Зошто односите меѓу македонскиот и бугарскиот народ не се толку добри колку што треба да бидат на два блиски народа
Виктор Цветаноски
Односите меѓу Македонија и Бугарија повеќе десетици години ги обременува тешкиот товар на минатото за кое историчарите од двете држави имаат различни видувања. За Бугарите, Македонија е најромантичниот и истовремено најтрагичниот дел на бугарската историја. Сметајќи ја за своја, исконска земја, за неа воделе и загубиле неколку војни. За Софија, Македонците се одродени Бугари, а македонската нација и јазикот вештачки творби.
Македонските историчари ги толкуваат таквите тврдења како посегање по македонското минато и грубо негирање на посебноста на македонскиот народ и нација. Во сите овие спорења тие се согласуваат со едно - а тоа дека македонскиот и бугарскиот народ се многу блиски народи.
Од сите соседи најголемо влијание во Македонија извршила Бугарија, а Македонците во минатото најмногу биле свртени токму кон неа. И кога кревале востанија и кога пустошеле војните тие засолниште најчесто наоѓале таму. Софија била престолнина на ВМРО и македонската револуционерна борба. Не е претерано да се каже дека таму се пишувал и најголемиот дел од македонската историја. Mакедонската емиграција во Бугарија денес е најголема македонска емиграција во светот. Се смета дека по неколкуте востанија и војни, таму пребегале околу 100.000 македонски бегалци. Се тврди дека околу 2 милиона бугарски граѓани денес имаат македонски корен.
Бугарскиот писател Љубомир Левчев, годинашен добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата, е целосно во право кога вели дека македонскиот и бугарскиот народ се толку духовно и културно блиски меѓу себе, а, сепак, толку далеку како да се на различни планети. „Балканот е миниран од политички противречја, опасни противречја што немаат природен корен, а кои мора да се надминат. И двата народа во минатото биле заточеници на војните, оковани од идеологиите“, оценува познатиот писател.
Бугарскиот социолог Андреј Рајчев, директор на истражувачкиот центар „Галуп“, во еден разговор ни изјави дека никој никогаш нема да ги убеди Бугарите дека Македонците не биле Бугари, но дека денес тие сфаќаат оти Македонците се посебна нација. „Во времето на социјализмот сите во Бугарија живееле со чувството дека Србите, или не знам кои други, ги натерале Македонците како папагали да говорат: ’Ние сме Македонци’. Сега практично сите Бугари знаат дека не е вистина тоа. Тоа прашање за нив повеќе не е актуелно. Постојат некои ситни политички огништа, како што е ВМРО, коишто зборуваат глупости. Меѓутоа, Бугарите никогаш нема да престанат да веруваат дека ние некогаш сме биле исто. Друго е прашањето што јас мислам. Според мене, секој може да се определи онака како што се чувствува. Излезот на сите балкански држави им е јасен, тоа е присоединувањето кон Европа. Каков друг излез имаме ние? Што делиме, полјаните?!“, се прашува Рајчев.
„И Бугарите и Македонците живеат со историјата. Со историјата онака како што ја разбираат. За мене не е ништо страшно што дел од бугарското општество, вклучувајќи и културни организации, ќе имаат едни или други тврдења што нема да им се допаднат во Скопје или, пак, во Скопје ќе има организации или автори што ќе мислат поинаку и што нема да се прифати во Софија“, вели познатиот бугарски интелектуалец Иван Крстев.
Тој истакнува дека сите што ја познаваат историјата на Бугарија знаат дека нејзината државност во голем степен била изградувана веднаш по 1879 година, околу идејата за национална консолидација, врз идејата за бугарска надлежност на определени земји. Според него, прашањето не е да се заборави историјата, прашањето е да научиме да ја паметиме историја на начин таа да ни помага да живееме заедно. „Многу пробале да ја заборават историјата, а малцина успеале. Длабоко сум убеден дека има смисла да говориме за тоа што ќе ни овозможи да живееме заедно полесно, а не за тоа што непрекинато ќе раѓа вештачки поделби. Така ��то историјата тешко ќе може да биде заборавена“, заклучува познатиот бугарски интелектуалец.
Бугарскиот филозоф Иван Калчев, претседател на Бугарско-македонското друштво за пријателство има малку поинакво мислење. Тој вели дека корените за негаторското однесување на официјалната бугарска политика спрема Македонија треба да се бараат во силното присуство на националистичко-патриотски предрасуди кај поголем број Бугари. „Тие предрасуди се присутни долги години, независно која партија е на власт. Вештачки се поддржува високото самочувство на Бугарите дека тие се славен народ, дека имаат многу славна повеќевековна историја и дека без малку бугарската држава е најстара во Европа. Тезата за славната бугарска историја постојано се потхранува и се тврди дека таа историја лесно не можеме да ја дадеме на другите. Нешто што се прави намерно и нема никаква врска со реалноста. И од таквите позиции на еден национализам и патриотизам со лоши конотации не е тешко да се формира присутниот поглед дека Бугарија граничи со себе си, кој е многу опасен. Сите што мислат поинаку се осудени од јавноста“, вели бугарскиот филозоф.
Посебен проблем во односите е македонската емиграција во Бугарија кон која во минатото се правеле многу грешки. Соработка со неа речиси немало, со исклучок од 1944 до 1948 година, кога Софија признаваше македонска нација. Во останатиот период македонската држава се однесувала кон неа доктринирано и идеолошки, како што, впрочем, го правела тоа и бугарската држава кон Македонците, негирајќи го нивното постоење
Академик Иван Катарџиев вели дека во односите на раководството на македонската држава и емиграцијата во Бугарија имало многу недоразбирања. Во свеста на двете страни постоел неспорен македонски патриотизам, а разликите се јавувале кога ќе се поставело прашањето околу решавањето на македонскиот проблем во постојните историски околности.
„Во однесувањето на двете страни било присутно влијанието на средината во која живееле, го оформувале своето знаење, демократската култура и менталитет. Противречностите особено се експонирале околу прашањето за обликување на културниот и државниот идентитет на македонската држава. Денес во нашата држава се говори за соработка со македонската дијаспора секаде во светот, само не за таа во Бугарија. Научна потреба е да се отвори оваа страница од нашето минато... Минатото е такво какво што е. Тоа не може да се менува, а идните истражувачи на оваа материја треба да се ослободуваат од страстите на минатото“, порачува академик Катарџиев.
Меѓу македонските историчари неподелено е мислењето дека треба да се направи се' за да се урнат идеолошките ѕидови создавани од политичарите во судбоносните времиња и Македонците од двете страни на границата повеќе да не се гледаат како непријатели. И едните и другите се бореле и ја сакале Македонија, без разлика што тие имаат различни национални чувства.
Осумдесет и петгодишниот софијанец Христо Матов, потомок на струшко семејство кое емигрирало во Бугарија, во еден разговор ќе ни признае дека се чувствува и како Македонец, но и како Бугарин. „Јас сум роден во Софија, тука сум школуван и воспитуван, цело време живеам во оваа средина и не можам да се чувствувам поинаку“, ќе ја каже тој сета вистина за потомците на многумина Македонци, кои од една или друга причина се нашле во Бугарија и таму ја прифатиле бугарската национална свест. Матов вели дека за нив Македонија секогаш била најголемата љубов, но и болка и пред неа се крстеле како пред икона.
Зошто Бугарија го смета македонското минато за најромантичниот и најтрагичниот дел од нејзината историја? Што е тоа што Софија ја терало да војува за Македонија. И зошто односите меѓу двата народа се' уште не се така добри како што треба да бидат на два блиски народа? Зошто и на најмал проблем со кој ќе се судрат некои Македонци кои решиле да станат Бугари, каков што беше последниот случај со гевгеличанката Спаска Митрова, официјална Софија реагира жолчно и на највисоко ниво? Зошто ние, овде во Македонија, мошне емоционално го преживуваме секој настан поврзан со нашите Македонци таму?
На овие прашање не може да се одговори ако не се знае што е тоа што ги зближувало, а што ги делело македонскиот и бугарскиот народ во ми��атото, ако не се фрли повеќе светлина на однесувањето и очекувањата на Софија во последните две децении и ако извесен период не се живее таму и на самото место не се почувствува атмосферата и не се доживее она што се случуваше во Македонија. Во овој фељтон ќе стане збор токму за тоа.
Kako mozi Makedoncite blisku da bidatdo TATARITE Tolku godini e porobuvaa Makedonija i so sila sakaa da ne pretvora vo tatari .Isto i Srbite ,ali na krajot po raspaganjeto na JUgoslavia se otarasivne od niv A od tatarite Makedoncite ushte i den deneshen stradaat .Tatarite podobro da ne bea poblisku do nas,belki podobro ke ziveevme.
Од: Mk-Sk
Датум: 08.10.2010 12:46:34
Бугариja оди напред, а ние назадуваме во секој поглед. Факт ! Сами сме си криви !
Од: Rosomonijada
Датум: 08.10.2010 13:28:53
Na posledniot popis vo Otomanskata imperija izvrsen pod pritisok na golem. evropski sili, skoro nikoj na ovie prostori ne se izjasnuval so nacionalno bitie kako Makedonec( Knigite stojat vo Istambul) Prvite koreni i idei za makedonska nacija i svest se pojavile vo pocetokot na 20 vek, a makedonskata nacija definitivno se potvrdila i kodificirala so ASNOM.Nikoj ne moze da negira postoenje na MKD nacija , jazik i kultura, no mora da se istaknat i istoriskite fakti onakvi kakvi sto se , bez preteruvanja i ramanticarski zabnesi. Ne smee geoografskite i teritorijalni nazivi da sezamesuvaat vo seto toa. Znaci istoricarite od dvete strani treba jasno i iskreno da gi tumacat istoriskite fakti, ne so inaet no so naucen pristap i na osnova toa da se kaze vistinata deka postoi mlada Makedonska nacija formirana vo 20 vek , so site nacionalni obelezja , koja ima jasni slovenski koreni i vo golem del zaednicka istorija so sosednite slovenski narodi, posebno so Bugarite.Ostavete gi Pasko i Bozidar
Од: Дете бегалче - во сопствената земја
Датум: 08.10.2010 13:34:00
Во ред е отворањето на старите рани!Со години во МК се прилагодува историјата,но таа е сепак една и неприлагодлива!Секој оној кој ќе го спомне Српството како братско е предавник,оној кој гледа братство со Бугарија е секогаш патриот.Вака се банализираат фактите од минатото до степен на вулгаризација!Всушност вистината е дека сме Близок Род и со едните и со другите!Проблемот е некаде во минатото,историјата и поставувањето на пиедестал на интересите на моќните држави,спротиставувајќи ги реалните-на Балканските народи!Овој народ неколку пати е подло злоупотребен од „Мајката“во бескрајна зла и крвава игра,а својата слобода на два пати ја наоѓа токму со оние со кои се спротистави на злоупотребата!Со нив ја остварува и својата државност и идентификација како народ со сета своја посебност,но и со сличноста на оние од својот род!
Од: LOLO
Датум: 08.10.2010 13:48:53
makedonskiot narod od sekogas bil podlozen na asimilatorskite apetiti od sosednite drzavi,no sekogas odol na bugarskata srbskata i grckata asimilacija. Makedonskiot narod i Makedonskata drzava e REALNOST! Kolku i da im pagja tesko na sosedite,toa e zavrsena rabota,pozdrav od Prilep gradot heroj i povelete na 11 Oktomvri ,denot koga makedonskiot narod se digna so puska v raka protiv bugarskiot fasisticki okupator.
Од: BgMak
Датум: 08.10.2010 13:49:39
Буларо-македонското прашање треба да се реши по примерот Германија-Австрија - германоезична Швајцарија. Еден народ во минатото, од кој се формирале модерни нации. При секој друга опција Македонците ќе бидат "изедени" од Бугарите. Бугарин не е само национална припадност, Бугарин е дијагноза. Грција беше Елада беше Византија. Турција беше Отоманската имеприя беше Селџукски хаганат. Романија беше Влахия беше Влашка и Молдавија. Србија беше Рашка и Зета беше Југославија. Бугарија секогаш беше Бугарија. Еднаш и за секогаш 1300 години.
Од: Blond Macedonian
Датум: 08.10.2010 13:51:14
Profesorot od SAD Keith Brown tvrdi deka Mekedoncite vo Amerika duri do 1940 se narekuvale Bugari. Ochigledno po Vtorata Svetska Vojna, veke ponoviot bran emigracija ke go koristi zborot Makedonec a ne Bugarin kako pripadnost kon posebna nacija.
http://www.youtube.com/watch?v=ktUYnUHB3PY&feature=related
Од: Jane
Датум: 08.10.2010 13:52:50
Pod itno da se podobrat odnosite na sekoe nivo so bratska Bugarija. Makedonija i Bugarija sekogas zaedno! Pozdrav do bratska Bugarija !
Од: Emil
Датум: 08.10.2010 14:04:27
Viktore, kako makedonski Bugari ke bevme mnogu pogolem narod i Albancite nemase taka
lesno da ne gazat so nekoi si Ali Ahmeti. Kako
Makedonci crno ni se pise bratce Viktore. Te zalam be vo tvojata bolna zabluda.
Од: @sv dimitrija
Датум: 08.10.2010 14:16:09
ako goce delchev i kompanijata bile tatari togash i jas sum tatarin. tuka vo republika makedonija se strada od kompleks na visha vrednost sprema b'lgarite shto e mnogu smeshno da ne kazham idiotski. ostavete gi b'lgarite na mir da si ja opejuvaat i oplakuvaat tragichnata sudbina na b'lgarite vo makedonija- od prerodbata i emigracijata, preku opolchencite, komitite i chetite na vmro, do bezhancite i do obidite za osloboduvanje i tragichnite krajovi borbata na b'lgarite vo makedonija a voedno i vo odrinsko (ako na nekoj od deneshna r.makedonija mu e gajle za o-to od imeto na organizacijata)
Од: Do sv dimitrija
Датум: 08.10.2010 14:35:59
Она што ги поврзува Бугари и Македонци са словенските и тракиските корени. Основното население на Бугарија, колку и на некој да е чудно, са претежно Словени и Траки, а од пра-Бугарите, кои биле околу 13-15% е останато името и околу 20-30 зборови кои и до ден денешен се користат во Македонија. Во Бугариjа татари нема.
Од: Krusevchanec
Датум: 08.10.2010 15:31:04
Jas kako covek vo godini bi sakal da gi prasam ovie istoricari so komunisticki diplomi a voedno i da dokazam vo vrska so mojata nacija!! Sum imal sreka da ziveeam dolgi godini so moite pradeo i pra baba a se razbira i so moite dedo i baba,t.e.sose tatkomi i majkami,jas,moite deca i moite vnuci i se na se ke kazam za odprilika 200godini.Site moi predhodnici me ucea i me prokolnuvaa da go prenesuvam na moire pokolenija sto i go pravam, za nivnite stradanja. Taka da za mene i mojata golema familija ima samo edna vistina: Vnucko,sni preziveale Tursko,sni videle Srpsko,sni osetile Grcko ALI KAKO BUGAROTATARITE sto ni imaat loso napraeno od nikoj drug ne sni videle i doziveale!!E pa moi skolovani istoricari so petokrakata na celo,STO BILE SITE MOI PREDHODNICI I STO SNE NIE????
