Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
06.08.2013, 16:50

Регулаторот во Индија бара шест месеци затвор за Субрата Рој

Адвокатот на Субрата на сослушувањето во Врховниот суд изјави дека тој не е одговорен за враќање на 4,38 милијарди долари на измамените инвеститори

Индиската корпорација „Сахара груп“ денес му соопшти на Врховниот суд на Индија дека нејзиниот шеф, Субрата Рој, не бил одговорен за враќање на 24.000 крори, 4,38 милијарди долари, заедно со 15 отсто камата, собрани од нејзините две фирми од инвеститори. Со тоа корпорацијата им се спротивставуви на аргументите на регулаторното тело СЕБИ, кое сакаше неговиот пасош да биде одземен додека се реши жалбата по обвинението против него и компаниите за непочитување на судот, јави индискиот онлајн весник Firstpost.

Aдвокатot Рам Џетмалани, кој се појави за фирмата „Сахара“, која се соочува со обвинение за непочитување на судот заради невраќање на сумата, според судскиот налог, тврдеше дека фирмите „Сахара“ веќе извршиле отплата.

Двајцата судии, КС Радакришнан и ЏС Кехар, како што пишува весникот, го сослушале ставот на Џетмалани, истакнувајќи дека тоа е спротивно на претходниот писмен исказ од компанијата. „Тоа не е точно. Во вашата писмена изјава стои поинаку. Вашата писмена изјава го очекува нашиот одговор“, рекоа судиите.

Пазарниот регулатор тврдел дека сите пари собрани од страна на „Сахара Индија риал естејт корпорејшен“ и „Сахара Индија хаусинг инвестмент корпорејшен“ отишле во сестринските компании на „Сахара груп“ и Рој е подеднакво одговорен.

„Рој повеќе пати бараше состанок со претседателот на СЕБИ и комуницираше со СЕБИ за ова прашање многу пати. Тој сега не може да се дистанцира велејќи дека нема никаква врска со компаниите“, рече адвокатот Арвинд Датар. „Директорите и промоторите на компании треба да добијат максимална казна затвор. Тие не треба да бидат сослушани се додека 24.000 крори не се депонираат до СЕБИ“, рече тој, додавајќи: „Треба да им се наложи да бидат присутни во судот и нивните пасоши да се одземат додека судот го реши ова прашање“.

Тој побара максимална казна за Рој и другите, според член 12 од Актот за непочитување на судот, кој предвидува казна до шест месеци затвор, пишува Firstpost.

Додека трае процесот од висок интензитет во Индија, Субрата Рој во неколку наврати ја посети Македонија и ги најавува своите големи инвестициски зафати во изградбата на луксузен комплекс кај Љубаништа и изградба на современа земјоделска фарма „Џумајлија“. (Н.Р.)


Статијата е прочитана 3649 пати.


Испрати коментар



Пилоти од „Туркиш ерлајнс“ киднапирани во Бејрут
Сопругата на Морси - Издржете, тој ќе се врати
Обама-Самарс - Кризата во фокус, Балканот само споменат
По Силвио на чело доаѓа Марина Берлускони?
Самарас ги почна средбите во Вашингтон
Го застрелале само што дошол на работа
Нова фонтана и старата коцка на плоштад
Македонските превозници на нафта и ОКТА во војна
Српската влада повторно се заканува за пченицата
Одбележана 12-годишнината од Карпалак
Кристофер Хил - Вашингтон го губи интересот за спорот со името
Повредени и приведени во престрелка во скопско Кондово
(ФОТО) Двајца повредени во сообраќајка кај „Нова Македонија“
Денеска и утре портокалова фаза во три региони
Муслиманите го слават Рамазан-бајрам
(ФОТО) Седница на Општина Центар на отворено кај „Бристол“
Обама ја откажа средбата со Путин поради Сноуден
Честитка од поглаварот на ИВЗ - За празникот да ги почитуваме сите
Честитка од државниот врв за празникот Рамазан-бајрам
Прв случај на пренесување на новиот птичји грип од човек на човек
Граѓаните генерално задоволни од услугите на администрацијата
Земјиште под легализиран објект ќе се откупува и без урбанистички план
САД со дронови ќе напаѓаат во Јемен
Во Прилеп се одбележуваат 12 години од Карпалак
Почна посетата на Самарас на САД
До петок многу тополо, викендов заладување и дожд
Хабермас - Солидарноста е единствениoт пат за Европа
(ФОТО) Огромен пожар на меѓународниот аеродром во Најроби
Судот во Њујорк пак ги одби жалбите во случајот Телеком
Ходорковски и Лебедев излегуваат следната година
Новиот клинички центар готов до 2017 година
„Ер Франс“ отпушта 2.600 работници
Дизајнери од цел свет ќе прават етикета за „Тиквеш“
Над 100 нови бесплатни паркинг места во Аеродром
Партиски препукувања за случајот „Бристол“
Владата денеска не се задолжи
Двокатните автобуси - најкорисен проект за Скопје
Зголемени цените на угостителските услуги



mk, 06.08.2013 17:14:40
Ha,ha,ha,ha, najgolemata investicija na grujo - hohstapler par exsalans - Indiskiov sud moze i ovie nasive zoki grujo i ostanata lopovska mafija od Makedonija zaedno so subrata da gi zeme edno 6 meseci na prevospituvanje. A kade mu se na pastirot 8 milijardi evra stranski investicii - a site televiziji se falese pred nekoja godina. Grujo trgni se veke ednas Makedonskiot narod ne te saka ne saka desnicarska konzervativna partija - Makedonskiot narod e levo orijentiran i ja podrzuva socijalistickata demokratska opcija.
Итар Пејо, 06.08.2013 18:23:39
Под хитно да му се даде политички азил. Инаку Ставревски ќе треба да му носи побарани во Бомбај.
miki, 06.08.2013 18:36:12
Кумот Ставре нема да помогне?????
meksikanec, 06.08.2013 18:51:02
Каде се сега најгласните од ДПМНЕ,Грујо,Ставревски кој толку гушкање направи,повеќе од со родената мајка,а и онај Градоначалникот на Охрид,кој сакаше да му го поклони цел Охрид како да е на татко му.Е мој македонски народе,Јанакиевски му претеше на црквата дека со сила ке му го земе имотот за да му го подари на Субрата,па одкако ке го изеде волкот магарето,заеднички да го делат пленот.Благодарение на Робин Худовците како нас,распостелени по интернетите и режимскиот печат,кои одлучно се спротивставивме на оваа измама на столетието, ги откривме тајните намери,пред овај испокраден народ.Зад овај проект стои државната мафија и треба се да се разоткрие,ако сакаме сиот народен имот вклопен во проектот Џумајлија и Љубаништа,државниот како и црковниот да не оди јабана.И хотелот треба да се открие кој го купи и каде се парите.На Амди Бајрам,Субрата Рој и сите инволвирани во овај криминал,не трба апла да им се верува,а не како ДПМНЕ-овците,ни било криво дека Владата нашла инвеститори.МАШАЛА.
od ostrijot, 06.08.2013 20:25:03
koj sotakvi hohstapleri saka dapravi biznis i na familijata im davat drzavjansvo nese nisto podobri od nego ako imat imalku sovest vo sebe bisi dale otkaz.toa nee samo sram za ova vlada nego i zasiot makedonski narod.
penzionerka od doma, 06.08.2013 20:25:04
Ma, ne mu mozat nishto, on si e makedonski drzavjanin. Pred da go zatvaraat, toj ke si go zeme makedonskiot pasoh i zaedno so dvaicata sinovi makedonci,OP, eve ti go doma vo Ohrid. Neli vo ovoj sveti grad na Ohridskoto ezero, lulka na slovenskata pismenost, si se obezbedi Suvrata so vreme. Si kupi hotel na kredit koj nasite banki mu go dadoa so lesnokja na ubavi oci i sopoddrshka od Amdi. Toa sto nema da pocne vednas da go optplakja, tuka sme nie penzionerite da mu se najdeme. Eve jas vednash ke skoknam.Od semejnata pensija na covek so Dr pred imeto; so moite 113 evri mesecno,ke mi kazam kako ke vrze karaj so kraj od sabajle do vecer.A bre moi dragi Makedonci ;ushte odkoga se otepavme kazuvajki vi koj e ovoj miljarder koj ke potpomogne nekomu od vlasta, kako najbrgu dibidus da ja sotrat Mkedonija, sose narodot!
ZEMJATA, 06.08.2013 22:04:27
Apel do regulatorot.Aman ne go stavajte vo apsana bratov Subratov zaso bez negovite 20.000 kravi ostanvme samo volovi vo drzavicevo.
Vitamin C, 07.08.2013 02:33:36
Vo koja normalna drzava, vlasta nema da se odgradi od bilo koja asocojacija so vakvi kriminalni elementi. Vo koja normalna drzava, rakovodstvoto na istata posle ovakvi zbidnuvanja nema da se distancira i gi prekine site komunikacii so javno dokazani kriminalni elementi na druga drzava. Od ovoj li lopov cekate da investira milijardi vo makedonija ? Ve molam. Pa dali imate i trunka pamet vie slepi poslushnici na gruevski. Ako toj zabegal i reshil da tera so ovaa prevara do kraj i se so cel samo za da gi ispere silnite milijardi na svojata familijata ukradeni od makedonija za vreme na negovata diktatura, pa nemojte site vie da bidete nemi posmatrachi i slepi poslushnici na ovaa katastrofa i lopovluk. Dignete glava, imate li svoe jas? Imate li familii, dignitet dostoinstvo, moralna griza, patriotska dolznost? Osvestete se i sprechete go ovoj kriminal ili stanuvate del od nego, soucesnici za koi eden den bez razlika kolku ste bile krivi ke treba da odgovarate.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 27°C

Ведро

Петок
Сончево
Макс: 38°C, Мин: 18°C

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 33°C, Мин: 20°C

Недела
Делумно облачно
Макс: 30°C, Мин: 16°C

Понеделник
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Вторник
Делумно облачно
Макс: 34°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Наоми Кемпбел не старее
Бијонсе се потстрижа

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24
Раст на бројот на работници во индустријата

Вкусен агол
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |