Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
30.09.2011, 14:01

Фестивал на занаетчиите во Старата скопска чаршија



Со отворање на Фестивалот на занаетчиите во Старата скопска чаршија денеска и официјално почна манифестацијата „Денови на занаетчиството во Македонија 2011“ што годинава се одржува под мотото „Биди занаетчија, биди перспективен“

Фестивалот за отворен го прогласи министерот за економија Ваљон Сарачини, кој како дел од проектот „Признанија за најуспешните“ синоќа му додели и плакета за заслуга за развој на занаетчиството во Македонија на Енвер Абди, златар од Скопје и претседател на Собранието на Занаетчиската комора со што манифестацијата беше прогласена за отворна.

- Деновите на занаетчиство се вистинска можност за поттик, промоција и ревитализација на занаетчиството во Македонија. Занаетчиството е важен фактор на економскиот развој и како стопанска дејност има огромен, но за жал недоволно искористен потенцијал. Затоа сите заеднички треба да работиме оваа манифестација да стане традиционална и препознатлива во државата, но и пошироко, рече министерот Сарачини во поздравниот говор.

Тој посочи дека деновиве Старата скопска чаршија треба да биде место на дружење, средби, разговори и договори и да привлечат нови сили - нови ученици кои ќе ги изучуваат занаетите, а мајсторите да почнат нови бизниси. Потсети на минатото кога во чаршијата се создавале, како што рече, братски односи и не било битно кој како се вика и повика повторно тоа да се врати на сцена.

- Тоа ќе биде гарант за иднината на занаетчиството и на стопанството. Затоа Владата изготви Стратегија за развој на занаетчиството со акциски план од 2012 до 2020 година, рече министерот Сарачини и потсети дека Владата и досега направила напори за поддршка на занаетчиството преку воведувањето на регулаторната гилотина, образованието и обуките за занаетчиството и доделување грантови од 5.000 евра за набавка на алат и опрема, како и за стручно образование.

Во тек на „Денови на занаетчиството во Република Македонија 2011“ низ девет градови во државата ќе бидат организирани дискусии на теми од важност за занаетчиството, стручни семинари и обуки, работилници, базар на ракотворби, а ќе биде прогласен и занаетчија на годината. Целта е да се промовираат можностите и разноликоста од услуги и производи шти ги нудат занаетчиството и занаетите, да се зачуваат традицијата и културата, а притоа да се срушат табуата и предрасудите за занаетчиството како стар и неисплатлив занает.

Манифестацијата „Денови на занаетчиството во Македонија“ се одржа првпат лани во септември во организација на Занаетчиската комора, а со поддршка од Занаетчиската комора Кобленц од Сојузна Република Германија и Министерството за економија на Македонија.











Статијата е прочитана 696 пати.

Испрати коментар



Македонски режисер сними филм во Холивуд
Седми Фестивал на новиот германски филм
Гоце Мојсоски на „Менхант“ во Сеул
Биографската книга за Стив Џобс на водечката позиција на „Амазон“
Пол Макартни се жени по третпат
Ќерката на Били Боб Тортон осудена на 20 години затвор
Награда за македонскиот сатиричар Васил Толевски
Фрик фестивал по трет пат
Ларс Фон Трир повеќе нема да зборува јавно
Томас Транстромер добитник на Нобеловата награда за книжевност
Фестивалот „Браќа Манаки“ се отвора со „Крвта што проштава“
Нема случајност, туку лош однос кон филмот
Трајче Кацаров е добитникот на наградата „Григор Прличев“
ФОТОГАЛЕРИЈА - На снимањето на „Трето полувреме“
Продолжуваме да го одиме патот на сонцето
Кандидатурата за Оскар на „Панкот...“ ќе биде прифатена
Две меѓународни награди за проектот „Amazing Macedonia“
„Епл“ го претстави најновиот iPhone 4S
Поемата „Ако“ ја освои наградата „Григор Прличев“
(ЕКСКЛУЗИВНО) Сите детали за утрешниот концерт за Тоше
„Мајки�� и Манчевски на филмскиот фестивал во Варшава
„Дијалог“ ќе им подари книги на десет библиотеки
Википедија на македонски јазик надмина 50.000 статии
Премиера на новиот проект на Драган Даутовски
Да го направиме одново ѕвезденото небо за Тоше
Култното германско дуо „Маус он Марс“ вечерва на „Десонанз“
„Панкот не е мртов“ денеска премиерно во Лондон
Густав Малер за старт на сезоната на Филхармонија
„Маус он Марс“ главни ѕвезди на „Десонанз“
Весна Јакимовска на Мис на светот во Лондон
„Амазон“ го претстави својот таблет Kindle Fire
„Ромео и Јулија“ најдобра на 36. МОТ
Наградата на „Екс понто“ ни отвори многу перспективи
Полански ја прими наградата за животно дело
Македонски стрип меѓу најдобрите на Салонот во Белград
„Епл“ на 4. октомври ќе го претстави iPhone 5
ФОТО - Катарина во сета своја раскошна убавина
МОТ завршува со две претстави и концерт на „Биоскопија“
„Гугл“ денеска го слави 13. роденден
Цела недела дизајн во Скопје
Литванската „Ромео и Јулија“ вечерва на МОТ
Маја Лазаревска на „Мис бикини интернационал“ во Кина
Почина Серџо Бонели - авторот на Загор, Мистер Но и Дилан Дог
Професорка, докторка и стујардеса му вадат душа на Тони Зен
Два филма на Киро Урдин премиерно во Кинотека
Парис Хилтон ги шокираше Индијците
Хит-претставата „Господа Глембаеви“ вечерва на МОТ
Веста Вилијамс пронајдена мртва
Две претстави и концерт денеска на МОТ
„Пета“ со порно сајт за заштита на животните
Дали Ајнштајн згрешил?
„Фејсбук“ го претстави новитетот „Тајмлајн“
Гитаристот Владимир Четкар го освојува и Лондон
Тенорот Благој Нацоски ја почнува новата концертна сезона



"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 13°C

Претежно облачно

Вторник
Делумно облачно
Макс: 17°C, Мин: 7°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 23°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
 
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Писма |