03.10.2011, 15:44 „Дијалог“ ќе им подари книги на десет библиотеки
Издавачката куќа „Дијалог“ од Скопје ќе им подари по 300 книги на десет библиотеки во Македонија, по повод една деценија од своето постоење.
Книги од „Дијалог“ ќе добијат библиотеките во Охрид, Тетово, Струмица, Битола, Штип, Куманово, Гостивар, Радовиш, Струга и во Велес, а еден комплет од изданијата ќе и' биде подарен на библиотеката на манастирот „Св. Јован Бигорски”.
Во изминатите десет години, овој скопски издавач ги афирмираше актуелните текови и дела од македонски автори во областа на белетристиката, книжевната наука, филозофијата, историјата и публицистиката. Многу од авторите се и добитници на највисоките книжевни признанија во Македонија. „Дијалог” го печати и списанието „Синтези”. Наскоро ќе излезе неговиот 25. број со преглед на сите изданија што се опфатени во едициите на издавачот во изминатата деценија.
|