28.09.2011, 16:31 Полански ја прими наградата за животно дело
На францускиот режисер со полско потекло, Роман Полански вчера во Цирих конечно му беше врачена наградата за животно делo што уште во 2009 година му беше доделена на Филмскиот фестивал во тој град.
Седумдесет и осумгодишниот Полански тогаш не можеше да ја земе наградата, зашто беше уапсен со самото пристигнување во Цирих.
На местото на церемонијата Полански беше пречекан од десетици обожаватели, на кои им доделуваше автограми.
- Подобро некогаш, отколку никогаш. Тоа е начин да им се заблагодарам на оние што ме поддржуваа во моите најтешки времиња - рече Полански завчера во интервју за швајцарската телевизија ТСР.
Режисерот рече дека веќе 40 години редовно доаѓа во Швајцарија каде има многу свои пријатели. Тој во Швајцарија дојде првпат во 1969 година, откако неговата сопруга, во осмиот месец од бременоста, беше убиена од членови на секта.
По неговото апсење на 27. септември 2009 година, Полански беше задржан во затвор до 9 декември во Цирих. Од таму беше префрлен во куќен притвор со кауција од 4,5 милиони швајцарски франци и мораше да носи електронска ракавица за да се следи неговото движење.
Од куќен притвор беше ословоден во ј��ли 2010 година, откако Швајцарија одби да го испорача во САД, каде е обвинет за секс со малолетничка од 13 години во 1977 година. Според обвинението, малолетната Саманта Гајмер тој ја намамил на секс со помош на шампањско и таблети за време на една фотосесија кај актерот Џек Николсон.
До ден денес Полански не смее да влезе во САД, зашто веднаш ќе биде уапсен.
|