Број 3402  петок, 08 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Анализа
Вести








Site Meter

И ММФ контра Владата, БДП ќе порасне за 1,2 отсто

Најновите проекции на Фондот се спротивни на оние на македонските власти, кои се упорни дека ќе има раст од два отсто

Македонската економија годинава ќе порасне за 1,2 отсто, предвидува Меѓународниот монетарен фонд во својот најнов извештај. Во него, исто така, се вели дека нар��дната година нашата економија ќе порасне за три проценти. Во однос на стапката на инфлација ММФ пресметал дека во 2010 година таа ќе достигне 1,9 отсто, а в година три отсто.

Со овие проекции ММФ практично ги урива предвидувањата на нашата Влада, која опстојува на ставот дека годинава нашата економија, сепак, ќе достигне раст од два отсто, колку што изнесуваше и првичната проекција на ММФ за раст. Владата во нејзините прогнози не ја премисли ниту укажувањето на повеќе експерти дека, поради се' уште силното влијание на светската економска криза врз македонското стопанство, таквиот раст е научна фантастика.

За годинава ММФ прогнозира дека од земјите во регионот поголем раст на БДП од Македонија ќе имаат Србија со 1,5 отсто, Албанија 2,6, Косово 4,6 и Турција 7,8 отсто. ММФ во најновиот извештај предвидува дека Бугарија ќе има стагнација или раст од нула отсто, БиХ 0,5 отсто, додека Црна Гора ќе загази во минус од 1,8 отсто, а Хрватска во минус од 1,5 отсто.

За наредната година се предвидува растот на Албанија да изнесува 3,2 отсто, на БиХ три отсто, Бугарија два отсто, Хрватска 1,6 отсто, Косово 5,9 отсто, Црна Гора 4,5 отсто, Србија три отсто и на Турција 3,6 отсто.

За движењето на глобалната економија ММФ проценува дека во 2010 година тоа ќе порасне за 4,8 отсто, а во 2011 година за 4,2 процента. Економиите на државите во развој ќе забележат пораст од над седум проценти, а високоразвиените земји од 2,7 отсто. Во земјите од ЕУ, кои го користат еврото, годинава економијата ќе порасне за 1,7 отсто, а во 2011 година за 1,5 проценти.

Главниот економист на ММФ, Оливие Бланшар, смета дека е малку веројатно светот повторно да западне во рецесија, но оти кризата се' уште не е завршена. Најголем економски и социјален предизвик за глобалната и за националните економии ќе биде невработеноста.

ММФ истакнува дека се' уште не е време да се прекине со поддршката од државата, но оти е неопходно да заживее приватниот сектор, а владите да покажат дека имаат јасен пат за намалување на буџетските дефицити и излез од кризата.

Во извештајот се наведува дека финансискиот систем и натаму е слаба точка на глобалното економско закрепнување, по незавршеното подобрување на банкарскиот сектор и затоа се потребни натамошни реформи за регулирање на финансискиот систем. (А.С.)


#
Статијата е прочитана 431 пати.

Испрати коментар

Од: јас
Датум: 08.10.2010 18:57:00
Му го расипаа кеифот на овчарот и на Ставре кумот....Таман се испофалија дека еве и странциве мислеле исто како нив, стигна нова вест ..Дали сега ќе излезат на ТВ така насмеани како првиот пат и ќе кажат дека ја утнале пресметката ??

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Невработеноста како весела математика
Македонско-бугарски историски контроверзии (1)
Најголемиот грабеж
Мишел Обама ја лизна Ангела Меркел од тронот
Созреваме до крајот на бескрајот
„Теа модерна“ го промовира изданието на албански јазик
Почина Љупчо Јордановски
Јагнињата стивнаа
Плата од 1.500 евра е убав сон
Мајка и' и' нашла маж
Надеж за чилеанските рудари
Болнички директори може да одат в затвор
За што загина Оцка?
Свежа музика на докажаните
Отворена врска и секс во тројка?
Панорамско тркало за поубав поглед на „Скопје 2014“
Отровот од Унгарија стигна до Дунав
„Макфест“ е мајка на најголемите хитови
Панди родени по вештачки пат
Голи студентки за роденденот на Путин
Нобел за Марио Варгас Љоса
Ден без А1
Скопје го стресе земјотрес
Стил
Триумф на музиката и на танцот
Вашето алтер его
Опсада на банките од пензионери, зошто не картичка?






EU considers its division on Kosovo status an advantage
Bulgaria's Borisov loses ground and temper
Romanian former tennis star enters Roma controversy