Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
28.02.2012, 19:19

Мислења

Колку тежи еден министер?

Нано Ружин

Во Норвешка министерот за правда и внатрешни работи нема ниту личен шофер ниту лично обезбедување

„Гледај што правам, а не колку трошам“, навредено и' одговорил еден министер на новинарката кога го запрашала дали не смета дека во време на големата финансиска криза кога сите штедат, тој не претерал со своите трошоци и скапи патувања. „Јас работам за Македонија, а другите детали не ме интересираат!“, е универзалниот изговор на секој македонски суперминистер.

Нескромност или преценување? Тоа се двете болести на нашите политичари. Кога доаѓаат нивните пет минути, тие се поголеми и од античките божества. Популарни се како рок-звезди. Трошат како да се шеици, а се однесуваат како ајатоласи. Во скопските политички кругови се шират разни гласишта за нескромноста на нашите министри, замениците, градоначалници, политичарите и за нивните разуздани сопруги. „Испраќаат шофери и возила на државен трошок да им носат свежа риба, школки и ракчиња од Солун. Ги испраќаат своите секретарки или советници во странство да им завршуваат приватни работи. Потпишуваат бланко сметки, одат на приватни посети во странство, а ги претставуваат како посети од голем државен интерес. Ги праќаат сопругите, кумовите на туристички тури со државни пари. Синовите и ќерките ги претставуваат како натприродни таленти во школите, уметноста, музиката, тенисот...“, раскажува вработен во Владата.

Секогаш купуваат скапи авиобилети во исти агенции. Тоа го правдаат со образложение дека и претходната влада така правела. Како божем власта да претставува реванш за погрешните методите на однесување на претходните владетели. Одамна ги заборавиле изборните ветувања дека ќе работат во полза на народот, а не во името на народот. Секоја политичка партија, секоја Влада или нов состав на Парламент се опслужувани од нивните блиски услужни агенции, ресторани, уметници. Дури и туризмот се партизирал. Да не зборуваме за нивните ситни протекции во доменот на вработувањето, образованието, културата, здравството. Нивните телохранители, некогашни обезбедувачи на дискотеките и денеска се најприсутни таму, но овој пат во ВИП-ложите во улога на најдобри потрошувачи на шампањско.

„Од нив не можеме да дојдеме до подобра маса. Агресивни се кон секоја девојка или помлад човек. Сите млади ги презираат и им се плашат иако им се додворуваат“, ми вели еден мој студент. „Тие ги вршат и сите матни зделки на нивните шефови“, смета млад деловен човек. Нивните блиски бизнис-партнери на кои им помогнале да дојдат до некој тендер знаат ефектно и дискретно да им се заблагодарат. Тарифите и напојниците се во постојан пораст. Со право во Извештајот на Меѓународната кризна група за Македонија корупцијата се третира како институционална аномалија. „Претходно се задоволуваа со подарочиња и ситни услуги. Денес само сувата пара игра и тоа секогаш исплатена на индиректен начин, бидејки и тие стравуваат од ушите и очите на ѕидовите што слушаат“, истакнува мојот соговорник. Според индексот на перцепцијата на корупцијата што го издава невладината организација „Транспаренси интернешенел“, Македонија го зазема 69. место. Македонија е најлошо пласираната од сите држави-кандидати за членство во ЕУ и во НАТО.

Дали насекаде е така? Светот не е идеален. И во современите демократии постојат многубројни коруптивни дејства, дури и меѓу највисоките државници и кралски семејства. Од Шпанија и од Италија, преку Германија до Франција и до Грција, во тек се кривични процеси против неколку функционери и политичари. Разликата е во тоа што таму корупцијата не е метод на владеење како што е тоа случај во државите на Западен Балкан или во Русија, Африка и во Латинска Америка. Каква е состојбата во државите со нулта корупција? Во овие држави владее еден антикоруптивен менталитет и меѓу народот и меѓу медиумите и меѓу функционерите и политичарите. Строгото јавно мислење ги санкционира дури и најбенигните привилегии на политичарите.

Се' уште е свежа аферата со неталентираниот син-гитарист на пратеничката во финскиот парламент која претерано го форсирала своето галениче да настапува во придружба на славни имиња и да се појавува во ТВ-шоуа. Во Данска беше критикувана сопругата на министерот за образование, бидејки имала бесплатен ботокс-третман поради позицијата на нејзиниот сопруг. Во Франција обидот на претседателот Саркози да го протурка својот син за градоначалник на општината Неји се смета за еден од неговите најголеми гафови. Сепак, ова се изолирани ексцеси на привилегираните.

Скромноста и едноставноста се доблест на европските, а особено на скандинавските политичари, на кои треба да се угледаат и нашите разгалени функционери. Во Норвешка министерот за правда и внатрешни работи, Кнут Сторбергед, раководи со едно од најзначајните министерства со 20.000 вработени функционери. Норвешка е држава со 4,6 милиони жители, со БНП од 95.624 $ по жител, со просечна стапка на економски развој од над 4% и стапка на невработеност од само 2,1%. Оваа држава на социјалниот капитализам е една од најбогатите и со највисок просечен животен стандарди во Европа. Норвешка изобилува со големи резерви на нафта и по Саудиска Арабија и Русија е најголем извозник на природен гас во светот. Кнут Сторбергед оваа година наполни 42 години и не работи 24 х 7 како министрите на Груевски. По завршувањето на работното време, без придружба и телохранител заминува да ги земе своите деца од детските јасли. Има право да се послужи со едно од 19-те возила на владата и со шоферот кој во тој момент е на располагање. Тој нема ниту личен шофер ниту лично обезбедување.

Министерот живее во истата скромна куќа каде што живеел пред да биде именуван во владата. Тој е министер кој често патува низ државата. Кога патува во внатрешноста на Норвешка му следува хотелска соба во висина на 120 евра и 50 евра дневница за двата оброка. Кога патува со авион, чека на ред да влезе како и сите останати патници и се вози во обична класа. „Ако сте министер, не значи дека сте различен од останатите сограѓани. Никого не треба да оптоваруваме со нашата функција“, истакнува неговиот колега Јонас Гар Стор, министер за надворешни работи на Норвешка. И тој се движи низ Норвешка без телохранител, ниту има сопствен шофер. Во Норвешка граѓаните се на „ти“ со своите министри и пратеници. Корупцијата е оценета како најголемиот грев на политичарот. Кредибилитетот на политичарот зависи од неговата чесност.

Една од најчесните и најценети политичари на Норвешка е франко Норвежанката Ева Жоли, кандидатка на зелените на следните претседателски избори во Франција. Ева Жоли влезе во современата историја на антикорупциската битка на Европа. Се истакна со откривањето на криминалното перење пари во мултинационалната компанија ЕЛФ. Епилогот на оваа финансиско-криминална афера резултираше со повеќе кривични пријави кон раководството на ЕЛФ. Ева Жоли е советник во владата на Норвешка, но таа редовно на своето работно место патува со јавен превоз.

Порано кога била ангажирана од страна на државата во откривањето на финансискиот криминал на ЕЛФ, често од аеродромот до дома користела такси кое го покривала државата. Кога го откриле тоа новинарите, утредента на првите страници на таблоидите одекна веста: „Скандалозно! Ева Жоли бескрупулозно профитира од државата која редовно и' го плаќа таксито”. Оттогаш Ева Жоли нема влезено во такси. „Не сме ништо пополезни за Норвешка од нашите земјоделци, рибари или оние што работата на нафтените платформи. Според тоа, не смееме да бидеме попривилегирани од останатите“, изјавува Ева Жоли.

Колку е оддалечен овој свет од нашата македонска политичка орбита? Како би реагирале богатите, но рационални Норвежани кога би дознале за нашите многубројни државни и парламентарни делегации, сопружници и стручњаци кои го шпартаат светот со државни пари. Дали ќе доживееме скромноста и едноставноста на политичарот да ги надминат неговите фрустрации за гламурот и чувството за сопствената „големина и значење“ во една од најсиромашните држави во Европа - Македонија?

Наш став

Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде моќен и влијателен глас на заедницата, што е посакувана улога на секое јавно гласило. Но сакаме и да напоменеме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат некои од нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на друга политичка личност или личност од која било сфера. Во таа смисла „Утрински весник“ целосно се оградува од таквиот речник и конотации, и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Статијата е прочитана 4318 пати.

Испрати коментар



Карневалот помина - маските симнати
Чудото наречено Мардок
Зошто се пали Коранот?



