Неделен барометар
Мајка и' и' нашла маж
И покрај тоа што вечните расправии на релација мајка - ќерка се стари колку што е и светот, мајките, сепак, знаат најдобро. Така е и со мајката на Тери Хачер, Дона. Таа е сигурна дека ќерка и' треба да најде маж што ќе успее да ја скроти, а, сепак, да биде внимателен зашто ��ад површните реакции се крие нежното и топлото срце желно за прегратка.
Е таков јунак најде г-ѓа Дона во ликот на туристичкиот водич Лука Видак, кој на турата во која беше и г-ѓата мајка и' го покажуваше Дубровник.
Сега Тери е на потег - ако е релевантен судот на мајка и' - сигурно ќе му се јави на несудениот. Дотогаш Лука не мора да се грижи за својата работа - секој сака да го види неизвесниот г-дин Хачер.
По анорексија - дебелеење
Откако и' здодеа постојано да и' префрлуваат дека е преслаба, па дури и дека ставата и' е анорексична, Кристина Агилера сврте друга страница. Почна да ужива во класичните придобивки на семејниот живот - редовни јадења, одморање, експерименти во кујната....
Сето тоа остави трага и врз нејзината става на што веднаш реагираа озборувачите. Едните велат дека по бременоста во 2009 година, никогаш не била подебела, а другите дека оваа женствена става - совршено и' прилега. На светот - никако да му угоди.
|