Број 3402  петок, 08 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Анализа
Вести








Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Невработеноста како весела математика

Маја Томиќ

Сакале верувале, сакале не, но ние сме држава каде што во континуитет паѓа бројот на работниците во индустријата, се намали и индустриското производство, се зголеми стапката на сиромаштија за 2,4 отсто, а невработените, исто така, во континуитет, ги има се' помалку.

Т��ка покажуваат податоците и на двете одговорни институции, кои ги мерат овие појави - Државниот завод за статистика (ДЗС) и Агенцијата за вработување (АВРМ). Според ДЗС, во вториот квартал од годинава стапката на невработеност е намалена за 1,4 отсто во споредба со првиот квартал и сега изнесува 31,1 отсто. Истовремено, според АВРМ, од јануари до крајот на август бројката на невработени е намалена за близу 17.000 лица.

А, стопанството никако да мрдне чекор напред. Кризата уште кочи голем број македонски фирми да кренат глава и да почнат да работат со профит како некогаш. Ова посебно се однесува на компаниите од преработувачкиот и од металскиот сектор, како и на текстилната дејност каде што од почетокот на кризата се' досега не стивнува бранот на отпуштања, а се најавуваат и нови. За осум месеци од оваа година имало за 5,9 отсто помалку работници во индустријата, а од август лани до пред два месеца се отпуштени над 8.400 работници во преработувачкиот сектор, од кои 4.500 биле од текстилната индустрија.

И сега, кој ја покажува вистинската слика за невработените, стопанството или институциите? Кому треба да му се верува? Стопанствениците велат, тие се одраз на реалната слика и дај Боже да е така, да може да се вработуваат што повеќе лица, наместо да се делат откази. Но, не е така. Тогаш, зошто читаме за се' помалку невработени, какви се анализите и пресметките од институциите кои покажуваат нешто спротивно од објективната економска слика. Зошто и кому му служат иреалните бројки? За АВРМ се знае дека е ригорозна и веднаш ги брише од списоците лицата кои нередовно се пријавуваат, со што вештачки паѓа бројот. За разлика од старото раководство во Агенцијата, новата постава никогаш не излезе во јавноста да каже колку лица месечно се бришат по оваа основа, како што не се соопштуваат ниту какви било други информации што се од важност за јавноста. ДЗС, пак, ја прави математиката според меѓународни стандарди и речиси постојано регистрира пораст на вработени лица, што автоматски ја намалува стапката на невработеност. Во согласност со странските стандарди, ДЗС врши анкетирање на лица на возраст од 15 до 79 години и за вработено се смета лице кое во текот на една недела работело најмалку еден час, кое помага на семеен имот или на семејна фирма, без да прима плата!? Такви се европските стандарди и Македонија како дел од ЕВРОСТАТ се придржува кон нив. Но, македонската економија е многу далеку од европската, така што примената на слични или на исти стандарди за одредена појава ниту оддалеку не ја отсликува реалноста.

Секаде во светот кризата остави без работа милиони лица и речиси секоја земја објавуваше бројки за пораст на невработеноста, тука немаше ништо чудно. Зошто во Македонија беше и остана страшно да се каже дека поради кризата се зголемува бројот на невработени? Дали затоа што на владејачката гарнитура, која се фали со економски успеси, тоа дефинитивно не и' оди во прилог. За разлика од опозицијата за која ова станува адут плус во критиките кон власта. Крајно несериозно е што овој долгогодишен клучен проблем во државата, наместо да е предизвик за власта за наоѓање решенија, претставува предмет за политички малверзации и препукувања.

Македонските фирми велат дека не очекуваат во наредните месеци подобри услови за работа, напротив, најавуваат и нови отпуштања на работници, што ќе значи и натамошен пад на стандардот и пораст на сиромаштијата. Дали и тогаш ќе има намалување на невработените или институциите и власта ќе имаат доблест да ја признаат фактичката состојба.


#
Статијата е прочитана 800 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 08.10.2010 18:12:40
Народот сака вистинско вработување.Вработување каде ке биде заштитен од државата и вистински синдикат.Преку глава му е од статистички бројки на вработување и владини манипулаци.
Од: Невработен
Датум: 08.10.2010 19:51:01
Иако многу ја почитувам оваа влада, многу ми е жал што ја прифати методологијата на понижување на невработените во Агенцијата од претходните гарнитури. Дури отиде и чекор подалеку (надградба и проширување на чекорот?) со намалување на рокот на пријавување (малтретирање) на невработените на два месеца, како и пријавување на точен ден, а не во рок од месец дена (за среќа, изгледа дека ова решение е повлечено). Колкаво е тоа понижување и трошок (за превоз на пр.) на невработено лице секои два месеца да го бројат и пребројуваат, само барајќи причина да го “избришат“. Зошто е тоа воопшто потребно, освен како средство за намалување на црната статистика? Одговорот е јасен.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Македонско-бугарски историски контроверзии (1)
Најголемиот грабеж
Мишел Обама ја лизна Ангела Меркел од тронот
Созреваме до крајот на бескрајот
„Теа модерна“ го промовира изданието на албански јазик
Почина Љупчо Јордановски
Јагнињата стивнаа
Плата од 1.500 евра е убав сон
Мајка и' и' нашла маж
Надеж за чилеанските рудари
Болнички директори може да одат в затвор
За што загина Оцка?
Свежа музика на докажаните
Отворена врска и секс во тројка?
Панорамско тркало за поубав поглед на „Скопје 2014“
Отровот од Унгарија стигна до Дунав
„Макфест“ е мајка на најголемите хитови
Панди родени по вештачки пат
Голи студентки за роденденот на Путин
Нобел за Марио Варгас Љоса
Ден без А1
Скопје го стресе земјотрес
И ММФ контра Владата, БДП ќе порасне за 1,2 отсто
Стил
Триумф на музиката и на танцот
Вашето алтер его
Опсада на банките од пензионери, зошто не картичка?






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma