Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
29.08.2012, 16:23

Краста е алтернатива за „Русино“

Просторот на дивата депонија во Тетово сега е празен, местото е дезинфицирано и се подготвува за облагородување

Тетово - Месноста Краста треба да биде алтернатива за регионалната депонија „Русино“ кај Гостивар, одлучи Полошкиот плански регион. Одлуката е базирана на неколку причини.

„Депонијата ’Русино‘ е дадена под концесија за други намени, а не за складирање смет. Концесионерите бараат да престане натамошниот дотур на ѓубре од сите полошки општини. Сега сме определени регионална депонија да биде месноста Краста, кон која ќе се изгради пристапен пат од магистралата Гостивар – Кичево, во должина нешто повеќе од два километра. Во тек се испитувања на теренот, по што треба да добиеме и помош од Министерството за животна средина и просторно планирање и од Владата. Депонијата ќе се гради според утврдени стандарди“, рече градоначалникот на Тетово, Сади Беџети.

Тој појасни дека доколку произлезат некакви проблеми со новата локација за регионална депонија, проблемот ќе си го решава секоја општина за себе. Според него, најважно е што граѓаните на општина Тетово веќе нема да имаат проблем со отпадот.

Досегашната дива депонија која се наоѓаше во близина на автобуската и железничката станица во Тетово сега е празна површина. На тој простор е извршена дезинфекција, а комуналците вршат дотур на песок и чакал онаму каде што ќе бидат оформени патеките, како и ровка земја на местата на кои треба да се сади трева и украсни дрвја.

Новата претоварна станица се наоѓа во близина на локалниот пат за селото Брвеница. Овде се носи градскиот отпад, а потоа со посебни тешки возила се изнесува за „Русино“. Преносот се врши уште во текот на денот. Германската компанија „Хинкел“, која е вклучена во пилот-проект за Мала Речица, веќе го презема и Тетово. Во објектот што сега е изнајмен за претоварна станица, се најавува дека ќе се врши рециклирање на отпадот, а во регионалната депонија ќе се носи само неупотребливото ѓубре собрано низ градот. (Г.Е.)


Статијата е прочитана 218 пати.

Испрати коментар



Никој нема се спаси од полициската евиденција?
„Софра“ по десетти пат во Охрид
Депресија ќе откриваат матичните лекари
Или визбите да го платат ланското грозје или протести

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Ведро

Недела
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 14°C

Понеделник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Класичните светилки отидоа во историјата
Со забраната Европа планира да заштеди околу 1 отсто од годишната потрошувачка на електрична енергија или тоа е производ...
Кинезите вложуваат во ореви
Кинезите ги инвестираат парите во некои прилично чудни работи, имено во ореви. Вртењето на ореви во дланката ја стимулир...
Недостигот од вода ќе ги натера луѓето да станат вегетаријанци
Хидролозите предупредуваат дека за производство на месо се троши пет до десет пати повеќе вода отколку за производство н...
Шише со порака пронајдено во Северно Море по 98 години
Во него имало поштенска картичка од пет пени, сума која денеска има безначајна вредност, но пред еден век била примамлив...
(ФОТО) Американка опседната со чевли
Дарлин Флајн (57) од Калифорнија има неверојатна колекција од 16.400 чифта чевли, со што го урна сопствениот рекорд за н...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |