25.09.2011, 12:16 Хит-претставата „Господа Глембаеви“ вечерва на МОТ
Претставата „Господа Глембаеви“ на белградското „Ателје 212“, во режија на Јагош Марковиќ, со македонскиот актер Никола Ристановски вечерва ќе биде изведена во Македонската опера и балет во рамките на Младиот отворен театар.
Претставата се базира врз текстот на великанот на хрватската книжевност Мирослав Крлежа и иако е напишана во 1929 година, наметнува прашања што си ги поставува и денешниот човек. По премиерата во февруари низ театрите во бивша ЈУ, претставата е прогласена за најважен настан на српската театарска сезона и балкански хит.
На малата сцена во Драмски театар во 22 часот, ќе се игра „Надеж“ на Петар Милошевски, која е опишана како импресивна и еклектична монодрама за болката и лудилото. Ова е приказна за осамен лик, кој е вклучен во многу чуден љубовен триаголник. Милошевски доплимира актерска игра во Софија и магистрира во Лондон. Неговите, претежно соло-проекти, се изведувани во повеќе театри во Лондон.
|