06.08.2013, 16:32 Ходорковски и Лебедев излегуваат следната година
Рускиот Врховен суд ги намали за два месеци 11-годишните пресуди на поранешните шефови на нафтената компанија „Јукос“, Михаил Ходорковски и Платон Лебедев по вториот процес против нив. Со тоа казните им беа намалени на десет години и десет месеци.
Согласно судската одлука поранешниот нафтен магнат Ходорковски ќе излезе од затвор во август 2014 година, а Лебедев во мај идната година.
Врховниот суд одби да ги укине пресудите и да ги ослободи осудените, како што бараа нивните адвокати во мај годинава.
Одбраната на Ходорковски и Лебедев соопшти дека ќе ја обжали одлуката на Врховниот суд. |