Мјузикли
Триумф на музиката и на танцот
Ве потсетуваме на најдобрите мјузикли на сите времиња - нивните песни во меѓувреме станаа хитови
Освен доброто чувство што го носиме со себе, мјузиклите во наследството на поп-културата најчесто оставаат многубројни хитови што се слушаат и многу години потоа. Исто така, неколкумина од нив се истакнаа како евергрини на жанрот и најдобрите примери на кинематографијата воопшто. Ова е само потсетување на најдобрите мјузикли на сите времиња.
„Приказна од западна страна“
Многу време пред Бас Лухраман да го фрли погледот низ камерата на класичната приказна на Вилијам Шекспир за да ја прекрои во модерната публика, Ромео и Јулија станаа урбани и распеани во оваа приказна за две спротивни банди на Менхетен, Јетц и Шаркс, и за девојката фатена среде нивниот судир. Но, овој пат неразбирањето не се решава во двобојот со мечување, туку со двобојот на танцувачки движења. Засилени со извонредната режија на Роберт Вајс, фантастична музика на Леонард Бернстајн и текстовите на Сефин Сандим „Приказната од западна страна“ и до ден денес останува највпечатлива преработка на делото на Шекспир за големо платно. Доволно зборува и фактот дека саундтракот на оваа класика беше на првото место на билбордова топ-листа цели 54 недели, рекорд што до денес ниту еден албум не можеше да го ископира или да го повтори.
„Да пееме на дождот“
Холивуд ги сака приказните за своето златно време и за преоѓањето во ново модерно време каде што актерите имаат глас, а најдобро увеличување на таа промена од безвучниот свет е со ставањето дијалози и монолози во песната. Формулата се покажа успешна, умна, остра и духовита. „Да пееме на дождот“ го фати своето место во ремек-делата на холивудските мјузикли. Големите заслуги и' припаѓаат на насловната нумера, која и ден денес е подеднакво свежа и забавна исто како и во времето кога беше снимена, а тоа го потврдува местото на британската топ-листа во 2005 година. Со насловната нумера „Да пееме на дождот“, овој мјузикл во светот на филмот во наследство му остави танцувачка секвенца, која, всушност, го дефинира поимот на холивудските мјузикли, а оттогаш на дождот со чадор в рака танцуваа многу наследници на Џин Кели во безбројни адаптации на оваа бесмртна сцена.
„Убавицата и ѕверот“
Се чини дека Дизни во минатото, практично, го откупи правото на снимање на мјузиклот. Имено, не постои цртан филм од фабриката на Дизни каде што дејството не е играњето и танцувањето, но во морето на совршени мјузикли најмногу се истакнува „Убавицата и ѕверот“. Приказната настана според француската бајка La Belle et la Bete за принцот што го претвори проклетството во гротескна ѕверка, единствено што можеше да го спаси од таа работа е да засака и да биде сакан. „Убавицата и ѕверот“ е втор анимиран филм кога било номиниран за „Оскар“ во најпрестижната категорија на најдобар филм, а престижната награда му ја презема филмот што на своевиден начин, исто така, беше врзан за „Убавицата и ѕверот“, „Кога јагнињата ќе стивнат“. Алан Менкен и Хауард Ешман ја најдоа утехата обезбедувајќи му на филмот два златни „Оскара“, а истовремено ова ремек-дело на Дизни освои дури три златни „Глобуса“, меѓу кои и оној за најдобар мјузикл и комедија што за првпат му припадна на еден анимиран филм. Песните со неверојатна брзина влегоа во увото на публиката, а за дури трикратен платинест статус најмногу е заслужна насловната песна на Селин Дион и Пиб Брајсон.
„Брилијантин“
Во филмот за растењето, всушност, не може да се згреши, а средното училиште најчесто е непресушен извор за филмски теми. Кога за тоа ќе се замеша рокенрол, работите бегаат од контрола и започнува пејачко-танцувачка фешта. Приказната е најобично клише. Дени е опасен фраер, кој за ништо на светот не би покажал дека е вљубен во Сенди, но на крај, сите ги зближува музиката. Се разбира, тоа е и целта на мјузиклот, нов „Брилијантин“ е споена во саунтракот што моментално стана џубокс на генерацијата. Тогаш филмот беше толку популарен поради своите песни, така што не само што се продаваа двојните албуми со сите песни, туку и мастики со ликовите од главните ликови беа многу барана стока. Добар дел од песните на саунтракот денес се вистински евергрини, кои се' уште може да ве натераат да заиграте. А популарноста на„Брилијантин“ и ден денес се случува на штиците на Бродвеј.
„Мулен руж“
Со преминувањето на 50-тите и 60-тите години и владеењето на Фред Астер и Џин Кели во времето кога Холивуд повеќе личеше на Боливуд со доволно место за песна и танцување во секој жанр на мјузикли, по малку падна во заборав за да во поново време го добие дури и геј-статусот. По делумниот успех на модерната верзија на „Ромео и Јулија“, Баз Лурман се врати на жанрот што подобро му лежи. Својата снаодливост во до��енот на песната и танцот, маестрално го покажа со својот хит „Мулен руж“ што на големата врата на Холивуд го врати играниот мјузикл меѓу конкретните жанрови враќајќи му го и стариот „сериозен статус“. „Мулен руж“ оди на картата на она што на публиката и' е познато. Откако под сценариото на својата модерна приказна за најпознатите љубовници го потпиша Вилијам Шекспир, за својот мјузикл воопшто не вработи композитор и текстописец туку се потпиша со сите добропознати хитови дури и малку преработени, за да малку подобро се вклопат во нарации. Вистина, овој концепт не е нов, пробан е многу пати (добар пример е и фалениот мјузикл „Мама миа“), ама никогаш досега вака беспрекорно. Кога кон сето ова се' додаде страсна љубовна приказна втемелена во дел од Париз кон крајот на 19 век, „Мулен руж“ станува целосен триумф на кинематографијата. |