06.08.2013, 15:55 „Ер Франс“ отпушта 2.600 работници
Француската авиокомпанија „Ер Франс“ најави дека ќе отпушти околу 2.600 работници до крајот на 2014 година, пренесе „Франс прес“.
Според планот на компанијата, отпуштањата треба да се реализираат според „програмите за доброволно напуштање“ на вработените.
Од јуни 2011 година компанијата веќе скуси 5.600 работни места, а бројот на вработените го намали од 106.300 на 100.700 луѓе. (Ек.Р.) |