|
|
|
|
|
|
Кинезите ни испратија 67 двокатни автобуси
Автобусите ќе бидат натоварени на брод и повеќе од еден месец ќе патуваат до Солун
Деспина Трајковска
Овој викенд се очекува да тргне првата пратка од 67 автобуси од зделката со кинеската компанија „Јутонг“ за 202 двокатни автобуса наменети за јавниот превоз во Скопје. Автобусите ќе патуваат со брод од пристаништето во Хонг Конг до Солун, од каде што ќе возат до Скопје. Се очекува во државава, конечно, да стасаат кон средината на август, а веќе до почетокот на учебната година да почнат и да возат по скопските улици.
Автобусите ќе стасаат пред договорениот термин за испорака на првите возила, кој истекува во декември годинава, а тоа го вети производителот кога беше официјализирана зделката. Од Министерството за транспорт и врски информираат дека автобусите почнале да се испорачуваат во изминатиот викенд.
„Од фабриката ‘Јутонг‘ во Женгжоу на 26, 27 и на 28 јуни се испорачани 67 новопроизведени двокатни автобуси што ќе се користат во јавниот градски превоз во Скопје. Од нив, еден е од отворен тип и ќе биде наменет за пано��амско разгледување на градот“, изјавија вчера од ресорното министерство, кое минатата недела ја пазари истата компанија да произведе и 15 даблдекери со отворен покрив, наменети, исто така, за туристички разглед на Скопје.
Автобусите што треба да стасаат ќе бидат идентични со оној што веќе трет месец вози по скопските улици. Со ретродизајн, емисија на издувни гасови „ЕУРО 4“, дигитален тахограф, автоматски управувана рампа за инвалидски и детски колички, целосно климатизирани... Автобусите имаат капацитет за 80 патници, по 20 за седење и стоење на долниот кат и 40 само за седење на горниот кат. Отворените два од зделката за 202 даблдекери и дополнително договорените 15 ќе се разликуваат од „обичните“ двокатни единствено по отворениот покрив и дополнителната опрема, како што се слушалки, микрофони, чадори и пепелници на отворениот покрив...
Според договорената зделка, целосна испорака на 202 автобуса треба да заврши до крајот на 2013 година. Односно, првата пратка од 67 автобуси да се реализира до крајот на годинава, до крајот на идната година да се испорачаат уште најмалку 68, а во 2013 да се произведат преостанатите автобуси. Отворените 15, пак, предвидено е да бидат готови и испорачани во Скопје најдоцна до декември в година.
И во двата случаја Владата договори да ги плати автобусите по секоја испорака. Сите автобуси ќе ја чинат речиси 40 милиони евра без ДДВ. За тие пари Скопје ќе може да се пофали дека поседува двокатни уникатни автобуси препознатливи за градот. Токму ретродизајнот, кој беше еден од главните услови на тендерот за автобусите е причина во главниот град да се возат сериски произведени даблдекери. Иако „Јутонг“ е најголемиот производител на автобуси во Азија и меѓу првите пет во светот и има произведено повеќе од 30.000 автобуси, сепак, по желба на Владата, првпат направи двокатен автобус со ретродизајн. |
#
|
Статијата е прочитана 3290 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Vane - Kavadarci |
Датум: 30.06.2011 10:10:08 |
|
Сите автобуси ќе ја чинат речиси 40 милиони евра без ДДВ. За тие пари Скопје ќе може да се пофали дека поседува двокатни уникатни автобуси препознатливи за градот..............samo edna zabeleshka: ovie pari gi obezbeduva cela Makedonija (i Prilep, i Strumica, i Berovo, i Debar....), za Skopje. Za da moze da se pofali, neli. Ova kako za potsetuvanje. Da znaeme na shto sme. |
|
|
|
|
|
|
Од: BlaGOJ |
Датум: 30.06.2011 11:28:19 |
|
Konjanici,smizli,bikovi,mostovi,filharmonii, avtobusi...Do kade ke odi ova, site pari odat vo Sk., a konkretno Bitola e najgolem plakac na danok .Nas ni se frlaat samo koski! Za 5 godini vladeenje , ovaa vlada pomogna samo za ulica od 350 m. na vlezot vo Bitola! |
|
|
|
|
|
|
Од: економист |
Датум: 30.06.2011 12:35:44 |
|
е тука сте се излажале, пријателчиња. Скопје произведува околу 60-70% од БДП на Македонија, така што, Скопје ги храни другите нефункционални општини и градови во земјава, а не обратно. Денес буџетот на Скопје изнесува околу 80 милиониу евра, а би требало да биде најмалку 500 милиони. Така што, далеку сте од вистината. А што се однесува до автобусите (двокатните), кои се поскапи од нископодните (украинските), ќе бев среќен ако градов добиеше поевтини автобуси кои ќе ги заменат крнтиите што сега возат по улиците. За тие 202 кинески автобуси мислам дека ќе добиевме околу 300-350 украински. Толку од мене. |
|
|
|
|
|
|
Од: Плаќач на данок од Струмица |
Датум: 30.06.2011 13:10:17 |
|
А, еден...само еден од тие даблдекери да се најде и на улиците на Струмица? Има Струмица сообраќајници-обиколница, па тогаш не знам шо е проблемот да се спроведе тоа во пракса, ако веќе е поклон од владата -од општонародните пари. Ние немаме градски, а толку ни е потребен. Што мислат другите?
|
|
|
|
|
|
|
Од: jordan |
Датум: 30.06.2011 14:00:03 |
|
pa site doagaat da ziveat vo skopje.i normalno deka vo skopje ke se nosat.pa vo bitola nema ni kade da se vozat tie dvospratni avtobusi.a inace site koga bi si sedele vo sopstvenoto selo bez da dojdat vo najgolemovo selo nareceno Skopje ke se investira samo tuka.pa site pocnaa da stanuvaat skopjani.se otkazuvaat od sopstvenite koreni.i posle pak se zalat deka nikoj ne im gi neguva a tie samite ne gi neguvaat |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 30.06.2011 14:04:59 |
|
Прво и најважно е што ова старо нова блада што каже се ќе излаже.Една од најголемите лаги е рекламата "Ку��увајте македонски производи"Понатаму имат направено толку многу киксеви,што не се бројат па и ги подзаборавивме.Овие панорамските автобуси,по кои улици ке се движат и дали од нив ке може да се гледат шумите од споменици.Не верувам дека ке може да се гледа и Аце Бабачкиот.А верувајте дека на сите кинески автобуси векот нема да им биде подолг од 3 до 5 години.Тоа ке биде исто како полициските крајслери кои беа набавени 300 а остана уште околу 50.Уште во првата година беа уништени околу стотина.Овие украинските автобуси повеке ке завршат работа од овие детски луна играчки. |
|
|
|
|
|
|
Од: olivera |
Датум: 30.06.2011 14:34:29 |
|
Kritikata za toa deka avtobusite se plakaat od strana na site danocni obvrznici e odrzana pa mozebi ne bi bilo loso del od avtobusite (procentualno presmetano) da se dadat na drugite opstini. Mislam deka bi bilo dobro i drugite gradovi da dobijat po najmalku 2 dvospratni avtobusi, osobeno Bitola, Strumica, Ohrid, Tetovo, Kumanovo i Veles. |
|
|
|
|
|
|
Од: До економист |
Датум: 30.06.2011 16:53:16 |
|
Кого храниш ти.60-70 насто е БДП во Скопје е заради 5-6 фирми од бившата држава и 100 илјади администрација.Ако не се другите градови да се собира арач од нив Скопје ке е нула.
Во Скопје се седишта на Банки трговски застапници кои работат во Македонија.Кажи нешто што се произведува во Скопје и се извезуца од некоја нова фирма после 90те години.
Скопје има 60-70 од БДП токму заради политика политика е кај нас се да се инвестира во Скопје. |
|
|
|
|
|
|
Од: Vozac |
Датум: 30.06.2011 17:18:11 |
|
Abe luge kolku i da se dobri ili loshi se mnogu ekonomski ne isplatlivi i e samo shminka
Bi trebalo da se znae deka Ukrainskite avtobusi troshat okolu 47 litri na 100 km.
sto ekonomski e neisplatlivo za eden privatnik ili domakin covek nikogash ne bi gi kupil so tolku golema potroshuvacka |
|
|
|
|
|
|
Од: центар |
Датум: 30.06.2011 18:47:45 |
|
Ги подржувам барањата на одредени читатели дека еден дел од двокатните автобуси да се дадат на користење на другите општини и градови. Иако овие од ЈСП со нивното работење не заслужуваат да користат народни пари за сопствени плати!- Тогаш да се даде и на другите!!! |
|
|
|
|
|
|
|
|