27.09.2011, 15:36 „Гугл“ денеска го слави 13. роденден
Роденденското лого се петте букви од логото на компанијата седнати околу роденденската торта.
Интернет пребарувачот „Гугл“ денеска го слави својот 13. роденден. На почетната страница на „Гугл“ има слика на која е прикажана торта со 13 свеќи и три капи на буквите од логото. На масата на која се наоѓа тортата има три подароци.
Се претпоставува дека токму трите капи и подароци им припаѓаат на главните луѓе на компанијата, Лери Пејџ, Сергеј Брин и Ерик Шмит, лицата кои го основале “Гугл“ во септември, 1998 година.
Компанијата својот 13-ти роденден го дочека со удел од неверојатни 90 проценти во глобалниот Интернет пазар за пребарување и со многу новини, меѓу кои најзабележителен е најновиот конкурент на Фејсбук - Гугл+ .
|