Број 3402  петок, 08 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Анализа
Вести








Site Meter

Мислења

За што загина Оцка?

Гордан Георгиев

Ако за сегашново ДПМНЕ Блаже Конески е „џуџето од Небрегово“ (А. Милошоски), за СДСМ Блаже Конески е џинот од Небрегово

ОЧИ ШИРУМ ОТВОРЕНИ

„Дознавајќи за постоењето партизански одред во близината на Битола, генералот Иван Маринов и обласниот полициски началник Ќурчиев организирале блокада на месноста каде што се наоѓал одредот, т.е. во месноста меѓу селата Буково, Ореово, Лавци и Брусник. Во блокадата биле ангажирани неколку илјади лица, војници, офицери, полицајци и агенти. Обрачот околу одредот на 3 мај веќе бил затворен. Уште во самото утро, одредот ја прифатил нерамната борба. Во борбата, партизаните покажале беспримерна храброст и давале голем отпор. Тогаш загинале Елпида Караманди-Бисера (ранета, потоа убиена), Мара Јосифовска-Ѓурга, Димитар Николовски-Таќи Даскало, Димче Хаџипоповски, Ордан Михајловски-Оцка и Јоска Јордановска-Сандански.

Во знак на сеќавање на оваа нерамна борба, народниот пејач испеал многу жална песна“.

Текстот што го опишува горенаведениот настан, познат како „Трагедијата во Ореовската корија“, случен на 3 мај 1942 година, е преземен од Интернет-страницата на Сојузот на борци - Битола.

Судбината, но и објективните околности на „нерамната борба“ сакале токму тој ден да загине цела плејада млади (прабаба ми понекогаш од тага велела „и наивни и будали“) партизани и партизанки. Судбината сакала во тој одред да се најде и дедо ми Ордан Михајловски-Оцка. Имал 19 години, поет, музичар и партизан. Средното музичко училиште во Прилеп го носи неговото име. Загинал точно седум месеци по нападот на участокот на 11 октомври 1941 година во Прилеп, каде што учествувал и самиот тој.

Цел живот си го поставувам прашањето: како е можно некој на 19 години да отиде во планина, да земе пушка, да биде свесен за животниот ризик што го презема и... и, сепак, да отиде. За помладите кои можеби и не знаат, но и за постарите кои можеби подзаборавиле, сакам да ги потсетам дека периодот од 1941 до 1945 е најсветлиот период во историјата на македонскиот народ. Тоа е период кога Македонците се приклучија на антифашистичката борба и кога самосвесно и сами се изборија за своја држава. Денешната Република Македонија влече директен историски континуитет од настаните пред участокот во Прилеп на 11 октомври 1941 година, од првата пушка во Куманово и многу други знајни и незнајни настани од тој период. Оној што се обидува да го негира или омаловажува овој период покажува неверојатно ниска свест за државноста и самобитноста на македонскиот народ.

И, ајде да расчистиме некои работи. Идеолошката дебата во Македонија се заострува на неочекуван начин. Некои работи за кои само до пред четири години сме мислеле дека се силно врежани во нашата колективна свест сега се негираат или прескокнуваат со директна асистенција на Владата на Република Македонија. На нивно место власта се обидува да наметне некои нови идентитетски политики, некаква хунзи-историја составена набрзина, без релевантна научна дебата и без никаква тактичност. Ваквото создавање инстант-историја го ослабува македонскиот идентитет, не го зајакнува.

Во меѓувреме, живите наследници на антифашистичката борба се ставени на маргините на општеството. Паскокузмановската Влада упорно трага по гробот на Александар, а партизанските гробишта и спомен-обележја зјаат во плевел и заборав. Се прават нови споменици на лавови и шмизли, а бистите на народните херои во Градскиот парк во Скопје некој ги украл, веројатно ја претопил бронзата и ја продал. Е па така не се почитува државата и историјата.

Да бидеме на чисто. СДСМ има намера цврсто да опстои во одбрана на историскиот континуитет на македонската нација и народ. Ние, како и целиот нормален свет, ќе ја славиме антифашистичката борба како една од најголемите придобивки и победи на цивилизираниот свет во 20 век, а особено важна за нашиот народ.

Ние ќе го почитуваме и штитиме македонскиот јазик до последната буква и реч. Тој македонски јазик не е испишан на каменот од Розета, туку е прогласен за официјален на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, а влече континуитет од словенските просветители, па до денес. Ако за сегашново ДПМНЕ Блаже Конески е „џуџето од Небрегово“ (А. Милошоски), за СДСМ Блаже Конески е џинот од Небрегово.

Црквата ја сфаќаме како еден од најважните идентитетски стожери на оваа нација и до крај ќе се бориме црковните великодостојници да не браздат во партиско-политички идентификации. Нека се потсетат истите тие црковни лица дека МПЦ е прогласена за автокефална во „комунистичката“ 1967 година. Нека се потсетат и дека зградата на Архиепископијата и Соборниот храм во Скопје во огромен дел е финансиран од членарината на Сојузот на комунисти на Македонија.

„Гледаме на Црквата како на к��учен историски фактор во развивањето и зацврстувањето на македонскиот национален идентитет. Ја гледаме улогата на религијата и на Црквата во контекст на современоста. Затоа, сметаме дека обновувањето и реставрирањето на нашите прекрасни стари цркви и манастири е клучен предизвик за нашата култура. Таквиот однос кон религијата и Црквата ќе покаже пред светот колку сме богати и силни“ (извадок од „Решенија за Македонија“).

Ние ги славиме победите, а не поразите. Ние ги одбележуваме се' уште свежите реминисценции од нашата историја и ќе се држиме за нив како идентитетска котва која не смееме да ја испуштиме од раце. Инаку, отиде бродот од брегот во немирни води.

Има такви кои сакаат да не' спречат да го прославиме овој празник токму во Прилеп. Има такви на кои овој ден не им се совпаѓа со нивното сфаќање на историјата. Има такви што сакаат да ја избришат од сеќавањата сета партизанска борба и сите нејзини дострели. Тоа се истите тие луѓе кои перманентно по сите основи го делат македонскиот народ. Ние сме тука за да се спротивставиме на тоа! И од Прилеп јасно ќе им порачаме дека се сметаме за наследници на сите учесници во НОБ, веруваме и се бориме за остварување и зачувување на нивните идеали за слобода, рамноправност и сувереност. Ние сме партизани! А вие почитувани читатели?

Затоа,Марјане, почитуван градоначалнику на Прилеп, прегледај си ги домашните архиви и потсети се од кое семејство доаѓаш. Ќе видиш дека и твоите домашни биле вклучени во антифашистичката борба. И немој да ги слушаш подземните планови на твојот шеф, кој веќе од очај не знае што прави и панично бега од својот народ и од својот идентитет.

И за крај, да прашам: А зошто сегашново раководство на ДПМНЕ упорно бега од борбата против фашизмот? Да не останала по некоја мува на капата?

Затоа, да немаме дилеми, Ордан Михајловски-Оцка заедно со уште илјадници други негови соборци загинал за да може, денес и тука, во независна Македонија, да живееме во слободата која тие на крвав начин ни ја овозможија. Сите обиди за релативизирање и минимизирање на таквите придобивки недвосмислено ги ставаат таквите негатори од другата страна на барикадите. На поразената, фашистичката страна.

(Авторот е потпретседател на СДСМ)


#
Статијата е прочитана 2627 пати.

Испрати коментар

Од: zlatko
Датум: 08.10.2010 12:12:52
Ne sum simpatizer na SDSM, no dlaboko go poddrzuvam ovoj tekst i ovoj pogled na rabotie. Odamna nemam pricitano olku dobra kolumna. Pozdrav do avtorot
Од: OZNA
Датум: 08.10.2010 12:17:08
E GORDANE uste da te svatat dobro ke bide no ne se sekiraj se plasat sega poveke od bilo koga zatoa sto ide vreme koga povtorno ke se pee,, BUDI SE ISTOK I ZAPAD,, revolucija vo koja ke ima i zrtvi no sekogas za podobro utre. Potomok na partizan.........OZNA
Од: Тони
Датум: 08.10.2010 12:29:29
Фала му на Бога што некој се сети да ја каже ВИСТИНАТА не само за МПЦ, туку и за другите црвки и верски заедници во СФРЈ!!! Дваесет години безочно се ЛАЖЕ (!!!) и се фрлаат дрва и камења по оние што имаат најголеми заслуги за црквата (особено за МПЦ). Црквата во СФРЈ беше ЦРКВА (почитувана и народна), за разлика од денешната „црква“ - антинароден збир на луѓе што немаат поим што таа значи и што претставува. Не знаат ни да се крстат, а секогаш се во првите редови во црковните работи. И ова, господине Гордан: Луѓето од НОБ, кои оделе во борба на 19 годишна возраст воопшто не се бореле за тоа со народот да владеат на демагози, мизантропи, антинародни елементи, воведувачи на гнасниот „либерално-демократски“ капитализам, некомпетентност... Тие се бореле за вредности како што се: човечност, компетентност, трудољубивост, чесност, достоинство....
Од: Историчар
Датум: 08.10.2010 12:42:51
ДПМНЕ се апсолутно невкусни со нивната антиквизација, но сметам дека потпретседател на партија каква што е СДСМ треба да поседува некаков минимум на познавања од областа на историјата. Штом веќе се споменуваат архиви, на г-н Гордан Георгиев да му кажам да не ги премолчува архивите на прилепчаните Димитар Талев, Методиј Кусев, Атанас Бадев, Коста Црнушанов и други корифеи од нашата историја. Да не ја премолчува малата Васка Зојчева од Прилеп која добила шамар од српскиот крал Караџорџевиќ само затоа што кажала дека е бугарка. Така што господа од СДСМ, ако има барем Д од вашата Демократија, гледајте на фактите такви какви што сте, и престанете со Демагогија. Истото важи и за Утрински од кои очекувам како демократски весник да го објават овој коментар.
Од: GoranT
Датум: 08.10.2010 12:44:37
Зарем сеуште не ви е јасно дека ВМРОвците ја негираат НОБ и Антифашистичкото движење затоа што се бугарофили и за нив тоа е пораз
Од: tihi
Датум: 08.10.2010 13:01:59
Na porazenata fasisticka strana i potpisavte kapitulacija 2001 god.So sto gi pogazivte asnomskite pridobivki za Makedonija i Makedoncite , a so toa i na vasiot dedo.Koj veruvam znael protiv kogo se bori .A dali ste svesni protiv kogo ste vie.Ili svesno go zloupotrebuvate vasiot dedo, za vasi egoisticni celi.
Од: Горан - М. Каменица
Датум: 08.10.2010 13:47:16
Јас сум член на ВМРО ДПМНЕ но сакам да кажам едно: Ги сакам сите од СДСМ повеќе од Албанците.Верувам во бога но не и во сегашното раководство на МПЦ кои предавнички го сменија името во ОА.Уште кога влезе политиката во црквата почнав да се плашам за нашата иднина.
Од: Antifasist
Датум: 08.10.2010 13:49:46
Odlicen tekst iskren, realen i vistinit . Smrt na fasizmot sloboda na narodot.
Од: Dilan
Датум: 08.10.2010 14:34:36
koga ke ja posetite Struica kacete se do spomenkosturnicata na borcite od NOB nad gradot da vidite vo kakva sostojba se.Isti ste i vie i Dpmne bidejki vo gradot i drzavata se menuvate kako peleni dvete opciii .Tesko na ovoj narod
Од: граѓанин
Датум: 08.10.2010 15:08:34
Текстот е коректен.Она шо подолу следи како реплика под псевдонимот Историчар , искрено ме плаши и всушност ја открива вистинскиот лајт мотив на судирот на двете политички елити во земјата ВМРО и СДСМ, во кој за жал е вовлечено речиси и сето македонско население, во Раскол и тивка граѓанска војна . Имено вмровците длабоко во себе имаат всадена омраза кон сдсмсовците и секако се шо на нив им асоцира, вклучително и на периодот 1942-1945 до 1991, оти сметаат дека се србомани кои ја ,,дистанцираа,, Македонија од Бугарија .. За вмровците нема поголем непријател од србите.За Бугарите секако немаат лош збор... Вмровците во обидот да ,,не обединат,, да ја исправат историјата и сл, влегоа во задоцнето и секако самоубиствено идеолошко пресметување со таквите структури.Удбаши, србомани и сл. Колку и да имаат аргументи вмровците за одредени историски ситуации, начинот на кои сега се обидуваат да ја „исправат“ историјата ќе биде де факто крај на нашата земја.
Од: Perica
Датум: 08.10.2010 15:56:11
Dzabe muabetot, Vanco Mihajlov ke bide u muzej. Najmnogu mi e maka sto ne se ni svesni sto pravat.
Од: Дарко
Датум: 08.10.2010 16:36:51
Да, да, Гордан во право си , ВМРО се срами од АСНОМ и НОБ, и си ја открива својата проантичка фашистичка ориентација... Па заради тоа му изградија на споменик на Ченто, инаку познат антички генерал од времето на Александар , кој е телепортиран со директива на Груевски у време на АСНОМ 1945 за да стане прв претседател на независна Македонија... А Павел Шатев е еден од клучните водачи од времето на Цар Самоил, и за среќа оставен со едно око, и со помош на Боргите и подршка на Клингонците со сменетео име "9 од 10" е поставен на позицијата Министер за Правосудство на АСНОМ 1945 ... и двајцата ќе починат во сомнителни околности, у овој филм Терминаторот победува ...
Од: nacional-patriot
Датум: 08.10.2010 17:31:39
Dobro e sto Gordan napisal za borbata na makedonskiot narod protiv fasistickiot okupator.No tie hrabri togasni mladi lugje ne se borele za nekoi kako Gordan i za nekoja partija koja saka menuvanje na imeto na drzavata.So toa SDSM gi prifakja baranjata na neprijatelite na Makedonija i Makedoncite.
Од: јас
Датум: 08.10.2010 19:05:27
За што загина Оцка? За да можат сегашниве портокали и овчарот да ги величаат КРВНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД и да им прават восочни фигури и музеи !!!
Од: До„Историчар„
Датум: 08.10.2010 19:08:22
Заради такви корифеи (бугарофили,србофили,гркофили и сл.),немавме своја држава до 1944 година.
Од: Aleksandrija
Датум: 08.10.2010 23:19:07
Kako sto trgnaa portokalovite, se plasam deka eden den i celiot period od NOB na Makedonija ke go izbrisat od nasata istorija!!!
Од: Jone
Датум: 09.10.2010 08:21:31
od kolumnava mozam da zaklucam deka sdsm ke zastane pred dpmne vo odbranata na ustavnoto ime na Makedonija . deka SDSM vo Prilep ke bide precekan so cveke od semejsvoto na narodniot heroj cento
Од: Македо
Датум: 09.10.2010 09:07:52
Гордан, колумнава ти е ок. Само Бранкокако претседател да отидеше на прославата во Полсака.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Невработеноста како весела математика
Македонско-бугарски историски контроверзии (1)
Најголемиот грабеж
Мишел Обама ја лизна Ангела Меркел од тронот
Созреваме до крајот на бескрајот
„Теа модерна“ го промовира изданието на албански јазик
Почина Љупчо Јордановски
Јагнињата стивнаа
Плата од 1.500 евра е убав сон
Мајка и' и' нашла маж
Надеж за чилеанските рудари
Болнички директори може да одат в затвор
Свежа музика на докажаните
Отворена врска и секс во тројка?
Панорамско тркало за поубав поглед на „Скопје 2014“
Отровот од Унгарија стигна до Дунав
„Макфест“ е мајка на најголемите хитови
Панди родени по вештачки пат
Голи студентки за роденденот на Путин
Нобел за Марио Варгас Љоса
Ден без А1
Скопје го стресе земјотрес
И ММФ контра Владата, БДП ќе порасне за 1,2 отсто
Стил
Триумф на музиката и на танцот
Вашето алтер его
Опсада на банките од пензионери, зошто не картичка?






Hungarian ultra-nationalist missionaries fail in Transylvania
Slovenia still blocking Croatia's progress towards EU
Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads