Неофицијално
Милошоски нема да биде министер во новата Влада
30.06.2011, 12:14
Антонио Милошоски нема да биде министер за надворешни работи во новата влада на Никола Груевски.
Според информацијата, која се уште е неофицијална, не станува збор за ротација во министерските места, туку за целосно заминување на Милошоски од владата во која беше шеф на дипломатијата во изминатите пет години.
На ваков чекор Милошоски, како што самиот објаснувал, се решил пред речиси половина година, но сега му го соопштил на мандатарот - пред да го утврди составот на новата влада. Како главна причина, министерот во заминување, ја навел потребата од поголемо присуство дома со неговото семејство.
Прашањето е која позиција ќе ја извршува Милошоски во иднина – се споменува можноста тој да стане амбасадор, но како поизвесна варијанта е тој да биде новиот претседател на собраниската комисија за надворешна политика. Од 2006-тата па се досега Милошоски важеше за човек од доверба на премиерот – однос кој имаше и падови, но сепак тој речиси цели пет години оста��а шеф на дипломатијата, што го прави најдолговечниот министер за надворешни работи.
|