Број 3402  петок, 08 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Анализа
Вести








Site Meter

ТВ-Фотелја

Ден без А1

Роберт Д. Крстевски

Вселената си остана таква каква што е, со сите досега познати галаксии, планети, нивни сателити, комети, црни дупки и други небески тела. Земјата продолжи да се врти околу својата замислена оска. Сонцето, како и секогаш, изгреа на исток. Денот, како и секој друг, имаше точно 24 часа, 1.440 минути и 86.400 секунди. Ниту помалку ниту повеќе.

Во Македонија секој си бркаше своја работа. Некој в градинка, друг на училиште или на факултет, трет на работното место. Едни правеа ајвар, други се снабдуваа со дрва за огрев, трети пазареа. Кој со семејството на ручек, а кој, богами, со љубовницата на кафе или во мотелска соба...

Сумирано, на 4 октомври ниту се случи нов биг-бенг, ниту дојде крајот на светот, ниту се појави Месијата, како што можеби очекуваше или посакуваше еден друг, локален месија. Се случи само црн екран на фреквенцијата на неговата телевизија А1, со објаснување со бели букви дека 24 часа нема да се емитува програма поради исто толку долгата забрана за рекламирање, изречена од Советот за радиодифузија. Вистинскиот мотив за потегот без преседан во македонскиот радиодифузен простор на јавноста и' го соопштија наредниот ден: „Темниот екран што зрачеше од телевизија А1 е симболичен израз за состојбата на демократијата во земјава и за односот на институциите кон таа состојба“.

Апсолутно немам намера да спорам со ваквиот став, бидејќи секој има право на став за кое било прашање, но истовремено секој одговара за последиците кога ќе преземе радикален чекор поради свртување на вниманието на јавноста кон неговиот став. Колку што знам, и други ТВ-станици биле санкционирани од Советот за радиодифузија, па на ниту една од нив не и' паднало на ум да постапи како А1.

Што, всушност, доби телевизијата со тоа што ги остави своите гледачи еден ден без програма? Освен што беше топ-тема тој ден, ништо посебно. Во стилот на народната - секое чудо за три дена, интересот за случајот спласна исто толку брзо колку што се наметна во јавноста, бидејќи го потиснаа други актуелни собитија.

Од друга страна, А1 изгуби многу. Прво, излезе несериозен партнер пред коминтентите што се огласуваат преку неа, кои веќе не се сигурни дека нема и друг пат телевизијата да направи испад, оставајќи ги еден ден без емитување на нивните реклами. Второ, практично, ги казни своите гледачи, кои еден ден беа принудени да следат други канали или воопшто да не гледаат телевизија. Трето, и најважно, борбата за менување на состојбата со демократијата во државата не се води така што прво ќе си пукаш во сопствената нога, туку токму со користење на телевизијата како докажано најмоќен медиум на денешницата, заедно со Интернетот.












#
Статијата е прочитана 628 пати.

Испрати коментар

Од: Ljupco
Датум: 08.10.2010 15:03:59
Прво, излезе несериозен партнер пред коминтентите што се огласуваат преку неа, кои веќе не се сигурни дека нема и друг пат телевизијата да направи испад, оставајќи ги еден ден без емитување на нивните реклами...... А нели беа казнети со неемитување на реклами???? Како може ова да биде под прво, навистина не разбирам.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Невработеноста како весела математика
Македонско-бугарски историски контроверзии (1)
Најголемиот грабеж
Мишел Обама ја лизна Ангела Меркел од тронот
Созреваме до крајот на бескрајот
„Теа модерна“ го промовира изданието на албански јазик
Почина Љупчо Јордановски
Јагнињата стивнаа
Плата од 1.500 евра е убав сон
Мајка и' и' нашла маж
Надеж за чилеанските рудари
Болнички директори може да одат в затвор
За што загина Оцка?
Свежа музика на докажаните
Отворена врска и секс во тројка?
Панорамско тркало за поубав поглед на „Скопје 2014“
Отровот од Унгарија стигна до Дунав
„Макфест“ е мајка на најголемите хитови
Панди родени по вештачки пат
Голи студентки за роденденот на Путин
Нобел за Марио Варгас Љоса
Скопје го стресе земјотрес
И ММФ контра Владата, БДП ќе порасне за 1,2 отсто
Стил
Триумф на музиката и на танцот
Вашето алтер его
Опсада на банките од пензионери, зошто не картичка?






EU considers its division on Kosovo status an advantage
Bulgaria's Borisov loses ground and temper
Romanian former tennis star enters Roma controversy