27.09.2011, 11:51 Маја Лазаревска на „Мис бикини интернационал“ во Кина
Веќе две недели Маја (прва од десно) се наоѓа во Санија, Кина
Македонската топ моделка Маја Лазаревска ќе ја претставува нашата земја на „Мис бикини интернационал 2011“ што ќе се одржи утре (28 септември) на островот Санија (познат по изборот за Мис на светот) во Кина. На изборот ќе учествуваат 80 девојки од исто толку држави од целиот свет. Маја веќе две недели се наоѓа во Кина, каде што се подготвува заедно со другите мисици за вечерашното финале. Таа замина во Кина благодарение на модното студио „Црнокрак“, кое ја поседува лиценцата за учество на овој престижен интернационален избор за убавина. Патем ова не е прв меѓународен избор на убавина за Маја – во 2004 година учествуваше и победи на „Мис на Медитеранот“ што се одржа во Дубаи.
|