03.10.2011, 11:39 Да го направиме одново ѕвезденото небо за Тоше
Сите заедно да се собереме во среда (19 часот) на плоштадот Македонија и да си спомнеме за нашиот Тоше, кој на овој ден пред четири години го имаше последниот величествен концерт пред македонската публика.
„Биди и ти дел од ѕведеното небо на Тоше“ е собир кој прерасна во традиција, случување на кое се собираат најголрмите фанови на Тоше Проески- дел од нив беа присутни и на неговиот последен концерт што се одржа на 5 октомври 2007 година на тогашниот Градски стадион во Скопје, а сега арена „Филип втори“.
Организатор на големото музичко случување е Интернационалниот фан клуб форум на Тоше Проески, потпомогнат од „Сити радио“. „Со тага во срцето, но сепак низ музика. Онака како што тој заслужил. Да му дадеме почит на генијот на македонската музичка сцена. Секогаш ќе те носиме во срцата“, е пораката на организаторите до армијата обожавател на прерано починатата македонска ѕвезда. (К.Ш.)
|