Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Забава Хороскоп Саботен магазин
Политика
04.05.2012, 17:30

Потрагата по убијците испровоцира протест. Дали терористите подготвувале и други напади во Скопје

Косовскиот министер на полицијата вети дека бегалците ќе бидат уапсени доколку се во Косово

Горан Адамовски


Колку време дваесетчлената група уапсена за тероризам, го подготвувала петкратното убиство кај Смилковци? Дали пред да биде разбиена, подготвувала нов напад и злосторството што ќе ја потресе државата? Кој ги помагал финансиски и логистички? Ова се дел од прашањата на кои работат истражните органи по акцијата „Монструм“. Продолжува потрагата по двајцата осомничени за кои полицијата тврди дека директно ги извршиле убиствата, по што побегнале во Косово. Тамошните власти вчера ветија дека ќе бидат уапсени, доколку бидат лоцирани на нивна територија.

Од МВР велат дека во оваа фаза од истрагата, не можат ниту да ги потврдат ниту да ги демантираат гласиштата дека радикалната група подготвувала и други напади.

„Се' уште се работи на тоа да се утврди колку членови имале, кој ги поддржувал и слично. За петмината осомничени имаме цврсти докази дека директно учествувале во злосторството, но истрагата ќе трае се' додека не се утврдат сите детали од случајот“, вели Иво Котевски, помошник-министер за односи со јавности при МВР.

Дел од осомничената петорка и порано се судрувале со законите во случаи како насилство или недозволено поседување оружје. Според информации од истрагата, еден од бегалците, Алил Демири (27) веќе бил осуден на тригодишна затворска казна поради насилство. Медиумите на албански јазик вчера објавија дека тој моментално се наоѓал во Шпанија и наводно, при контакт со семејството, рекол дека не е виновен и оти ќе се врател во земјава за да го докаже тоа. Освен за него, меѓународна потерница е распишана и за Африм Исмаиловиќ (32), ��ој заедно со брат му Агим (33) се осомничени дека со две автоматски пушки и еден пиштол, стрелале во жртвите. За да побегнат од земјава, како што беше соопштено, им помогнале Фејзи Азири (54) и Рами Сејди (24), кои се во притвор. Косовскиот министер за внатрешни работи, Бајрам Реџепи, нагласи дека доколку се утврди дека осомничените се кријат во Косово - ќе бидат уапсени.

„Тоа е врз основа на протоколот за соработка на полициите на двете земји. Двете полиции ќе соработуваат за да се расветли случајот“, изјави Реџепи.

Во меѓувреме, македонската полиција собира нови докази и го вештачи пронајдениот материјал во акцијата „Монструм“. За надлежните нема дилеми: петкратното убиство на 12-ти април, во кој настрадаа Александар Наќовски, Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски, Филип Славковски и Борче Стефковски, го испланирале и извршиле исламските радикали од Скопје. Прецизно бирајќи го денот, начинот и последиците кои би можеле да следат, пукале во жртвите, без да имаат никаква поврзаност со нив. Целта им била да предизвикаат страв и несигурност на населението.

Стеjт департмент

Да биде задоволена правдата

Американскиот Стејт департмент апелира да се испочитува законскиот процес, за да биде задоволена правдата во случајот со петкратното убиство крај Смилковското Езеро.

„Очигледно, следиме како се развива истрагата, но само повикуваме на сите осомничени за ова ужасно убиство, без оглед на нивниот идентитет, етничка припадност или верисповед, да им биде овозможен процес согласно законите и на крајот да се обезбеди дека ќе биде задоволена правдата“, изјави портпаролот Марк Тонер на редовен прес-брифинг во Стејт депарментот, одговарајќи на прашање на Гласот на Америка - дали САД имаат информации за закана од радикалниот ислам во Македонија, а во контекст на наводите на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, дека некои од уапсените се негови следбеници и војувале на страната на Талибанците против НАТО во Авганистан и Пакистан.

Тонер кажа и дека Амбасадата на САД во Скопје внимателно го следи случајот.

Реакциjа од Албаниjа:

Убиството да не се гледа од етничка перспектива

Шефот на албанската дипломатија апелира убиството кај Смилковци да не се гледа од верска и етничка перцепција.

„Албанија поддржува целосна, точна, законска и праведна истрага, во врска со масакрот кај Смилковското Езеро, со цел оние кои се виновни да ја добијат казната што ја заслужуваат“, изјавил албанскиот министер за надворешни работи и вицепремиер Едмонд Хаџинасто, пренесуваат албанските медиуми.

Тој упатил апел за воздржаност. „Грозоморното убиство да не се гледа од верска и етничка перцепција, зашто криминалците се само криминалци“, истакнал Хаџинасто.

 


Статијата е прочитана 7923 пати.

Испрати коментар



Новинарите бараат од судиите да не ги штитат политичарите
„Детонатор“ затресе и во Битола
Со Централниот регистар први во Европа



Tolpa, 05.05.2012 00:48:22
Pa neli ubijcite ne se etnikumi, nego poedinci so ime i prezime, taka veli i Hadzinasto. A od kade i zoshto togaj ovie silni etnichki demonstracii. Pa ako ne se privedenite krivi ke bidat pushteni (nekoi vece se) i obeshteteni, nishto losho nema da im se sluchi. No nece da e taka. Zatoa ovie demonstracii ne se samo sram, nego i mnogu polosho od toa. Posle ovie demonstracii teshko ke prifatime deka odgovorni se poedinci. Naprotiv! Vo pravo ce da e ,,Malkum iks,, bidejki etnikumot ostana dosleden na svoijata tradicija, onaa shto ja opishuvashe Latas. Zalno i sramno. A za onoj shto e voznemiren poradi facanjeto na zenata od strana na policajcite (patem takvi se propisite i nema zena/maz, nego osomnichen), neka ednash pojde so sopstvenata zena na ginekolog. Pa vo koj vek i svet zivee toj i nemu slichni. Na kraj-kraevi, zarem zenite ne ubivaat?
demokrat, 05.05.2012 00:48:51
„Грозоморното убиство да не се гледа од верска и етничка перцепција, зашто криминалците се само криминалци“, истакна Хаџинасто. A slikata od pred vladata kako da se gleda, g-dine minister, kako tolta so ime i prezime koi vo racete drzat cudni znaminja?
vmrovec, 05.05.2012 01:46:29
poleka no sigurno r.makedonija vletuva vo srpskoto scenario za razvrska na makedonskoto prasanje a nasava vlada sakaajki li, nesakaajki li (ne e ni tolku bitno) uste poveke go dramatizira naracanoto scenario od nivnite inspiratori od sevorno-istocnata granica
пријател, 05.05.2012 06:22:21
Премногу аматерски напишан текст.Прво,не се дваесет члена група,туку десет члена,затоа што десет се ослободени.Второ,сеуште судот не утврдил дека тие се терористи и убици,а новинарот Адамовски се прашува дали тие подготвувале нов напад и злосторство.Трето,Адамовски тврди „ за надлежните нема дилеми “ дека уапсените се сторители на убиствата и терористи. Кои се тие НАДЛЕЖНИТЕ кои можат да речат НЕМА ДИЛЕМИ дека овие уапсени ГО ИЗВРШИЛЕ ДЕЛОТО? Кој е за тоа НАДЛЕЖЕН освен СУДОТ???
mkd, 05.05.2012 08:22:15
Maskite se frleni. Drzavata neka prevzeme represivni merki protiv fundamentalistive i da ne ceka sto ke i kazat odnadvor ,tuku da si sproveduva svoi nacionalni politiki od svera na bezbednosta.
Ilijadis, 05.05.2012 08:56:52
Ubistvoto da ne se gleda kako etnicko.Sobiranjeto na 3000l uge od edna nacija vo podrska na teroristite ne go veli toa.Uste koga ke gi stavite i clenovite na nivnite familii 20000 podrzuvaci.I kako da gledame na toa?? I bidejki se borite za sloboda vo novinarstvoto ee nadevam deka komentarov ke izleze ili ke se pridruzite vo podrskata na teroristite i vo cenzurata na mediunite.
lutfi, 05.05.2012 10:02:41
Колку се наивни и непрофесионални изјавите те од новинарите, те од надлежните лица нема сомнеж. Две статии напишани од иста личност се многу често противречни (посебно од власта). Без разлика кој е починител на грозоморната случка треба да се казни, а како треба тоа да биде направено научете од апелот на вицепремиерот на Албанија Хаџинасто, криминалците се криминалци и не ги етикетирајте со албанци или муслимани. Ако сакаме соживот едни со други, мора да престанеме да гледаме еден кон друг со непријателски очи, а факт е дека држававната политика мора да скршне од сегашниот курс за да го поврати вербата на албанскиот народ.
patriot, 05.05.2012 10:10:22
dobro e sto konecno gi simnaa maskite posle vcherashniod protest nema dilema deka MVR ja pogodi srzhta nema chovek koj mozhe da porekne deka ne se raboti za radikalni ekstremisti duri veruvam deka i na g.Volers mu stanalo kristalno jasno sto vo stvari se sluchuva i so kogo si fatile rabota. a za dokazite dovolno govorit faktot deka od dva milioni bash tie deset se uapseni znaci deka ima dokazi ima otisoci ima snimki sekako deka ke ima i priznanija ona sto go ochekuvam sega e da se zatnat site kanali i finansii i konecno vo ubk da pochnat da gi chistat po primerot na usa i izrael a ne da chekaat da se sluchi uste nikoja druga tragedija.
srebre, 05.05.2012 10:15:26
zosto se vo begstvo ako ne atorile nisto?tie 10mina prerano se pusteni na zapad gi drazat so meseci.....treba dozivotni kazni i za jataci ..na zpad samo za somnez za terorirazam se davat 11g zatvor a za naljmal plan za teoro se dava dozivotno vo sprotivno ce dobijat krila i uste povece ce ubivat,tie sto tappa se i ubijci zosto koga gi pretvorija nema povece ni nadapi tepanje???
od ostrijot, 05.05.2012 11:27:52
neznam zosto nekoj se oseka isprovociran koga se bara vistinata ili klupceto e mnogu pogolemo nego sto vlasta znaje.
ez-mani, 05.05.2012 12:12:03
sekoj narod ima svoj brlok odnosno prodadeni dushi koi gi zavel gjavolot,od tije koji go velichat gjavolot i se krijat zad imeto na islamot i hristjanstvoto so namera da se valkaat pravite vernicici vo gospod.pametnite lugje ne pokazhuvaat so prst kon svite allbanci i kon svite makedonci.a i vllasta treba da bide korektna pri apsenjeta bilo na albanci bilo na makedonci.koj pushta navredi vrz albanskiot narod i kon makedonskiot narod,ili pak kon islamskata vera i kon hristjanskata vera,toj e sojuznik na teroristite koji go izvrshia ovoj akt so namera da predizvikaat megju etnichki i megjuverska gragjanska vojna so namera rushenje na makedonija.da ne mu otvorame pat na gjavolot i negovata vojska.gospod e eden i semoqen i za albancite i za makedoncite i za svite narodi vo planetata,i sekogash im gi rasipuva planovite na tie shto gi zavel gjavolot.
Објектив, 05.05.2012 13:14:50
Госпоѓата Јанкуловска, која секогаш ја вергла флоскулата „запазување на законските одредби“, овој пат веднаш ги прогласи осомничените сторители за „исламски терористи“. Тоа е навреда за сите муслимани во Македонија кои се повеќе од една третина од населението. Затоа луѓето се кренаа на протест. Поистоветувањето на исламот со криминал е навреда за секој чесен муслиман. Особено што оваа навреда беше изречена во присуство на господинот заменик-министер Бајрами од ДУИ. Муслиманите во Македонија не протестираат за криминалците туку против криминализирањето на исламот. Исламските терористи, како дел од политичкиот ислам, никаде не се кријат, туку јавно се произнесуваат за своите сторени дела, затоа што на тој начин се обидуваат да ја придобијат јавноста за своите цели.
Кадавер, 05.05.2012 15:14:27
se se znae, ama i na policijata a i na vlasta i se vrzani racete.. a uste poloso ke bide koga ke vlezeme vo NATO ... no od ova ne se zagrozeni samo makedoncite , zagrozeni se i risjanite vo Albanija.. no Albanija ne smee siilno da gi osudi islamistite vo Makedonija bidejki tie se albanci.. a klop;eto i tamu se odpletkuva, pocna islamizacijata... najloso ke bide ako vo Turcija nadvladeat islamistite...
Aleksandar Makedonski, 05.05.2012 15:21:08
Siromastijata nosi vojni , neseriozni razoznavacki sluzbi nosi zrtvi , nacionalizmot do krvoprolevanje , tonime vo site sveri , morame da najdime nacin da odime napred , kriminalcite navremeno da se apsat , da vlezime vo NATO da se otvorat novi fabriki , lesno e na balkanot da zapocnes vojna tuka site prostuvaat no NIKOGAS NE ZABORAVAAT !!!
MAJKA, 05.05.2012 18:42:59
site ovie ubistva,protesti se isplanirani slucki od nekoj bolni umovi za da vlezeme vo nato a pritoa da go smenime imeto.zatoa se zaplasuva narodot za da mu vleat strav od vojna(se e zaradi promena na imeto makedonija).
молчи,ама не се молчи,ова веќе е..., 05.05.2012 18:57:54
Убиството е нешто повеќе од криминал.За убиениот и неговите најблиски,ништо не значи дали се такви ли онакви.Зарем би простиле ако се инаку инакви?!Дефинитивно како популација со различни примероци,на овој ареал,ставени сме пред најголемиот предизвик.Ќе сакаме ли и понатаму да живееме,пркосејќи на обидите да ни се увезе формулата за пресметка со непријателоткоја ја применуваат нашите пријатели,или навистина ќе влеземе во нивниот филм.Ако треба да го попримиме и тој атрибут,како стандард за влез во интегративните процеси за дезинтеграција,тогаш навистина потврдуваме дека започнува нашето диригирано безпаќе до конечното губење на автохтоното,кое било најголемиот гарант за нашиот заеднички идентитет.И ние сме ли од оние кои мислиме дека сите проблеми ќе ни се решат ако се исчистиме едните од другите.Јалан.Ептен јалан.Навистина некој убаво ги трие рацете во моментов.Да даде Господ, и мој и твој, да му се исушат.
do aleks makedonski, 05.05.2012 19:05:24
vo koj vek zivees ako vlezeme vo nato ce se otvorile fabtiki???????
Jusuf .S., 05.05.2012 21:59:02
Socuvstvo do familijite na nevino stradanite lica,bez razlika koja nacionalnost ili veroispoved poteknuvaat,ja pocituvam covecnosta i dobrinata na lugjeto bez razlika na verata,nacijata ili pak rasata, No naprotiv Zakonot treba da bide ist prema site.....? Za ovoj nastan e zamesana politikata......? No na kraj ae ke izleze vo videlina Kade e pravdata i Zakonot vo RM koga vo 2001 gidina mostrumski od strana na vlasta na RM bea likvidirani 8 ilegalci od Pakistan,zosto Makedonskiot Zakon ne vazi za naracitelite i izvrsitelite na ovaa mostrumsko ubistvo na nevinimladi lugje.Da nevazi i se znae koj se ubicite drzava na RM na celo so Ljube Boskovski,a zosto Ljube i grupata so nego ne se osuseno za ovoj mostrumski nastan....? Odgovor toa se muslimani......! No Ljube za obicni navredi prema xxx politicari go namestija i zarvoeija a za toa sto ima izvrseno mostrumsko ubistvo go nagradija. Se somnevam i za ubistvoro na nevinite gragjani od makedonska naci.mislam idgovorot go znae Latas i
Trpe, 05.05.2012 22:41:12
До кога ќе ги држиме очите затворени. Не слушнав некој од обесправените да изрази сочуство. Еден од етникумот сите од етникумот, па макар биле и убијци. До каде ќе ги однесе солидарноста. Ако не можело милом ќе тргнеле и силом, до кога. Дотичниот министер нека ја решава состојбата со малцинствата во своајта држава,. таму се гетеозирани и граѓани до втор ред.
umot v dzep, 05.05.2012 23:00:46
Kaj se culo i videlo teroristi skrisum da ubivaat nekolkumina proizvolni civili?
Александар, 06.05.2012 00:06:23
Со демонстрациите се стана појасно.Би го подржал апелот убиствата да не се гледаат од етнички аспект,ако тој етникум и неговите политички претставници јавно и гласно го осудат.Исламските верници треба да престанат да играат на картатата на “жртва“ и вр��ме е да се посветат на верата а не на политиката.Агресивното однесување и омразата не се дел од религиското учење туку љубовта и прошевањето.Ако се вистински верници ке сфатат,ако не требе и ние нешто да сфатиме.
Pollog, 06.05.2012 04:58:49
Zhal mir za nastradanite vo ovoj montieren Proces a so ovie glupavi pro arapski vernici mozhesh da igrash sekogash tie se glupavi i ne gi racuvam za albanci nego kako primitivni beduini
Ристо Андов, 06.05.2012 09:21:27
На Беџети и слични албански ѕверки, во услови на индитринирана популација, не им требе памет за да предизвикаат немири и демнстрации! Илузијата Мегало Албанија е нивна постојана преокупација, за која наводно се бореле сите предци! Во тоа прво се истакнале албанските Качаци и Башибозикот под заштита на Османлиите. Нив ги замениле Балистите под заштите на фашизамот. Екстрмистите во сегашно време, својата мегало илузија ја бранат со помош на бандитите на УЧК од Косово, на кои задниците им ги спасија Американците, ама не им дозволија да ја остварат својата илузија! За време на протестот заради апсењето на убујците на млади мончиња, ништожникот Беџети се пожали пред собраната толпа дека мегало целта не била остварена, која како порака на предците, не смеело да се заборави! За маскирање на зулуми прво се користеше борбата за човекови права еве сега одбраната на Исламот. Екстремистите секогаш наоѓаат оправдување, ама ете заштиниците се дикусурија !
Vistina, 06.05.2012 11:18:13
Samo edno treba da se naglasi vo celiot slučaj i da se razbere : Sto e Islam, islamski radikalizam i islamski terororisam !! Promisletei napravete razlika bidejci nemat nisto zaednicko ! I uste nesto nikoj ne e vinoven dodeka sudot ne odluci poinaku ne sudete javno i odnapred ima plateni instituciji sa toa!!! Pozdrav
Komentator, 06.05.2012 13:56:37
So orda razulavena indoktrinirana ne se pravi sozivot i drzava ..Tocno maskite padnaa ..Zosto Albancite ne protestiraa koga zenite od A1 cela godina sedea vo zatvor ?? prasanje za analiza ako smetaaat deka zena ne treba da e vo zatvor ili samo muslimanska zena e neprikosnovena za nea ne vazi zakon ..E KADE SE TIE VREMINJA KOGA SEKOJ SOMNITELEN SE LEGIMITIRASE NA ULICA OD KADE E ZOSTO E TUKA STO BARA TUKA DALI RABOTI ILI KRADE ILI BUNT PRAVI...Sega sekoja susa se domotala vo Makedonija zemala drzavjanstvo i soli pamet na mnozinstvo e sto docekavme ...???
MENSUR, 06.05.2012 14:02:49
POLICIJAVA TRAGA PO UBIJCITE ILI PO NEKOI LICA STO UCESTVUVALE NADVOR OD DRZAVAVA VO NEKAKVI TER AKCII. DOSTA SO LAGI I IZMISLICI

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Делумно облачно

Четврток
Ведро
Макс: 28°C, Мин: 14°C

Петок
Сончево
Макс: 32°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ИНТЕРВЈУ) Можеме да се договориме со СДСМ
Лидерoт на ДПА, Мендух Тачи, вели дека никогаш нема да соработува со сегашната ВМРО-ДПМНЕ, што не значи и никогаш повеќе...
(ИНТЕРВЈУ) Политиката нема да престане да се меша во театарот
„Често мислам дека нашиот театар како да не сака да каже ништо, или тоа што сака да го каже не значи ништо“, вели режисе...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |