26.04.2012, 17:11 Јатото не (с)лета во НАТО, туку во Брисел
Водечкиот македонски лобист за Алијансата и некогашен истакнат член на левицата, Лазар Еленовски, пакува куфери за во европската политичка метропола
Слободанка Јовановска
„Бранот“ на ВМРО-ДПМНЕ навлезе силно и во дипломатијата, па двајца бивши функционери на СДСМ ќе одат како претставници на Македонија во странство со благослов на владејачката партија. Како што се дознава, на списокот за амбасадори, што бил прифатен од владата прексиноќа, се нашле имињата на Јован Донев како наш иден претставник во Велика Британија и најголемото изненадување, Лазар Еленовски, како наш иден амбасадор во Брисел. Каде во Брисел, не можеше да се добие сигурна потврда вчера, со оглед на информацијата дека на листата на амбасадори се нашло и името на Абдулкадар Мемети, исто така за белгиската престолнина! Со оглед на тоа дека Андреј Ле��авцов неодамна замина како амбасадор во Европската унија и нема најави дека ќе се враќа, испаѓа дека „бранот“ го зафати амбасадорот Мартин Треневски, кој како што се дознава неофицијално, нема да биде вратен назад, туку ротиран на друга дестинација. Практично, нов македонски амбасадор во НАТО, откако Треневски не успеа да ја реформира Алијансата и да и' го смени консензусот како начин на гласање, ќе биде ексминистерот за одбрана и прв човек на Евроатлантскиот клуб на Македонија, Еленовски. Од владини извори изјавуваа дека списокот е државна тајна, но секогаш беше така, а вака ревносно досега не се криеја имињата од јавноста.
На списокот за идни амбасадори фигурираат и имињата на Паскал Стојчевски од МНР како амбасадор во Канбера, Абдулкадар Мемети ќе го замени Мухамед Халили во амбасадата за Белгија, а неофицијално амбасадор ќе биде и Кенан Рамадани, актуелен шеф на протоколот на МНР како предлог на ДУИ, покрај Влатко Чингоски како прв македонски амбасадор во Јапонија. На седницата на владата не биле пополнети сите испразнети амбасадорски фотелји, па нов список ќе биде усогласуван понатаму. Како што е познато, од јуни ќе бидат празни амбасадите во Хрватска (за каде што се планира претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Караѓозоска), амбасадите во Шпанија и во Романија, мисиите на Македонија во ОН во Женева и во Стразбур (за каде што се врти името на Ненад Колев, кадар на МНР) и најжешката - амбасадорската фотелја во САД. За неа ќе се усогласува кандидат подоцна, бидејќи амбасадорот Зоран Јолевски доби продолжување на мандатот до крајот на оваа година.
Инаку, Јован Донев е актуелен прв човек на институтот „Евробалкан“, кој во последно време важеше за евроскептик и анти-НАТО аналитичар со тврди погледи кон спорот за името, кој е од најзвучните левичарски имиња што се престроија десно на политичката сцена. Лазе Еленовски беше дел од кампањата чиј слоган беше „Со јато во НАТО“, па ако се потврди дека заминува таму, треба да значи позитивен пресврт во споредба со ставовите на Треневски. Паскал Стојчески е актуелен државен секретар во МНР за билатерални односи со воневропските земји кој еден мандат помина во амбасадата во Вашингтон на пониско скалило, додека Абдулкадар Мемеди е државен советник за односи со европските земји, а во јавноста стана познат по неколку епизоди, а пред се' по белешките на амбасадорката Џилиан Миловановиќ од кои стана јасно дека немал кочница што критикувал и за што. |
|
Статијата е прочитана 5092 пати.
|
Испрати коментар
|
|
slartibartfast, 27.04.2012 09:10:29 | Ovoj Martin ( Mitre) Trenevski izgleda e vazen clen na MPO koga redovno e na pozicija ambasador, izgleda e vazna karika za MPOvcite. |
| Hari, 27.04.2012 09:30:16 | NO COMMENT i za dvajcava od slikata, osven platenici, soncogledi i obicni mivki..... |
| пријател, 27.04.2012 09:37:33 | Јован Донев претставник на Македонија во странство???? |
| Mirce, 27.04.2012 09:43:19 | Vrakanjeto na Martin Trenevski od NATO e mnogu pozitvna vest,Covekot ne go biva za nisto. Kompletno promasuvanje e, i da mu dadat druga funkcija pak nema da go biva.Dosta e od vakvi luge, nisto ne rabotat, ne i se potrebni na Makedonija. |
| Zoja, 27.04.2012 11:31:20 | E stvarno ne sakav da komentiram, ama na vakva vest mora da se dade zbor-dva. Shto DPMNE i Grujo doshle do Jovan i Laze, epten im zgustilo. Donev e odlicen profesor i politikolog, samo shto razocaruva shto ne drzi do svoite stavovi, od SDSM napravi shift vo DPMNE zaradi licen interes, slicno kako Laze. Kampanjata VO JATO KON NATO beshe odlicna kampanja, samo shto DPMNEV-cinjata rushija se sho se izgradi predhodno, moze da go ostavea LAZE, pa i ke vlezevme vo NATO. Vaka ke ostaneme samo na MUABET dodeka ne si zaminat ovi rasipikuki od vlast. ova e dobar sklop na profiteri partiski vojnisi rodninski vrki licen interes edek kup neznajkovci = strashno za drzavava |
| Goran, 27.04.2012 11:55:38 | Priznajte dlaboko Vo dusite na SDSM ima zadovolstvo. Stolce i za vas. :-) Bravo za Gruevski.. Ova e obedinuvacka Politika i za pozdrav. |
| Миле - Охрид, 27.04.2012 12:09:02 | Каква ли е поврзаноста на коментаторот „пријател“ на непријателите на македонскиот народ, освен да ја одработува нивната агенда за оцрнување на Македонија и се што е македонско? |
| Sale, 27.04.2012 12:28:08 | Vaka napravija i so Nano Trendafilot si odrema chovekot vo Brisel, si gi izshkoluva decata tamu, pa sea go boli uvo za SDS.
Slichno i Laze i drugi.
Decata sega tama im se za vo Brisel. |
| До Миле-Охрид, 27.04.2012 13:11:12 | А , клку те плаќаат тебе непријателите на Македонија? На чиј платен список си,штом нон-стоп трескаш глупости? |
| bravo, 27.04.2012 13:45:44 | Gruevski vodi odlicna kadrovska politika i ja mobilizira cela makedonija bez ogled na politickata pripadnost. Luzerite i hejterite mozat samo da mrcat. |
| za prijatel, 27.04.2012 14:37:56 | A be*prijatel*, na Donev ke mu bide super vo London kade ke mu dojde do izraz prefinetiot vkus za konfor! Pred da se odluci dali ke zamine ili ne,sekako ke si go prasa svojot minister* dali ima bazn vo rezidencijata*? Oti, obicno koga odi vo stranstvo, ne odi vo bilo koj hotel kade nema bazen.Taka pokanet na *Makedonski den* odkako odvaj se sobraa sredstva za da bide povikan za edno predavanje,bil shokiran koga mu rekle deka nema da ima bazen- SPA tamu kade e razervisano( za site pokaneti)! Pa taka, odkako odrza predavanje (na makedonski jazik) i tresna deka albancite vo Mk. se obezpraveni, bez da gubi vreme, si zamina vo negoviot Hotel so SPA i so sekretarkata da mu ja nosi akt- tashnata.Super vo Londo.A i za Elenovski, so negovata arogancija, lele koga ke im podvikne na NATOvcite,ke g iuplashi duri i kenlerite, ako toa go naprvai kako sto im *udri sushina* na site od ambasadata,duri i na sohferot, vo kafe na edna metropola na EU. I taka,NATO, ke ne moli za da i staneme clenki... |
| emil, 27.04.2012 15:45:25 | donev se pojavi nekolku pati na tv da gi brani interesite na VMRO i eteti unapreduvane isto kako i aktuelniot pretsedatel na RM ili toa e strategija da se eksponira vo javnosta pa da bide predlozen i izbran. |
| Tina, 27.04.2012 15:57:35 | Mi, mu treba vreka so sreka, da uspee kao Makedonec vo Evropa, kage site veruvat da
Grcite se edina anticka nacija i da tie bas ja prosvetile Evropa a i celiot svet.
I toj ke ima glas vo Evropa?
Ke go slusat, ama nema da go zemat ozbilno.
Evropa ni gi trosi parite i vremeto.
4 milioni ni trebat za lekari i bolnici.
Nasite so politika si sedat na dva stolcinja. |
| kole, 27.04.2012 17:32:25 | Не НАТО, не Брисел, туку ќе не одведат во Подсахарска Африка вија неранимајковци недоквакани............................ |
| jimmy1, 27.04.2012 19:06:17 | Kakvo Jato, stracki ili cavki???? ama poveke licat na ljudozderi. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 25°C
Ведро
|
Вторник
Сончево
Макс: 29°C, Мин: 11°C
|
Среда
Ведро
Макс: 29°C, Мин: 11°C
|
|
|
|
|
|