Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
27.09.2011, 12:43

Цела недела дизајн во Скопје



Од денеска до 2 октомври во Куршумли-ан ќе се одржи првото издание на манифестацијата „Недела на дизајн“, која ќе понуди многубројни изложби, работилници, предавања и презентации.

Вечерва почнува првото издание на манифестацијата „Недела на дизајн“, која до 2 октомври ќе се одржува во прекрасниот амбиент на Куршумли ан. Овој културен простор повторно ќе заживее во духот на својата оригинална намена и ќе биде домаќин на трговците - овој пат на оние со најбараната стока на 21 век, информациите и идеите. Отворањето е закажана за вечерва во 20 часот, на што му претходи работилницата „Декор“ во 16 часот.

Централниот простор на Анот, како и 47-те ќелии на првиот и вториот кат, пет дена ќе бидат најактивното место во градот, средиште на бројни изложби, работилници, предавања и презентации, дискусии и формулирање на нови идеи и партнерства. На манифестацијата предвидени се и промоции и дегустации на нови производи, а во вечерните часови ќе има и квалитетна музичка програма.

Организатор на „Недела на дизајн“ е платформата Министерство за задоволство, отворена меѓународна структура која ги поврзува оние за кои бизнисот е задоволство, а задоволството бизнис. Во мо��ентов, во платформата се невладините проекти „Паблик Рум“ и „Парк, Плакарт“, како и претставникот на бизнис секторот, „Полиплан“.

„Skopje Design Week“, велат организаторите, ќе го претстави најдоброто од македонскиот дизајн, особено свежата крв. Голем акцент е ставен на соработката со факултетите за индустриски дизајн и мода и вклучување на студентите во процес на работа за конкретни клиенти и пазари. Во Куршумли ан, во деновите на фестивалот, ќе се одвиваат неколку такви работилници, а ќе бидат организирани и неколку практични презентации што ќе ги воведат младите дизајнери во градењето сопствен бренд, негов идентитет, следењето или диктирањето трендови на пазарот. Организаторите велат дека за професорите од креативните факултети, а и за креативата на маркетинг агенциите од особен интерес ќе биде предавањето/работилницата „Креативна стратегија“ водена од Академијата за дизајн од Ајндховен, а која ќе се одржи во петок во 14 часот, како и дебатата „Креативноста во Македонија“ закажана за в сабота.

Програмата на „Недела на дизајн“ вклучува и музичка програма, настапи на музички групи и диџеи. (Т.И.)




Статијата е прочитана 832 пати.

Испрати коментар



Македонски режисер сними филм во Холивуд
Седми Фестивал на новиот германски филм
Гоце Мојсоски на „Менхант“ во Сеул
Биографската книга за Стив Џобс на водечката позиција на „Амазон“
Пол Макартни се жени по третпат
Ќерката на Били Боб Тортон осудена на 20 години затвор
Награда за македонскиот сатиричар Васил Толевски
Фрик фестивал по трет пат
Ларс Фон Трир повеќе нема да зборува јавно
Томас Транстромер добитник на Нобеловата награда за книжевност
Фестивалот „Браќа Манаки“ се отвора со „Крвта што проштава“
Нема случајност, туку лош однос кон филмот
Трајче Кацаров е добитникот на наградата „Григор Прличев“
ФОТОГАЛЕРИЈА - На снимањето на „Трето полувреме“
Продолжуваме да го одиме патот на сонцето
Кандидатурата за Оскар на „Панкот...“ ќе биде прифатена
Две меѓународни награди за проектот „Amazing Macedonia“
„Епл“ го претстави најновиот iPhone 4S
Поемата „Ако“ ја освои наградата „Григор Прличев“
(ЕКСКЛУЗИВНО) Сите детали за утрешниот концерт за Тоше
„Мајки” и Манчевски на филмскиот фестивал во Варшава
„Дијалог“ ќе им подари книги на десет библиотеки
Википедија на македонски јазик надмина 50.000 статии
Премиера на новиот проект на Драган Даутовски
Да го направиме одново ѕвезденото небо за Тоше
Култното германско дуо „Маус он Марс“ вечерва на „Десонанз“
„Панкот не е мртов“ денеска премиерно во Лондон
Фестивал на занаетчиите во Старата скопска чаршија
Густав Малер за старт на сезоната на Филхармонија
„Маус он Марс“ главни ѕвезди на „Десонанз“
Весна Јакимовска на Мис на светот во Лондон
„Амазон“ го претстави својот таблет Kindle Fire
„Ромео и Јулија“ најдобра на 36. МОТ
Наградата на „Екс понто“ ни отвори многу перспективи
Полански ја прими наградата за животно дело
Македонски стрип меѓу најдобрите на Салонот во Белград
„Епл“ на 4. октомври ќе го претстави iPhone 5
ФОТО - Катарина во сета своја раскошна убавина
МОТ завршува со две претстави и концерт на „Биоскопија“
„Гугл“ денеска го слави 13. роденден
Литванската „Ромео и Јулија“ вечерва на МОТ
Маја Лазаревска на „Мис бикини интернационал“ во Кина
Почина Серџо Бонели - авторот на Загор, Мистер Но и Дилан Дог
Професорка, докторка и стујардеса му вадат душа на Тони Зен
Два филма на Киро Урдин премиерно во Кинотека
Парис Хилтон ги шокираше Индијците
Хит-претставата „Господа Глембаеви“ вечерва на МОТ
Веста Вилијамс пронајдена мртва
Две претстави и концерт денеска на МОТ
„Пета“ со порно сајт за заштита на животните
Дали Ајнштајн згрешил?
„Фејсбук“ го претстави новитетот „Тајмлајн“
Гитаристот Владимир Четкар го освојува и Лондон
Тенорот Благој Нацоски ја почнува новата концертна сезона

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 13°C

Делумно облачно

Вторник
Делумно облачно
Макс: 17°C, Мин: 7°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 23°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
 
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Писма |