04.10.2011, 12:10 (ЕКСКЛУЗИВНО) Сите детали за утрешниот концерт за Тоше
Катерина Шекеровска
Македонските фанови на нашата најголема пејачка ѕвезда утре (5 октомври) ќе ја одбележат четиригодишнината од последниот концерт на Тоше Проески што се одржа на 5 октомври 2007 година на Градскиот стадион во Скопје (сега арена „Филип втори“)
Центарот на случувањето ќе биде плоштад Македонија, почетокот е закажан во 19 часот, а поканети се сите почитувачи на ликот и делото на Тоше Проески. Во продолжение, следуваат деталите за утрешната програма од прва рака, односно од Марина Костова, дел од интернационалниот „Тоше Проески фан клуб форум“, кој заедно со „Сити радио“ се јавува како организатор на утрешното случување.
Какво е сценариото за утревечер? Како ќе тече програмата и кој се ќе учествува на „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“?
- Годинава настанот „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ ќе го одбележиме на плоштадот Македонија со почеток од 19 часот. Ќе се пушта музика од Тоше и материјал (аудио и видео) на наши форумаши од Балканот. Главниот дел се состои исто така од видео материјал, дваипол часовно видео од настапи во живо на Тоше и тоа од трите конц��рти на Градски стадион 2004, 2006 и 2007, Универзална сала 2006, Антички театар-Охрид 2004, Белградска Арена 2007, Хвар 2007 и настапи од Златна буба мара на популарноста 2003 и 2007 год.
Како претходница на вечерта ќе биде крводарителската акција во чест на Тоше. Какво е искуството од минатите години и каков одѕив очекувате утре?
- Одбележувањето на денот ќе ни започне со крводарителската акција која ќе се одржи во просториите на фоајето на Домот на АРМ во периодот од 10-18 часот. Ова ни е веќе трета акција во наша и организација на Црвениот крст на Град Скопје, правата се случи пред една година и беа собрани 224 едниници крв, втората акција се случи на 25-ти јануари на роденденот на Тоше и беа собрани 125 единици крв. Годинава очекуваме и се надеваме дека ова ќе биде најуспешна акција и дека ќе успееме да ја надминеме бројката на собрани крвни единици од предходните акции.
Од вашите контакти, има ли најава за пристигнување на фанови од други градови од земјава, па и надвор од неа?
- Секако дека имаме контакти со фановите од другите градови и од земјиве ширум Балканот и светот, што всушност ја покажува и интернационалноста, какво што име носиме. Очекуваме дека пред се Крушевчани ќе бидат дел од овој настан како што беа дел од сите концерти на Тоше, но исто така очекуваме и гости од соседните земји .
Кои беа главните активности на интернационалниот „Тоше Проески фан клуб форум“ во изминатиов период, а што имате зацртано за реализација во иднина?
- Ние како форум имаме активности во текот на целата година, ги одбележуваме сите важни датуми поврзани со името на Тоше и меѓу тие активности ги организираме нашите хуманитарните акции под името „Тошев мост на љубовта“. Имаме план на акции предвидени во оперделен месец за секоја земја од екс-ју земјите и Бугарија, во октомври е предвидена посета на здружението за деца со посебни потреби „СРЦЕ“ во Загреб. „Тошев мост на љубовта“- Македонија е во декември.
Какви се вашите планови за одбележување на 4- годишнината од смртта на Тоше на 16 октомври?
- ИТПФКФ за годишнината од смртта на нашиот Тоше има предвидено, како и секоја така и ова година, организирирање на спомен литургии во Скопје во Соборниот Храм и Католичката црква, а некои од нашите членови ќе бидат во Крушево. За сите останати членови ширум Балканот исто така ќе се организираат спомен миси по храмовите, каде што има наши членови. За потсетување, во минатите години беа одржани спомен литургии/миси во околу 30-тина града шурум Балканот и Европа.
|