Број 3402  петок, 08 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Анализа
Вести








Site Meter

Нобел за Марио Варгас Љоса

Тој е првиот јужноамерикански добитник на престижната награда за литература откако во 1982 година ја доби колумбискиот писател Габриел Гарсија Маркес

Невена Поповска

Перуанецот Марио Варгас Љоса, еден од најприфатените писатели во светот кој пишува на шпански јазик, човекот чии букви пружија отпор на насилството и политичките поделби на неговата татковина и се кандидираше за претседател, е добитник на Нобеловата награда за литература за 2010 година.

Варгас Љоса е автор на над 30 романи, драми и есеи меѓу кои најпознати се „Разговор во катедралата“ и „Зелената куќа“. Во 1995 година тој ја доби наградата „Сервантес“, најголемото литературно признание кое се доделува за дела во шпанското говорно подрачје.

Шведската академија соопшти дека ја доделува наградата на 74 годишниот автор бидејќи ги елаборира „структурите на власта и заради неговите јасни слики за отпорот, револтот и поразот на поединецот“. Постојаниот секретар на Академијата Петер Енглунд го опиша Варгас Љоса како „божествено надарен раскажувач на приказни“ чие пишување го трогнува читателот. „Неговите книги често пати се многу комплексни по состав, имаат различни перспективи, различни гласови и различни временски места. Тој го прави тоа на нов начин, кој помогна да се развие уметноста на раскажувањето“, рече Енглунд.

Варгас Љоса е првиот јужноамерикански добитник на престижната Нобелова награда за литература од 10 милиони круни (1,5 милиони долари), откако претходната му беше доделена на колумбискиот писател Габриел Гарсија Маркес во 1982 година. По објавувањето на веста, Гарсија Маркес изразувајќи се на поетски начин, рече: „сега сме еднакви“ на шпански јазик.

„Мошне сум изненаден и трогнат. Не го очекував ова. Поминаа многу години откако моето име беше во игра за оваа награда. Навистина сум изненаден, но пријатно изненаден“-изјави за шпанското национално радио Љоса.

Во претходните шест години Академијата ја додели Нобеловата награда за литература на петмина Европејци и еден Турчин што предизвика критики дека е премногу евроцентрична. Минатата година наградата ја доби германската писателка Херта Милер.

Марио Варгас Љоса е роден на 28 март 1936 година во Арекипа, Перу во семејството на Ернесто Варгас Малдонадо и Дора Љоса Урета. По разводот на родителите, детството го поминува со мајка си и дедото во Кочабамба во Боливија.Во 1946 година семејството се сели во Пиура, Перу, каде дедо му добил работа. Неговите родители повторно се соединуваат во 1947 година и почнуваат да живеат во Лима, каде Марио Варга се го завршува основното образование во католичко училиште. Подоцна неговиот татко го запишува во воено училиште, а по завршувањето студира право и литература во Мадрид и Лима.

Во 1955 година се жени со Јулија Арквиди и четири години подоцна се сели во Париз каде работи како професор и новинар во агенцијата „Франс-прес“ и во националната телевизија на Франција.

Меѓународен пробив како писател добива со романот „Време на херојот“, објавен во 1963 година. Романот претставува критика на состојбите во Перу и се заснова на биографијата на Леонсио Прадо. Веднаш по објавувањето на романот, во неговата родна земја, Перу, бил оценет како контроверзен и илјада копии од него биле јавно запалени од страна на гардата на Леонсио Прадо. Во 1964 година Марио Варгас се разведува од својата сопруга Јулија Арквиди и се оженува со својата роднина Патриција Љоса. Извесен период потоа живее во Париз, Лима, Лондон и Барселона, а во 1974 година се враќа во Лима. Следната година станува член на Перуанската академија на науките и уметностите, но истовремено продолжува со предавањата на многубројни универзитети во САД, Јужна Америка и Европа.

Во 1990 година, станува претседателски кандидат во Перу на партијата „ФРЕДЕМО“, но ги загуби изборите. Во 1994 година станува член на Академијата на науките на Шпанија, каде од 1996 година редовно работи.Варгас Љоса предавал и учел на неколку универзитети во САД, Јужна Америка и Европа, а овој семестар работи на Универзитетот Принстон во Принстон, Њу Џерси.

Последниве години живее во Барселона, Мадрид, Лима, Париз, Лондон, а покрај тоа што во светот е познат како автор на романи има значаен придонес и во областа на есеистиката и во новинарството.


#
Статијата е прочитана 347 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Невработеноста како весела математика
Македонско-бугарски историски контроверзии (1)
Најголемиот грабеж
Мишел Обама ја лизна Ангела Меркел од тронот
Созреваме до крајот на бескрајот
„Теа модерн��“ го промовира изданието на албански јазик
Почина Љупчо Јордановски
Јагнињата стивнаа
Плата од 1.500 евра е убав сон
Мајка и' и' нашла маж
Надеж за чилеанските рудари
Болнички директори може да одат в затвор
За што загина Оцка?
Свежа музика на докажаните
Отворена врска и секс во тројка?
Панорамско тркало за поубав поглед на „Скопје 2014“
Отровот од Унгарија стигна до Дунав
„Макфест“ е мајка на најголемите хитови
Панди родени по вештачки пат
Голи студентки за роденденот на Путин
Ден без А1
Скопје го стресе земјотрес
И ММФ контра Владата, БДП ќе порасне за 1,2 отсто
Стил
Триумф на музиката и на танцот
Вашето алтер его
Опсада на банките од пензионери, зошто не картичка?






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma