Отровот од Унгарија стигна до Дунав
Унгарија е во трка со времето за да спречи поголемо загадување, но официјалните лица посочија дека токсичната кал што истече од резервоарот на фабриката за метали во почетокот на оваа недела, стигна до реката Дунав. Зголемена е алкалноста на реката Раба, која се влева во Дунав, најголемиот воден тек ��о Централна Европа. Ако калта влезе во Дунав, велат експертите, загадувањето би можело да стигне до шест земји низводно, вклучувајќи ги Хрватска, Србија и Романија. |