Број 3402  петок, 08 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Анализа
Вести








Site Meter

Си велам

Најголемиот грабеж

Ерол Ризаов

Кој најмногу ги ограби граѓаните на Македонија

Приватизацијата или големиот грабеж е најжешката и најчеста дежурна тема на транзицијата. Политичарите редовно ја актуализираат ког�� ќе се испразнат партиските каси, а особено кога наближуваат избори. За обичните граѓани тоа е најтажната балада за едно трагично време кога полни со надеж, ја чекаат демократијата, а дочекаа голема пљачка на имотот што го создавале генерации и генерации и за што издвојувале големи средства на штета на сопствениот стандард.

Во битката за власт политичарите ловат поени на тема приватизација и меѓусебно се обвинуваат кој повеќе го ограбил народот. Нашите или вашите. Особено политички профитабилни се нападите врз т.н. олигарси, тајкуни, транзициски богаташи, воени профитери. Штом зачестат овие напади, се ближат избори или големите партии се во финансиска криза, па пред да почнат да ги рекетираат компаниите, прават фронтален напад преку медиумите.

Се појавуваат на јавната сцена и разни директни учесници во подготовката и во усвојувањето на законите за приватизација, луѓе што биле на најодговорни позиции во доменот на носење одлуки. Тие денес во стилот - јас му реков на Глигоров, тој ми рече мене... јас не се согласив со таков закон, ама мене не ме прашаа, јас не сакав да учествувам во тоа. Така пишуваат денес некои учесници што имаа пресудна улога. А, сите кренаа раце во парламентот почнувајќи прво од неговиот претседател.

Пишувањето транзициска историја од директни учесници во неа во стилот тој ми рече јас му реков...јас го викнав светскиот стручњак Стив Хенке. Да ги прифатеа неговите идеи, сега ќе течеше мед и млеко. Тие го викнаа Ченто од Лондон. Тој не направи ништо... итн, итн се прикаски за мали деца особено кога некои од директните учесници се веќе починати, а некои не се во состојба да одговорат.

Не се пишува поновата македонска историја со тој ми рече, јас му реков. За вакви крупни закони сите работи на предлог на владите се одвиваат во парламентите. За сето тоа постојат документи, расправи и записници. Во најмала мера сега е подло од директни учесници во директни настани да слушаме и да читаме дека тие имале подобри решенија, ама, ете, ги спречил претседателот Глигоров, првиот премиер Кљусев или некој друг. Дури и основачот на партијата на тогашните Реформски сили, Анте Марковиќ, не е поштеден и поради дневно-политичка конјунктура неговите инсталации во Македонија се осмелуваат да го критикуваат него и неговите закони инволвирани во македонската приватизација што, секако, е крајно неморално и неетички.

Сега тие луѓе зборуваат за тоа дека биле заговорници да се поделат ваучери со што секој граѓанин би бил обесштетен, а можат да се слушнат и други будалаштини за македонската приватизација. Колку што и' е познато на јавноста на Македонија, во тоа време за ваучери се залагаа само Петар Гошев и неговата политичка партија, неколку економисти и новинари. Од политичките елити на власт никој јавно не се произнесе против Законот за приватизација. Мала е утехата што ваучерите во земјите каде што се воведоа не им донесоа многу среќа на имателите. Тие лека-полека за мали пари се преселија токму кај олигарсите. Затоа во цела Источна Европа во сите земји на транзиција приватизацијата стана голема болна тема, се доживува како голем грабеж на граѓаните и секогаш служи за политичка пресметка меѓу партиите. Се тргна, наводно, од доктрината дека не е можно да се инсталира нов повеќепартиски демократски систем без промена на сопственоста.

Најголемите енергетски, телекомуникациски, железнички системи се државни, а постојат и големи државни банки, стратегиски компании, универзитети и болници. Сето тоа брзо се заборави, дури се заборави и најголемата специфичност на југословенските републики, а тоа е што во тоа време постоеја три вида сопственост: државна, општествена и приватна. Ако, се разбира, не се се земе предвид сопственоста на верските заедници. Изедначувајќи го општествениот имот со државниот, преку ноќ е направен најголемиот грабеж во поновата историја на Македонија. Тоа беше десет пати поголема пљачка од онаа што е направена во 1945 година со национализацијата, конфискацијата и аграрната реформа. Целиот општествен имот наеднаш стана државен, а државата со револуционерни закони како во време на диктатура воведе нов систем на национализација со кој се одзеде имотот на тие што го создале. Прво, нас вработените што директно со сопствени средства го создававме тој имот, а потоа на цели категории население што со години одвојуваа свои пари за изградба на капацитети, кои тогаш беа ограбени, со нивно поддржување без никаков надомест. Така се создаде една трагична ситуација кога се уништи македонската средна класа.

Во Македонија најголем дел од имотот беше во општествена сопственост или во државна, а најмалку имот имаше во приватна сопственост, каде што, главно, доминираше обработливо земјиште, кое беше во приватна сопственост над 80 отсто. Но, главно, поделен на парцели од по десет до петнаесет декари по семејство. Големите обработливи површини земја ги имаа големите земјоделски комбинати, кои сега речиси сите до еден се пропаднати. Во една ваква какафонија се создаде хаотична ситуација кога основачите на компаниите, луѓето што ги создале големите македонски гиганти, најпрофитабилните компании, да останат надвор од приватизацијата без еден денар надомест. Опљачканиот имот од граѓаните како општествена сопственост заедно со државниот имот се продаваше во бесцење. Гротескно и докрај апсурдно е, ама грчки државни компании купија македонски компании во општествена сопственост, меѓу кои стратегиските Рафинеријата и Стопанска банка како и најпрофитабилните кои на Грците им направија огромни економски и политички профити. Тие уште на цел глас се фалат дека се најголеми инвеститори во Македонија.

Запад никогаш не разбра што е тоа општествена сопственост. Даваш 1.000 германски марки за телефонски приклучок колку што изнесува годишна плата на еден работник. Со твоите пари се гради телефонска мрежа и денешен „Мобимак“, а потоа тој се продава, а ти од тоа немаш ништо. Денес таа инвестиција од годишна плата во мрежата на „Мобимак“ би се сметал како акционерски влог. Тогаш тоа беше општествена сопственост. Или кога работниците се откажуваат од дел од своите примања и разни додатоци, а со тие пари се градат нови одморалишта, станови, базени, езера за рекреација, трафостаници што беа во општествена сопственост, а денес се нечиј приватен капитал без никаков надомест на вистинските сопственици. Или кога сите вработени издвојуваат 4 отсто цел работен век за изградба на општествени станови, а денес тие се приватни. Или кога граѓаните градат трафостаници со свои пари, а тие сега му се продадени на ЕВН како државен имот. Така е со сите објекти низ Македонија од т.н. месни самопридонеси, заеми за изградба на јавни патишта. Сето тоа го национализира државата како сопствен имот.

Сопственоста според Уставот и меѓународното право, никогаш не застарува. Затоа е потребно во Македонија да се поведе сериозна иницијатива и да се почне голема битка за нова денационализација на општествениот имот со што државата ги ограби граѓаните спроведувајќи неуставни закони.


