Број 3402  петок, 08 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Анализа
Вести








Site Meter

Опсада на банките од пензионери, зошто не картичка?

Не помислувајте да влезете во банка во деновите кога се подигнуваат пензии, ќе се изначекате со саати

Соња Маџовска

Опсада од пензионери - во изминатите два дена не се влегуваше во банка. И не помислувајте да влезете во банка кога се подигнуваат пензии. Таму ��ладее општ хаос, турканици и се чека со саати. Се прелева чашата на какво било трпение. Помислата дека треба да одите во банка за да платите сметки или рата за кредит, да подигнете пари или да завршите некоја работа, граѓаните ги вади од кожа.

Од двете најголеми банки во земјава, кои имаат и најмногу клиенти, но и најмногу се чека, велат дека прават се' за да се намалат редиците и времето на чекање, ама факт е дека засега нема позначајни резултати. „Вчера додека чекав во банка да уплатам пари на картичка, забележав како банкарските службеници одеа од пензионер до пензионер и ги прашуваа дали имаат картички за да им помогнат да извадат пари на банкомат или доколку немаат, им нудеа веднаш на самото место да им издадат, без никакви надоместоци, само да не чекаат. Но, бадијала, најголем дел од пензионерите не сакаа ни да слушнат, ’јас ќе си ги земам парите од тековна сметка‘, велеа тие. Мал беше бројот на оние што прифаќаа помош“, вели наш новинар, кој вчера се затекол во банка.

Не дека им замеруваме на пензионерите, и тие не се криви, дел од нив не гледаат или се плашат дека банкоматот ќе им ја лапне картичката. Но, има и такви на кои подигнувањето пензија им е како празник, па сакаат да се дотераат, да си направат муабет додека чекаат во банка или да се искараат, на пример, со обезбедувањето што се обидува да направи ред или со банкарските службеници. А откако ќе се подигне пензијата, најчесто во целиот износ, некои од нив се договараат со пријателите да се почестат во кафеана.

Но, има и такви пензионери што го почувствувале благодатот на картичката, па не чекаат со саати секој месец во банка. „Додека можеше, пензијата ја земав дома, односно ми ја носеше поштар. Сега, откако го укинаа тој начин на достава, на совет на мои роднини, извадив картичка. Во почетокот бев скептична дека ќе можам лесно да се снајдам, но сега сум раат. Веќе не морам со часови да чекам во редици во банките, тоа е многу напорно за нас, постарите луѓе, посебно кога е студено времето или е ако е жешко. Не разбирам зошто и натаму голем број пензионери упорно се малтретираат и стојат со часови во банките наместо да си извадат картичка и да си ја земаат пензијата од банкомат во секое време“, вели една пензионерка од Скопје, која е корисник на дебитна картичка.

И додека секој пензионер ќе ви даде свој изговор за тоа дали има или не сака да слушне за картичка, граѓаните, особено вработените, остро реагираат. Секој има што да каже кога ќе се отвори темата за чекање во банка. Сите се жалат дека редовно во банките чекаат по најмалку 40 минути. И сите си го поставуваат истото прашање, зошто не работат повеќе шалтери, не само деновите кога се земаат пензии туку и во другите.

Објаснувањето на банкарите е дека вината не лежи само кај нив.

„Бројот на Интернет-корисници континуирано се зголемува, но и на Интернет банкарството, како и сите современи трендови, бараат време за нивно помасовно прифаќање. Поради тоа, не секогаш треба вината за каналите на дистрибуција да се бара во банките, туку и во менталитетот на жителите во регионот, бидејки ситуацијата е слична и во банките во соседните држави“, велат од Комерцијална банка.

И од Стопанска банка велат дека овој проблем го коментирале повеќе пати во јавноста и дека на располагање на клиентите им стојат повеќе алтернативни решенија со кои ќе го избегнат чекањето пред шалтерите. Од оваа банка посочуваат дека тие им се достапни на клиентите не само преку филијалите, туку 24 часа преку Интернетот, телефонот и банкоматите.

За разлика од кај нас и во соседните земји, во европските држави не постојат редици во банка, таму се' е автоматизирано, па така 24 часа може да се уплаќаат сметки, да се подигнуваат и да се трансферираат пари. На Европејците фактички воопшто не им се потребни банкарските службеници. Иако најголемиот број од домашните банки имаат странски газди, кои многу поразлично работат во земјите од каде што доаѓаат, очигледно, кај нас го прифаќаат или, пак, едноставно не можат да го променат македонскиот менталитет.


#
Статијата е прочитана 1934 пати.

Испрати коментар

Од: stack
Датум: 08.10.2010 12:27:07
А да воспостават банките ред на чекање со бројчина?
Од: Aleksandar
Датум: 08.10.2010 12:34:36
Главниот проблем на банките во Македонија и нивните клиенти кои чекаат по 40 минути е катастрофалниот софтвер што банкарските службеници се приморани да го употребуваат. Софтвер правен по никакви стандарди за кориснички интерфејс, на кој службеникот треба да внесе исти податоци и по неколку пати, па да ги запишува на ливче додека оди од еден програм во друг, и така натаму. Затоа времето на процесирање на еден клиент е 10 минути, наместо се да биде готово за 1 минута. Домашните софтверски фирми ќе речат - нашиот софтвер е незнам колку квалитетен итд. Да, можеби под површината, но над површината е катастрофа. Слична е и ситуацијата со АТМ машините, каде на пример некои автомати ви бараат да внесете сума во денари со Дени (0.00 !!) што е апсолутно непотребно и е ноќна мора за било кој што не гледа добро, пр. пензионери. Софтверските фирми во Македонија треба да научат дека постои категорија што се вика user interface design.
Од: Дарко
Датум: 08.10.2010 12:41:04
Овој текст покажува колку во нашето општество недостига чувство на разбирање на потребите на другите и колку завладеал егоизмот меѓу нас. Зарем пензионерите се криви за гужвите. Ако треба да платите сметки можете да одете во пошта или на друго место. Во месецот има само два дена гужва при подигнувањето на пензиите и банките може да се организираат така што ќе отворат посебни шалтери за исплати на пензиите. Штета, стварно штета за нас што живееме во РМ.
Од: Komentator
Датум: 08.10.2010 16:54:58
Jas sum penzioner i zimam na tekovna penzija i TOCKA...toa e mojot izbor..ama koga ke mi zastanat redica musterii pred mene na kasa i kupuvat samo dva tri proizvoda cak i samo paklo cigari so karticka kosa mi se digna glava od cekanje..Sekako so kes odi pobrgu ..sakale nie da veruvame ili ne...E sega bankite nikogas red nema da stavat ..zosto i nemaat interes podobro e nekoj da odi narednite denovi vo banka i da ne ceka redici ..a bankata si gi saka se poveke da i stojat vo sef...PARITE...
Од: zoran
Датум: 08.10.2010 17:36:24
glavniot problem na bankite e taktikata koja ja vodat, na primer vo stip vo stopanska banka od 6 7salteri iako vo niv sedat vraboteni namerno gi turkaat vo eden salter za da se sozdate vestacka guzva , kobajagi guzva imalo, kobajagi stopanska banka e mnogu uspesna banka, guzva se stvara. e toa e taktikata na bankite.
Од: Габриел
Датум: 08.10.2010 17:36:55
Се согласувам со Александар, потполно е во право! Не знам за другите банки ама во Стопанска Банка каде што имам сметки е катастрофа! Службеникот мора некоку пати да оди наваму-натаму, 3-4 пати да запише одредени податоци, да ги внесе во програмата за конечно да ме пронајде. Не знам зошто нема некоја концепција за база на корисници, како досие, па со мојот матичен број или било кој ID број од документите, службеникот да види дека во банката имам тековна сметка, VISA кредитна картичка, ОК кредит, интернет сметка и тн. Ако внесувам пари на VISA картичката, и да речеме ме интересира како ми е состојбата на OK кредитот, службеникот не може така лесно да ме пронајде, па му требаат некои 10 минути пребарување или морам да ја носам картичката од ОК кредитот. Имам видено и друг софтвер од наши домашни компании и програмери и не ми е јасно зошто никој не обрнува внимание за корисничкиот интерфејс и едноставноста да се дојде до одредени податоци, или user frendly interface како што се нарекува.
Од: veritas
Датум: 08.10.2010 20:15:17
Bankite mozat da vovedat sistem na avtomatsko naplakanje na smetkite za struja, voda i.t.n od smetkata na obvrznikot pri sto ne bi moralo da se ceka red za sekoja smetka, tuku taa bi bila naplatena posledniot den od rokot za naplata.Taka bi se izbegnale nepotrebnite guzvi vo bankite.
Од: Dimitar
Датум: 08.10.2010 22:03:55
Bankomati ne se rešenie, ako nema sekojdnevna tehnničko-servisna podrška. Bankomati goltat penzii, što e slučaj vo Srbija. Avstraliskite državni organi stavili na INTERNET upatstvo, kakko da se raboti so bankomatite i otstranuvaat razni dodavki od strana na kriminalcite, so koi vi kradat potpisot, brojot, PIN-ot i drugi malverzaciji. Vo srpskite banki e vovedeno da eden službenik izhleguva pred banmkomatot zaedno so klientot i prati so vnimanie načinot, na koj klientot zima pari. Vo isto vreme go i obučuva.
Од: CACKO E OD KAVADARCI
Датум: 09.10.2010 06:29:07
Organizaciskata podgotvenost so kadri i softver e golemiot problem i pricina za plus birokratija kaj nas Ako bankite ne se tolku alcni i navreme gi servisiraat svoite mrezi sigurno nema da bide taka i lugeto nema da cekaat so casovi.Vtora glupa rabota sto ja nema nikade na svetot e transakciskata smetka .Preku nea se povreduva sekoje pravo na Sopstvenost odnosno tajnost i privatnost na podatoci.I treto treba lugeto da se emancipiraat i educiraat konstantno za da mozat da gi vidat blagodetite na bankarskite debitni karticki ama pod uslov bankite da gi namalat transakciskite marzi a trgovcite pomasovno da gi prifakaat.I sto e najcudno od se zasto se mora da se plaka vo banka ili posta. Zosto Drzavata odnosno Ministerstvata ne pocnat direktno na salterite da primaat uplati na pr: za Drzavjanstvo ili maticno itn ...i so toa bi se resil problemot brzo.Taka raboti zapadot i Amerika.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Невработеноста како весела математика
Македонско-бугарски историски контроверзии (1)
Најголемиот грабеж
Мишел Обама ја лизна Ангела Меркел од тронот
Созреваме до крајот на бескрајот
„Теа модерна“ го промовира изданието на албански јазик
Почина Љупчо Јордановски
Јагнињата стивнаа
Плата од 1.500 евра е убав сон
Мајка и' и' нашла маж
Надеж за чилеанските рудари
Болнички директори може да одат в затвор
За што загина Оцка?
Свежа музика на докажаните
Отворена врска и секс во тројка?
Панорамско тркало за поубав поглед на „Скопје 2014“
Отровот од Унгарија стигна до Дунав
„Макфест“ е мајка на најголемите хитови
Панди родени по вештачки пат
Голи студентки за роденденот на Путин
Нобел за Марио Варгас Љоса
Ден без А1
Скопје го стресе земјотрес
И ММФ контра Владата, БДП ќе порасне за 1,2 отсто
Стил
Триумф на музиката и на танцот
Вашето алтер его






EU considers its division on Kosovo status an advantage
Bulgaria's Borisov loses ground and temper
Romanian former tennis star enters Roma controversy