomenici. |
|
|
|
|
|
|
Од: читател |
Датум: 30.06.2011 09:09:20 |
|
Оливера,зошто не го прашавте професорот Лазаров КОЈ е тој компромис на штета на националните интереси?Дали е тоа име Република Северна Македонија,Република Македонија (Скопје) или нешто трето?Тоа што тој го кажува (компромис да не е на штета на националните интереси) го слушаме веќе долго време и од сите партии, а никој не кажува кој е тој таков компромис. Ако до вчера,барем јавно,ВМРО-ДПМНЕ не` убедуваше дека секоја додавка на името значи промена и на идентитетот,што е тоа компромис кој нема да е на штета на националните интереси? |
|
|
|
|
|
|
Од: viola |
Датум: 30.06.2011 09:35:54 |
|
Dosta im se sitime na Grcite. Gledam vchera na kanal 5 emisija za Grckite merki za stedenje i eden propadnat kafeandzija. Nie li ke se sitime? Grcite se golem narod, koj pokaza deka znae organizirano da se sprotistavuva na ona shto ne go saka. Milion ludje protestiraa protiv bombardiranjeto na Belgrad I so goli race ja rushea zeleznata ograda pred vratata na Amerikanskata ambasada.
Ta shto mislime nie, kriza kaj nas nema. Shto znachat kupuvanje evroobvrznici, nego zadolzuvanje? A, koj ke go vraka toj dolg?? Zoshto nebulozni kazni (novi) sega i krivichno ke se gonel sluzbenik ako neshto zgreshi, a ubijci slobodno shetaat. Gruevski ke prodolzi po staro so kum Stavre kako ekonomski sovetnik, Ne znam koga se ke pukne, ama Makedonija nema kriza, Makedonija ke se raspadne vo totalen kolaps. |
|
|
|
|
|
|
Од: tatoo |
Датум: 30.06.2011 09:36:34 |
|
Ништо нема да се случи. Ќе си остане исто како досега, зошто со овој човек кој го гласале толку народ и неговото јуначко срце како оревче, Македонија и понатаму ќе стагнира и на крај ќе се федерализира и распадне. Тоа е најцрното сценарио кое не очекува, но за жал и вистинското. Сега се виде колкав е интелектот на овој македонски народ. Да доделиш повторен мандат на една гарнитура на чело со овој човек, која ја уништи Македонија и економски и политички, не е нешто во ред со неговиот ментален склоп и разум. Или можеби сме повеќе Полтронци во Македонија отколку Македонци. |
|
|
|
|
|
|
Од: b |
Датум: 30.06.2011 10:31:46 |
|
Како сто? Јас мислам и многу повеќе,, способно е детето. Но наназад! |
|
|
|
|
|
|
Од: Done |
Датум: 30.06.2011 11:31:27 |
|
I sega poradi nekakva istoriska greska, celiot narod mora da trpi suludi politicari od nedokvakanite 450000 ovci. Pa nema pogolema katastrofa za eden narod. A kade se sposobnite, pomegu tie 450000 glasaci naterani na sila da glasaat za nekakva si desnica? Bruka |
|
|
|
|
|
|
Од: Caki |
Датум: 30.06.2011 11:52:57 |
|
A bre Sergej ushte li kje tvrdite deka premierot e kukavica?Se pravite budali so sila (za pari?) i ushte drobite razni nebulozi!!! Pa choveku neli "snimi"deka ova so spomenikot dobi SVETSKO vnimanie.....a da ne zborime za sosedite!! Vakvi shamari kukavica ne udara! |
|
|
|
|
|
|
Од: kole |
Датум: 30.06.2011 13:49:10 |
|
Spored iskustvoto od regionot i posiroko, na kraj ke go papame. |
|
|
|
|
|
|
Од: Struzanec |
Датум: 30.06.2011 13:59:49 |
|
Za onie koi planiraat da odat na odmor vo Grcija:Ne zaboravajte deka vasite deca se nevraboteni zaradi Grcite bidejki ako bevme vo Nato denes vo Mkd ke imavme poveke stranski investitori a so toa i poveke rabotni mesta,ke bevme stabilni i neucenuvani od nikogo.Plus Grcite ni stavija embargo i sekogas sme blokirani i uceneti.A ovoj so kafanata jas sigurno nema da mu pravam promet i da go spasuvam od siromastija zasto ako mu reces deka si od Makedonija ke pocni da se kara so tebe.Brakaj MAKEDONCI BOJKOTIRAJTE JA GRCIJA ZARADI NIV SME IZOLIRANI |
|
|
|
|
|
|
Од: von kragh |
Датум: 30.06.2011 14:44:18 |
|
Ako vece nesto se menuva bi trebalo da se razmotri imeto Republic of Macedonia (central) - Republika Makedonija (centralna) na ovoj nacin site pobednici nema gubitnik , ili ako sakate gladnite volci siti i ovcite na broj |
|
|
|
|
|
|
Од: perica |
Датум: 30.06.2011 14:44:34 |
|
Samo neka trcka maliot, mama ke pazi da ne padne. |
|
|
|
|
|
|
Од: pile |
Датум: 30.06.2011 14:52:59 |
|
Nikoj politicar ne treba da go prifati mandatot za formiranje na Vlada, ako ne e spremen do krajot na ovaa godina da ja vnese drzjavata vo Nato i da dobieme datum za otpocnuvanje na pregovori so EU.Toa podrazbira i zatvoranje na prasanjeto za razlikite za imeto so Republika Grcija.Ako mandatarot ne go sogleduva toa i povolniot moment, podobro da go vrati mandatot.Da zjivee Makedonija,Centralno Balkanska Republika na site gragjani. |
|
|
|
|
|
|
Од: Gledac |
Датум: 30.06.2011 15:22:18 |
|
Gruevski nema nisto da napravi vo odnos na evroatlantskite integracii se dodeka taka ne nalozat srpskite gazdi. So ogled deka Kosovo seuste se pregovara, Srbija ja koristi Makedonija (t.e. vlijanieto sto go ima vo vladata) za podobruvanje na poziciite kaj megjunarodnata zaednica vo odnos na Kosovo. |
|
|
|
|
|
|
Од: maja |
Датум: 30.06.2011 15:29:27 |
|
novata vlada treba da pocne poinaku da raboti...potrebno e da se svrti kon ifrastrukturata..izgrabda na avtopatista..patnata mreza e vo ocajna sostojba luge sekojdnevno ginat na pravcite veles-prilep i veles stip..avtopatski bezbedni resenija ....vlozuvanje vo energetikata..izgradba na solarni centrali,veretnici i mini hidrocentrali..akumulacioni sistemi....vluzouvanja vo proizvodstvo na zdrava hrana....namaluvanje na site taksi na firmite so cel stimuliranje na malite i srednite pretprijatija...silna socijalna politika....investicii vo urgentnata medicina koja e na mnogu loso mivo...pokacuvanje na platite i penziite veke od septemvri....itn.. |
|
|
|
|
|
|
Од: do tatoo |
Датум: 30.06.2011 17:00:57 |
|
Ako pobedese SDSM e togas Makedonija ke se federalizirase i ke propoadenese. |
|
|
|
|
|
|
Од: Сашо |
Датум: 30.06.2011 17:10:34 |
|
Зошто некој се надева дека Груевски после два мандати, сега во третиот ќе ги смени своите политики и ќе почне да превземе поризични потези кои би му го нарушиле рејтингот негов и на партијата. Ако добива трет мандат за таква политика, нели е логично да продолжи по ист терк со иста политика - затоа и бил гласан, на тие што го гласале им било убаво вака, за жал. |
|
|
|
|
|
|
|
|