08.10.2010г.; 09:22ч.
Скопје го стресе земјотрес
Земјотрес со јачина од четири степени според Европската макросеизмичка скала, синоќа го стресе Скопје. Земјотресот бил почуствуван околу 22,23 часот во Скопје, Куманово и северниот дел на Македонија.
Епицентарот на потресот бил на околу 45 километри североисточно од Скопје и потекнувал од Косово, односно од Гњиланското епицентрално подрачје.
|