08.10.2010г.; 09:33ч.
Надеж за чилеанските рудари
Спасувачкиот тунел пто се копа да ги извлече од под земја затрупаните 33 чилеански рудари, ќе биде готов утре, соопштија тамошните власти. Вадењето на рударите би требало да почне следната недела. Кога точно, зависи од тоа дали карпите на тунелот ќе треба да се засилат за да се избегне уривање на скалите. Рударите се наоѓаат околу 620 метри под земја.
|