#
Статијата е прочитана 2135 пати.

Испрати коментар

Од: Grabezot na"Bic Bozi'
Датум: 08.10.2010 13:02:16
Avtorot dobro ja otslika sostojbata na privaciskiot grabez, koj e neviden na ovie prostori i moze da se sporedi samo so grabezite na Atila" Bic Bozji".Najhipokritsko e izjasnuvanjeto na direktnite ucesnici i planeri vo taa placka.Nekoi molcat, nekoi se pravdaat deka davale podobri predlozi, a glasale za zakonot,a ne dale nikakov otpor i site se soglasuvaat deka taa bese krajno nepravedna i grabez .Se davaa vo bescena najprofitabilni firmi pod takvi uslovi sto na kupuvacite mu donese ogromen profit( Telekom, Rafinerija, ESM, Merm. kom. Prilep, Usje, Sileks i dr) Najbezobrazno e sto site partii i VMRO i SDSM se soglasuvaat deka istata bila nepravedna i krajno nemoralna, no nisto ne prevzemaat za nejzina korekcija. Pa koga mozese posle 60 godini da se vrsi revizija na nacionalizacijata , zosto ne se isvrsi i reviz. na privatizacijata , pa tajkunite da si ja platat vistinskata cena i ako se najdat jasni kriminalni dejanija istata da se ponisti, vo sklad so zakonot.
Од: goko
Датум: 08.10.2010 13:34:58
Navistina nema sto da se dodade na tekstov. Edino bi dodal edna stara ideja za makedonskata crkva. Ako e taa crkva kakva sto treba da bide togas taa treba da gi anatemisa site onie koi go ograbile makedonskiot narod vo taa privatizacija, a ne se spremni da go vratat toj ukraden imot na makedonskiot narod.
Од: Aco
Датум: 08.10.2010 14:33:06
Vo moeto rodno mesto,mal grad vo Makedonija, novite bogatasi se voglavno od redovite na bivsite "Titovi sili". Odnosno prefarbani bivsi komunisti. Ovie znaat sepak ubavo da lelekaat.Primi pozdrav Erolce.
Од: olga
Датум: 08.10.2010 15:43:52
Apsolutno se slozuvam deka e napravena nezakonska privatizacija i deka sekoj graganin na Republika Makedonija treba da ima akcii i da mu bide vraten del od opstestveniot imot vo koj investiral so godini. Mnogu ubav primer e mrezata na T mobile . Bravo za testot i pozdrav
Од: Маркос
Датум: 08.10.2010 16:25:44
Со последниот пасус авторот ми го „зема„ прашањето за нова национализација. Ако во така развиена демократија каква е во Англија, своевремено лабуристите и конзервативците - како се сменуваа на власт - донесуваа закони, де за национализација, де за денационализација на важни гранки во државата, не гледам пречка нешто така да се стори во Македонија. Иако таму не станувало збор за грабеж каков е во македонскиов случај ( така добро опишан од г. Ризаов), поучно е како пример да ништо не е окаменето и вечно. Затоа граѓаните не смеат да се мират со постојната состојба, туку постојано да ги притискаат сегашните владетели да бараат соодветно чаре – до колку и тие не се дел од проблемот . Патем, за македонските граѓани ни малку не е утешно што дури и погнасни филмови се одвртеа (и се` уште се вртат) и во останатите екс ју држави. Како тоа било можно комплексно е прашање, на кое треба да одговори науката
Од: pane
Датум: 09.10.2010 01:01:30
Koga bivshite socijalistichki zemji se reshija za tranzicija na sistemot, zapadot im kaza (se razbira na vladeachkite partiii) "sega ke gi izgasime svetlata i vie vo mrak pravite shto sakate samo da ja privatizirate opshtestvenata sopstvenost, a koga ke se upalat svetlata sve da bide privatizirano" i se razbira deka nikoj nema da bide vinoven za nishto. Dali ste chule za nekoj proces koj se vodi za kriminal vo privatizacijata. Se razbira deka ne. Beshe temnica.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 09.10.2010 09:20:22
Добар осврт на приватизацијата,со мала исправка да Телекомот и окта се криминална продажба а не приватизација,која ја стори благонадежниот експремиер а поткрепено со дебели провизии. Сегашнава опозиција од петни жили и голем напор направо олигарси со крим.приватизацијата.Инаку стопанска банка да се продаде по секоја цена и покрие криминалот и се простија преку 200 мил.марки.Тоа Феличита ќе погод од прва кој го направи.
Од: Мите
Датум: 09.10.2010 09:25:56
ами кога ке почне финализацијата на преговорите за влез во ЕУ дури тогаш ке ни го земат и последното. Ке прават притисоци и за земање на приватни домашни компании. Имаше пред 7-8 години во Хрватска диктат за продавање на банки на странци, сопственикот на Осјечка банка кој не сакаше да ја продаде, без правна основа го уапсија, поради трансфер на фудбалер од фк Осјек, а тој беше и сопственик на клубот

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Невработеноста како весела математика
Македонско-бугарски историски контроверзии (1)
Мишел Обама ја лизна Ангела Меркел од тронот
Созреваме до крајот на бескрајот
„Теа модерна“ го промовира изданието на албански јазик
Почина Љупчо Јордановски
Јагнињата стивнаа
Плата од 1.500 евра е убав сон
Мајка и' и' нашла маж
Надеж за чилеанските рудари
Болнички директори може да одат в затвор
За што загина Оцка?
Свежа музика на докажаните
Отворена врска и секс во тројка?
Панорамско тркало за поубав поглед на „Скопје 2014“
Отровот од Унгарија стигна до Дунав
„Макфест“ е мајка на најголемите хитови
Панди родени по вештачки пат
Голи студентки за роденденот на Путин
Нобел за Марио Варгас Љоса
Ден без А1
Скопје го стресе земјотрес
И ММФ контра Владата, БДП ќе порасне за 1,2 отсто
Стил
Триумф на музиката и на танцот
Вашето алтер его
Опсада на банките од пензионери, зошто не картичка?






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma