29.09.2011, 12:24 „Амазон“ го претстави Kindle Fire
„Амазон“ го претстави новиот таблет компјутер Kindle Fire, кој за разлика од претходниот црно-бел е-читач Kindle е многу поблиску до модерните таблети, како на пример iPad на Apple.
Fire има двојадрен процесор, WiFi и IPS екран со дијагонала од седум инчи, но нема камера ниту микрофон. Сепак цената од 199 долари (146 евра) го прави многу попривлечен од моделот на „Епл“ кој чини 499 долари. Новиот таблет уред работи на модифицирана верзија на „Андроид“ и поседува 8 гигабајти простор за сместување податоци.
Освен како платформа за читање, слушање музика, гледање филмови и ТВ серии, Kindle Fire е претставен и како гејминг таблет. Некако вообичаено први игри кои ќе бидат достапни се Angry Birds и Plants and Zombies. Дополнително најавено е дека еднаш во денот некоја од апликациите ќе стане бесплатна. Според производителот 8 GB се доволни за 10 филмови, 600 песни или 8.000 книги.
Заедно со новиот Kindle Fire, „Амазон“ на купувачите им приреди и уште едно изненадување - стариот Kindle со црно-бел екран сега е достапен за само 79 долари. Таа цена, се разбира, се однесува за обичниот Kindle, а компанијата, веднаш по објавувањето на Fire претстави и целосно нова генерација на Kindle насловена Kindle Touch.
Станува збор за помал, полесен и потенок таблет, за кој Amazon тврди дека го има досега најнапредниот екран заснован на технологијата e-ink. Цената на моделот со Wi-Fi iznesuva 99 долари, а верзијата со вграден 3G ќе се продава за 149 долари.
Нарачките за овие модели се отворени уште од сега, а „Амазон“ ќе почне да ги испорачува на 11 ноември.
|