Од: zoran
Датум: 08.10.2010 15:44:28
toa deka prabugarite bile tatari go pishuva samo vo nashite i srpskite ucebnici nikade na drugo mesto vo celiot svet.abe luge nepismenost vladee vo makedonija tatari se pojavuvaat za prv pat vo 12 vek i doagaat vo evropa za prv pat vo 13 vek.
Од: Македонец
Датум: 08.10.2010 15:54:29
до рашомонијада. а дали знаеш дека пописите во Отоманската Империја се правеле врз религиозна основа а не врз основа на етничката припадност?
Од: ilija-sv.nikole
Датум: 08.10.2010 17:20:43
Ne mi e jasno,zosto se krie vistinata za makedonija i hristijanstvoto.......makedonija e oblast od PEONIA-a hristijanstvoto nema vrska so izrael.....spremen sum da debatiram na ovaa tema argumentirano...........
Од: nacional-patriot
Датум: 08.10.2010 18:04:58
Makedoncite i takanarecenite Bugari imaat razlicno poteklo,no i ednite i drugite se slovenizirani.Zatoa sega se slicni no ne isti.Dancite i Svegjanite se slicni,Litvancite so Letoncite se slicni,Fincite se Estoncite se slicni...no iako slicni jazici,tie imaat razlicni jazici.Iako slicni,razlicni jazici imaat Makedoncite i takanarecenite Bugari.Drugo e so Germancite ,Avstrijcite i mnozinstvoto Svajcarci.Tie ne zboruvaat slicen jazik,tuku ist jazik germanski,bidejki site tie se Germanci.Ist jazik zboruvaat Srbite i Hrvatite.
Од: karokan "gambit"
Датум: 08.10.2010 18:43:33
So razmisluvanja (ako voopsto moze da stane zbor za razmisluvanje) kako tvoeto,crno ni se pisuva
bratce Emile!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: Pejo Javorov
Датум: 08.10.2010 19:23:09
Chitam se koje je napishal gospodinot,I PLACHAM,placham neuteshno i nemozah da zastanam povekje od 10 minuti...Celata mi familija se izbegani posle Balkanskite vojni 1912-1913 vo Blgarija,Sofija...Od Kosturcko,selo Dambeni...Nikoj nemoze(kako i pushuva gospodinot)da razbere kolku ja sakame Makedonija nije,Blgarskite Makedonci....Nije ushte gi pochitame vo nashata kashta i gi gledame kako zenicata na ochite site lichni veshti koii se ostanati od pradedo(znamenosec na Jane Sandanski 1907-1909...Imame ejdna koshula so ostanata krv,revolver,golem noz,sablja i chizmi....Pradedo je uchastval vo Odrinskata bitka,Prvata Svetpvma vojna-pri Dojran,naj velikata bitka na blgari i makedonci vo Prvata sv.vojna,kade si gubi levata raka i pol noga do kolenoto...Taa bitka kraj Dojran je ostanata i vo Britanskata istorija....Za jeden den Velika Britanija gubi 50.000 vojnici....70% od vojnicite vo Blgarskata vojska se bili makedonci,pa i za toa ovaa vojska se je bila za svojta zemla,kashta,semejstvo ..
Од: ПАК ЛИ КОМЕНТИРАТЕ БЕ
Датум: 08.10.2010 21:40:27
Колку пати ви пишав порано дека денес два милиони луге во Бугарија се со македонско потекло.
Од: од Ѓоко ивановски
Датум: 08.10.2010 22:47:33
Авторот на текстот е претерано запоен со бугарофилство. С амо заради напомена, Бугарите секош биле фашистички настроени кон Македонија и излишно е секакво понатамошно објавување на натписите во оваа насока од овој автор. а како не те е срам да ги величаш бугарите господине кога само во моето село за еден ден убиле 18 работно способни домакини кои нЕМАЛЕ никакве врска со окупационата состојба. : Молба до редакцијата. ---престанете со овој натпис од овој непријател на Македонија. Престанете со глорификација на бугарофилството