Број 3402  петок, 08 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Анализа
Вести








Site Meter

Колку заработуваат фудбалски те тренери?

Плата од 1.500 евра е убав сон

Според најновите правилници на тренерската организација, ниту еден прволигашки тренер не смее да биде платен под 500 евра месечно

Миодраг Мицковиќ

Колку заработуваат македонските тренери и спортисти, кои спортови се најплатени, дали во фудбалот се вртат големи пари. Колку тренери имаат соодветно образование за да можат да ги водат клубовите? Зошто голем број доктори по физичка култура, кои докторирале на Факултетот за физичка култура во Скопје, не се ангажирани да работат во клубовите, во нашите репрезентативни селекции? Многу прашања на кои ќе се обидеме да дадеме одговор, иако е многу тешко да се најдат податоците, особено околу заработувачките бидејќи тие се кријат како најголеми тајни и тешко се доаѓа до нив.

И додека во другите држави, платите на тренерите и играчите не се тајна, достапни се на сајтот на секој клуб, доволно е само да се притисне копчето на компјутерот и сите податоци се тука, речиси на дланка, кај нас таков „филм не се гледа“.

Се обидовме најпрвин да ги дознаеме платите на нашите прволигашки тренери, да видиме колку заработуваат фудбалерите во Првата лига - и веднаш наидовме на ѕид од молчење, на една бариера, бидејќи никој не сака да каже колку е месечна плата на еден тренер или на најдобриот фудбалер.

Според најновите усвоени правилници на тренерската организација на Фудбалскиот сојуз на Македонија, со цел да се заштитат тренерите од клупските моќници, секој клуб мора да потпише договор со својот тренер. Тој договор најпрвин се потпишува во тренерската организација, потоа се заверува во Фудбалската федерација кај регистрационата комисија. Најмала сума за месечна плата на еден прволигашки тренер не смее да биде под 500 евра (30.000 денари). Доколку се раскине договорот на штета на тренерот и добие отказ, клубот мора да му ја надомести таа сума до крајот на договорот. Доколку тоа не го стори, не може да ангажира друг тренер.

Како што дознаваме, речиси сите тренери ги потпишуваат договорите на 500 евра, практично на своја штета, а примаат месечна плата многу поголема за да не плаќаат поголем годишен данок на приходи.

Пред сите тренери во Македонија е селекторот на репрезентацијата Мирсад Јонуз. Според оние податоци што ги имаме тој месечно заработува 5.000 евра. Тоа е огромна плата во однос на примањата на другите тренери, но е двојно помала од онаа на неговиот претходник, Словенецот Среќко Катанец.

Не е тајна дека најплатен тренер во Првата фудбалска лига е шефот на Стручниот штаб на Работнички, Зоран Стратев, кој неофицијално има плата од 2.500 евра. Работнички, Македонија, Металург, Ренова и Шкендија, тука сега спаѓа и Хоризонт, се клубовите кои можат добро да ги платат тренерите. Останатите мака мачат за да обезбедат средства за плати.

Меѓу најплатените тренери се Жикица Тасевски (Металург), Едмонд Миха (Шкендија) кои имаат по 1.500 евра месечна плата, Неџат Шабани

(Ренова) и Шефки Арифовски (Хоризонт) по 1.000 евра.

Блиску до таа сума е и тренерот на Напредок, Драган Бочевски, кој добива околу 1.000 евра заедно со одделен живот и патувањата на релацијата Охрид - Кичево.

Во фудбалските кулоари познати се и платите на останатите тренери: Тони Јакимовски (Тетекс), 800 евра, Ане Андоновски (Силекс) и Никола Кузманов (Брегалница) по 700.

Шефот на Стручниот штаб на Скопје, Љупчо Марковски, кој е наедно и директор на клубот, според потпишаниот договор има плата од 500 евра, но често се случува тој да посегне во џебот за да ги плати судиите бидејќи Скопје се бори со голема беспарица. Токму и затоа е тешко да се сознае колку тој заработува месечно.

Што да кажеме за тренерите на Вардар Ѓорѓи Тодоровски и на Пелистер до пред пет-шест дена Наумче Љамчевски, сега Неџат Хусеин. Тешко е да се поверува дека Тодоровски прима плата од 500 евра, нема кој да му ги плати тие пари. Во ништо подобра положба не беше и Наумче Љамчевски. Според битолските извори новиот претседател на клубот Ванчо Атанасов сепак му плаќал извесна сума месечно на Љамчевски, но каква е сега положбата со новиот тренер Неџат Хусеин на кој клубот се' уште му должи пари од претходниот договор кога беше тренер на Пелистер, не дознавме. Битолскиот прволигаш се' уште му го нема исплатено долгот на поранешниот тренер Алекса Мацков така што Љамчевски не можеше да седи на клупата и да го води тимот, туку тоа го правеше од трибините.

Тренерите покрај месечната плата учествуваат и во премирањето за победите. Тоа се дополнителни средства што зависи од постигнатите резултати.

Фудбалерите немаат плати како тренерите, но некои од нив добро заработуваат. Најголема плата на фудбалер во Работнички е 1.500 евра, но кој добива толку, тоа го знае само благајникот и спонзорот. Неколку од нив земаат по 1.000 евра, но и тоа е клупска тајна. Најплатен фудбалер во Металург е Мирослав Вајс. Колку добива месечно, исто така, е табу тема.

Сите овие суми за заработувачката на тренерите и фудбалерите се неофицијални, за нив се зборува во фудбалските кругови, но не се далеку од вистината, иако можеби се и поголеми од оние кои ние ги напишавме.

Според најновиот правилник, што го усвои тренерската организација на Македонија, озаконет и од Управниот одбор на ФФМ, почнувајќи од сезоната 2011/12, значи од наредната година, секој прволигашки клуб мора да има тренер со Про лиценца. Без неа ниту еден тренер не може да седи на клупата во Првата лига.

Засега во Македонија има 11 тренери со Про лиценца, највисока во тренерската организација што ја признава ФИФА и УЕФА. Тоа се Мирсад Јонуз (селектор), Влатко Костов (асистент на Јонуз), Бобан Бабунски (селектор на младата репрезентација до 21 година), Гордан Здравков, Борче Христов, Ѓоре Јовановски (тренер на ЦСКА од Софија), Шефки Арифовски (Хоризонт), Боби Стојановски (тренер во Тетекс), Ѓорѓи Јовановски (тренер во Кореја). И толку.

Сегашните тренери во Првата лига: Зоран Стратев (Работнички), Жикица Тасевски (Металург), Тони Јакимовски (Тетекс), Неџат Шабани (Ренова), Едмонд Миха (Шкендија), Ѓорѓи Тодоровски (Вардар), Неџат Хусеин (Пелистер), Драган Бочевски (Напредок), Ане Андовски (Силекс), Никола Кузманов (Брегалница) и Љупчо Марковски (Скопје), доколку не добијат Про лиценца од идната сезона не ќе можат да бидат тренери на прволигашките клубови.

Некои од нив, како Стратев и Тасевски, се пред добивање на Про лиценца бидејќи им останува уште дипломски труд да го одбранат пред комисијата за добивање на лиценци. Меѓу нив се и нашиот најтрофеен тренер Ѓоко Хаџиевски, потоа Милко Ѓуровски, Тони Савевски, Горазд Михајлов, кој веќе подолго време работи како тренер во Исланд, Илчо Георгиевски, Југослав Тренчевски, Артим Шакири, селекторот на младата репрезентација до 17 години Менсур Јакупи...

Сите овие ги имаат минато предвидените часови и тестови за добивање на Про лиценца, останува само финален испит.

Дознаваме дека за третата селекција за полагање и добивање звање тренер со Про лиценца веќе се имаат пријавено Едмон Миха, Неџат Шабани, Ане Андовски, Драган Бочевски, Љупчо Марковски, Тони Јакимовски, свесни дека без таа лиценца можат само да сонуваат за тренер на Првата лига.

Инаку, секој второлигашки клуб мора да има тренер со А лиценца, тоа се однесува и за тренерите на подмладокот, пионерите и кадетите во Првата и Втората лига, додека тренерите во Третите лиги мораат да имаат Б лиценца.

Наjскапите тренери во светот

Луис Фелипе Сколари Бунјодкор, Узбекистан 16,6 млн. Е

Жозо Мурињо  11млн Е

Фабио Капело Англија 11млн. Е

Алекс Фергусон Манчестер Ј. 7млн. Е

Роберто Манчини Манчестер С 6 млнЕ

Карло Анчелоти Челзи 6 млн.Е

Луис ван Гал Баерн 5,2 млн. Е

Гус Хидинк Русија 5 млн. Е

Арсен Венгер Арсенал 4,8 млн.Е

Сите примања се неофицијални и се на месечно ниво

Мирсад Јонуз Селектор на Македонија 5.000 Е

Зоран Стратев Работнички 2.500 Е

Жикица Тасевски Металург  1.500 Е

Едмонд Миха Шкендија 1.500 Е

Неџат Шабани Ренова 1.000 Е

Драган Бочевски Напредок 1.000 Е

Тони Јакимовски Тетекс 800 Е

Ане Андоновски Силекс 700 Е

Никола Кузманов Брегалница 700 Е

Љупчо Марковски Скопје 500 Е

 


#
Статијата е прочитана 1804 пати.

Испрати коментар

Од: ile
Датум: 08.10.2010 22:34:16
секој мозе да биде селекто како јонус и сите останати сто беа селектори само за добра плата , катастрофа резултат како и по обицај само празни ветуванј ,нај слабиот спорт во македонија

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Невработеноста како весела математика
Македонско-бугарски историски контроверзии (1)
Најголемиот грабеж
Мишел Обама ја лизна Ангела Меркел од тронот
Созреваме до крајот на бескрајот
„Теа модерна“ го промовира изданието на албански јазик
Почина Љупчо Јордановски
Јагнињата стивнаа
Мајка и' и' нашла маж
Надеж за чилеанските рудари
Болнички директори може да одат в затвор
За што загина Оцка?
Свежа музика на докажаните
Отворена врска и секс во тројка?
Панорамско тркало за поубав поглед на „Скопје 2014“
Отровот од Унгарија стигна до Дунав
„Макфест“ е мајка на најголемите хитови
Панди родени по вештачки пат
Голи студентки за роденденот на Путин
Нобел за Марио Варгас Љоса
Ден без А1
Скопје го стресе земјотрес
И ММФ контра Владата, БДП ќе порасне за 1,2 отсто
Стил
Триумф на музиката и на танцот
Вашето алтер его
Опсада на банките од пензионери, зошто не картичка?






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma