06.08.2013, 16:22 Лазаров: „Ќе се обидеме да направиме добри работи сезонава“
Капитенот на македонскиот национален тим ги пренесе своите импресии по првиот одработен тренинг во тимот на Барселона
По првиот одработен тренинг во тимот на Барселона капитенот на македон��ката ракометна репрезентација Кирил Лазаров на официјалната интернет-страница на каталонскиот тим ги пренесе своите импресии.
„Денес беше првиот ден, задоволен сум. Беше поинаков ден за мене, направивме многу работи и на крај можам да кажам дека ова е ново искуство во мојата кариера, во мојот живот. Се' уште е рано, имам многу желба, но како ќе минат деновите искуството ми вели, ќе бидеме како во секои подготовки, се' поуморни и поуморни. Се' уште ми доаѓа насмевка, но од утре нема да биде така. Но тоа е наша задача, ние сме професионалци и знаеме што треба да правиме. Би сакал да им се заблагодарам на моите соиграчи и да им кажам дека со работа ќе се обидеме да направиме добри работи оваа сезона“, рече Кирил Лазаров, кој своето официјално деби ќе го има за девет дена во рамките на шпанскиот Суперкуп.
Македонскиот интернационалец заедно со новиот колега Никола Карабатиќ беа најбараните лица на официјалното отварање на сезоната во Барселона.
Каталонскиот тим во моментов е во Андора каде што ќе ги помине базичните подготовки и каде што ќе го дочека настапот на ИХФ Суперглоб 2013 во Доха. (М.К.) |