Број 3402  петок, 08 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Анализа
Вести








Site Meter

Нови изданија

Свежа музика на докажаните

Плејада на октомвриски изданија од светот на светската популарна музика

Александар Митевски

Октомври е месец кога ќе се издадат огромен број проекти на светскиот музички пазар. Некои од нив се наменски таргетирани во функција на претстојните божикни празници, кои ни се приближуваат и директно се центрирани за да погодат во центарот на празничните купувачки рекорди. Од понудата на закажани датуми за светска промоција ги избравме насловите и ѕвездите, кои предизвикуваат интерес со своето појавување и се очекува да бидат едни од албумите што ќе ја одбележат оваа сезона.

Светот е подготвен за најновото остварување на популарните рокери на новото модерно време – „Кингс оф Лион“, кои деновиве се подготвуваат за американската промоција на новиот материјал Come Around Sundown. Тројцата браќа, синови на свештеникот Лион Фоловил - Келеб, Нејтан и Џеред, заедно со братучедот Метју, се вистинска нешвилска атракција и буквално сите, нивните фанови и критичарите очекуваат што ново имаат да кажат овие прогресивни момци. Овој рок-блокбастер, кој се очекува да ја одбележи оваа сезона и да ги урива рекордите уште од самото појавување, е следбеник на огромниот успешен албум Only By The Night, кој се продаде во повеќе од шест милиони копии и успеа да зграби четири награди „Греми“ и две награди „Брит“. Веќе на медиумите можеме да го видиме и да го слушнеме нивниот пилот-сингл Radioactive, кој одлично поминува. Би рекле дека момците од бендот „Кингс оф Лион“ се навистина неуморни и ги обожаваат својата работа, долгите патувања, исцрпните студиски сесии. Тие се постојано во движење, пишуваат песни, одат на турнеи или се затворени во студио и, според нивните зборови, тоа е начин на живот што вистински ги исполнува. Тие беа сконцентрирани во студио уште од февруари откако завршија со промотивната турнеја на претходниот албум и студиозно го подготвија новиот проект со кој се гордеат. Во моментите на олабавување непосредно пред закажаната промоција на албумот, медиумите јавија дека деновиве имале несреќна случка додека се забавувале и пиеле на својата јахта. Метју и Нејтан ја користеле паузата од турнејата за малку да се забавуваат, па така по лудата ноќ успеале да претрпат полесни повреди, кои нема, за среќа, да им ги променат зацртаните активности.

Во фокусот на вниманието е и извонредниот поп-рок ветеран Род Стјуарт, кој повторно се враќа на сцената со одличен нов кавер проект, ново продолжение на неговите значително популарни преработки на американски класици. Тој ја почна својата прочуена Songbook колекција уште во 2002 година, колекција на преработки на американски музички стандарди и токму месецов тој го промовира петтото продолжение насловено Fly Me to the Moon... The Great American Songbook, Volume V. Првите четири изданија, според груби процени, се продадени во тираж од над девет милиони копии и му ја донесоа првата престижна награда „Греми“ во категоријата најпопуларен традиционален поп-албум во 2005 година. Како серијалот се ближи кон својот зацртан крај, така тој планира огромно музичко шоу во престижниот „Колосеум“ во Лас Вегас како круна на оваа негова вечна љубов кон каверите на американските класици. Тој вели дека оваа негова преокупација и дамнешна желба почнала уште пред десет години кога легендарниот продуцент Ричард Пери му ја всадил љубовта и го активирал овој процес. Токму Пери повторно е иницијаторот на ова петто издание на книгата со најубави песни и раритетно е токму поради фактот што оваа двојка заедно не работела на овој проект уште од 2003 година. Овој одличен продуцент (работел со Ринго Стар, Поинтер Систерс и многу други) е се' подобар и поискусен во овој жанр и би рекле дека е вистинско откровение за заспаниот Род Стјуарт и негово повторно оживување. Продуцирањето на новиот материјал претставува вистинско продукциско чудо и нов лик и саунд на стариот добар Род, кој помалку го изгуби ентузијазмот и еланот кон музиката низ годините. Одлично е направен и изборот на песни од Пери, кој совршено одговара на харизмата и сентиментот на 65-годишниот Стјуарт. Инаку рок-ветеранот е во брак со Пени Ланкастер (39), со која го очекува своето осмо дете.

Со нов студиски албум се враќа и уште еден ветеран, легендарниот Брајан Фери, кој има навистина голем повод со проектот, кој ќе го обзнани на 26 октомври - Olympia. Во летото го ислушавме со промотивниот сингл You Can Dance, кој одѕвонуваше на радиостаниците, а сега е исправен пред предизвикот да и' го претстави новиот материјал сработен со многу ѕвездени гости, како, на пример, Нил Роџерс, Дејвид Гилмор од Пинк Флојд, Грув Армада, Сизор Систерс, Маркус Милер, Фли и Џони од Рејдиохед. Сепак, најголемо изненадување за јавноста и одличен десерт за фановите предизвика неговото повторно соработување со членовите на Рокси мјузик - Брајан Ино, Фил Манзанера и Енди Мекеј. Тој признава дека е ѓаволски тешко да се работи на сопствен авторски материјал и тоа го правел бавно, студиозно и вклучил голема екипа на докажани музичари. Според оние што навистина добро го познаваат творештвото на Фери, сите се едногласно во оцената дека Олимпија звучи многу повеќе кон звукот на Рокси мјузик, ако се направи паралела со неговото соло-творештво. Овој албум, кој навистина мора да се преслуша, е проследен и со извонредно подготвена обвивка на која се појавува фотомоделката Кејт Мос. Тој признава дека била негова дамнешна желба Кејт да се најде на каверот и во овој креативен процес се вклучил и самиот со истиот интензитет како да работи на обвивка за старите добри Рокси мјузик. Една од инспирациите за оваа фотографија било познатото ремек дело од 19 век, Олимпија од Едуард Мане, икона на поп-артот од 20 век. Кејт Мос совршено се вклопила во познатата слика на млада куртизана, која лежи на креветот, на која слугинката и' принела цвеќиња - подарок од љубовникот. Тој признава дека е слаб кон убавината на Кејт и таа е фам фатал на денешницата, исто контроверзна колку и убава и, според него, таа е најгламурозна женска икона по Мерлин Монро.

Повторно оживеаја и одличните фанк и соул рокери Џемироквај, кои се враќаат со нов проект по голема пауза. Пред еден месец тие во Лондон ја направија британската промоција на новиот материјал Rock Dust Light Star, кој овој месец треба да излезе регуларно и во САД и во Европа. На сцената овие експлозивни момци, предводени од харизматичниот лидер Џеј Кеј, отсвирија промотивно шест композиции од новото ЦД и ги воодушевија присутните. Бендот до овој албум имаше продадено 25 милиони албуми и најголем успех доживеаја во 1996 година со албумот Travelling Without Moving. Тие немаа објавено ништо ново се' од албумот Dynamite во 2005 година, па така претставува вистинско освежување ова нивно повторно собирање и снимање студиски материјал. Според свирката и изведените нумери публиката имаше можност да се увери дека постои значајно скршнување од музичкиот правец на овој популарен бенд, а тие веќе во медиумите ја промовираат Blue Skies, која во себе носи неодолив вкус на калифорнискиот соул од седумдесеттите години.

Уште двајца ветерани од светот на популарната музика решија да ги спојат своите сили и да направат она што во моментот е најпрестижна работа во музиката индустрија - албум на кавери. Одекна како бомба информацијата дека ќе се спојат музичките багажи на извонредните Елтон Џон и легендарниот кантавтор Лион Расел во албумот The Union. Оваа соработка се раѓа повторно откако тие пред 40 години заедно одеа на турнеја, а кумот на ова музичко издание, секако, е големиот продуцент Т-Боун Брнет, кој е маѓепсникот потпишан зад ова ЦД со 14 нумери. Елтон вели дека имал дамнешна желба да сними ЦД и да го посвети на неговиот херој Лион кому многу му должи за успехот и кариерата. Малкумина се оние што не слушнале за музичката легенда Расел и најшареноликиот и мултиталентиран автор и музичар во историјата на рокенролот. Во неговата огромно 50-годишна музичка кариера тој пишувал, продуцирал, свирел на најголемите и највлијателните плочи во музичката историја. Берни Топин, човекот кој со Елтон ги напиша заеднички сите хитови, вели дека токму Расел бил најголема инспирација за Елтон и неговото свирење на пијано е токму резултат на влијанието на Расел кон него. Елтон е вистински воодушевен и сака да му ги даде сите почести на оваа кантри легенда, која е на залезот на својата кариера и да остави во фокусот на јавноста одлична слика за овој инспиративен музичар.

На 19 октомври и колумбиската убавица Шакира има причина за радување, тоа е новиот албум Sale el Sol, на кој е поместен нејзиниот хит кој жари и пали на медиумите - Loca, кој има и своја шпански и англиски верзија. Во англиската и' гостува британскиот рапер Дизи Раскал, а во шпанската доминиканската хип-хоп ѕвезда Ел Ката. Шакира во новиот албум се враќа во голема мера кон своите почетоци и корени со максимална експлоатација на меренгето и суштински приказ на латино музиката. Таа пее на ритмите кои ги слушала како мала и со кои пораснала во родната Колумбија.

За крај ќе ја спомнеме Ријана и нејзиниот нов албум. Оваа млада дама не треба воопшто да се грижи како ќе помине на пазарот, приближно каде и да и' се појави името се' е предодредено на успех. Токму затоа, гласни се злобниците, воопшто не требала да троши пари за песни. Едноставно можела да притисне - копи пејст на сето досегашно.


#
Статијата е прочитана 269 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Невработеноста како весела математика
Македонско-бугарски историски контроверзии (1)
Најголемиот грабеж
Мишел Обама ја лизна Ангела Меркел од тронот
Созреваме до крајот на бескрајот
„Теа модерна“ го промовира изданието на албански јазик
Почина Љупчо Јордановски
Јагнињата стивнаа
Плата од 1.500 евра е убав сон
Мајка и' и' нашла маж
Надеж за чилеанските рудари
Болнички директори може да одат в затвор
За што загина Оцка?
Отворена врска и секс во тројка?
Панорамско тркало за поубав поглед на „Скопје 2014“
Отровот од Унгарија стигна до Дунав
„Макфест“ е мајка на најголемите хитови
Панди родени по вештачки пат
Голи студентки за роденденот на Путин
Нобел за Марио Варгас Љоса
Ден без А1
Скопје го стресе земјотрес
И ММФ контра Владата, БДП ќе порасне за 1,2 отсто
Стил
Триумф на музиката и на танцот
Вашето алтер его
Опсада на банките од пензионери, зошто не картичка?






EU considers its division on Kosovo status an advantage
Bulgaria's Borisov loses ground and temper
Romanian former tennis star enters Roma controversy