од мене, 29.02.2012 00:31:09
Може Утрински од страв да се оградува од личните ставови на надворешните колумнисти,- но во врска со овие изјави знам дека професорот не измислува клевети - доволно ми е да го видам однесувањето на министрите и поголемиот дел парламентарци на телевизија па да сфатам на кое духовно ниво еволуирале (простаклокот, алчноста, слабата интелигенција се рефлектираат и во гестовите па и во френологијата). Дури и некој да ја почнал политичката кариера со чесни намери многу брзо се корумпира заради моќта која му се овозможува - наместо да им се скратуваат привилегиите како што е тренд на запад, тие сами си изгласуваат нови и нови привилегии.
jas i jas, 29.02.2012 00:40:54
G-ne Ruzin, zarem vie bevte poaren koga bevte na funkcija? Zarem vasiot sin ne e zbesnat? Site znaeme sto pravi toj, a so ste pravele vie. Ova vi se vika hipokrizija.
jovan, 29.02.2012 00:44:55
Mene mi se najinteresni, vo celava prikaska, Ministrite od DUI, koj sekoj den so eden kup vozila vo pratnja gi zemaat i vrakaat po selata kade sto ziveat.
Za red i chesnost vo drzavnite sluzbi, 29.02.2012 01:21:01
Toa go znaeme site, i ne samo za ministrite, nego za sekoja drzavna gnida. Poglednete gi po gradovite onie od podrachnite edinici ili policijata, vojskata, odnosno site drzavni ustanovi. Ostavi shto se vozat do i od rabota, (pokraj platen prevoz vo kesh), se vozat nasekade i si gi reshavaat lichnite raboti so drzavni sredstva, i toa za rabotno vreme, a na krajot si pishuvaat i dnevnici. Slushav za eden zemal 435 dnevnici vo edna kalendarska godina. Na eden spisok e sam (kako naredbodavec), a na drugiot na chelo so delegacijata. A ce gi najdete po kafeanite i restoranite, chesto pijani i nasilnichki nastroeni. Ama oni se na vlast, pa predavnicite im se plashat, a patriotite gi falat, so nadez deka neshto ce dobijat. Jadni i ednite i drugite. Predlog: Da se smanjat drzavnite patnichki vozila za 90% i istite da imat posebni (drzavni) tablici. Mislam deka ova go imashe vo komunizmot (crveni tablici).
Ljubotan, 29.02.2012 05:41:34
Profesore,Jas mislam deka se poznavame ,ne slikovno-fizicki, tuku od onaa prokleta, misaona,i druga strana.Profesore, se mi nalikuvas kako Ovidije i negovite oplakuvanja na Crno more-Krvta nee voda,ama nema koj da gi slusne! Vo Republika Makedonija,se e Strano-neprifatlivo,ako nee anticko i samo nivno! A,Nie Dusanovci ,Ovidievci i Jok bre Brate, mozeme samo da Urlame za dobrobitije na Makedonija,i za site nas, sto ziveat vo Makedonija!
USA, 29.02.2012 05:53:51
Скромноста е човечка убавина. Кој ја поседува, тој е БОГАТ.
девичанецот, 29.02.2012 08:26:06
Почитуван Нано, Еден министер тежи баш онолку, колку што му мели главата. Со други зборови, онолку, колку што има памет во неа. Е, сега ако напишам онака како што било и како што е, одма ќе ме обвинат. Но еве, сепак ќе напишам, Само присетете те се колку се брзаше Бучко да влезе во премиерската вила одма после изборот на неговата влада. А сегашниот премиер, ете, шест години е премиер, ама премиерската вила не ја користи.
graganin, 29.02.2012 09:07:26
Mnogu brgu gospodine gi zaboravi privelegiite koi ti i tvoeto semejstvo gi uzivavte na smetka na nas graganite. Te mislev popameten deka si. Kolumna kolku da se rece deka e kolumna....Sramta...
revizor, 29.02.2012 10:01:55
Kolku tezi eden ambasador? 12 skupi auta-prosvercuvani; 75 toni benzin- kupen bez porezi akcizi i prodaden na crno; 500 paketi viski- isto
Maca, 29.02.2012 10:10:44
треба да видите што прават жените на помошниците министри,како ги возат со службени коли и нив и нивните деца, по два шофери работат само за нив.Срамотилаци.
Istocna Makedonija, 29.02.2012 10:24:29
Tocno,site sto se na vlast bile i se privilegirani.Po- rano se narekuvaa ,,deca na crvena burzoazija ,sega se drugi.Soprugi,babi,dedovci,site na dob- ri pozicii i vo trka za profit,dodeka e aktuelen man datot.Nekoi od niv,i dosta raskalasni-amoralni. Ima prakticni primeri.Nekoi gi turkaat beskrupoloz no svoite deca po karieri,sportski i slicno i prerano gi unistuvaat,,gorat.Za smetka na niv,drugi potalentirani stagniraat,oti se od posiromasen opstestven sloj.Zaboravaat,taka alcni,na edno, narodot dava i zema!Megalomanija-alcnost!
Mudrec, 29.02.2012 10:41:01
Politicharite koi gi naveduva Nano se iskluchok. Vo Evropa povekjeto politichari se neskromni i korumpirani, setete se samo na skandalot so dnevnicite vo Evropskiot Parlament koj RTL se obide da go snimi. Vo slednata kolumna bi sakal Nano da objasni dali i toj kako minister go sledel primerot na Norveskiot minister.
gjoko, 29.02.2012 10:43:36
Prvo zosto se tolkav broj parlamentarci za edna mala zemja kako nasata za nea i 30 se mnogu,vtoro parlamentarec da ima vozna karta besplatna,da ima prosecna plata,da e skoluvan a ne kako sega polovina nemaat ni 8 odelenie ili se vecni studenti i 3 da nemaat drugi bilo kakvi privilegii a posebno ako ne dojdat na sostanok 3 pati da bidat razreseni samo taka ke imame prav parlament se ova e samo perenje pari
V.K., 29.02.2012 10:50:18
Me чуди оградувањето на Утрински.Овде не станува збор за клевета туку за морал на носители на јавни функции од било која партија и власт. Дефицитот на моралот на носителите на јавни функции во РМ е многу поголем отколку сто Ружин го коментира. В.К
globalizam, 29.02.2012 12:26:51
Profesore toa e demokratija,ima komentari za vasiov tekst koi ve opraavduvaat i onie koi sakaat da ve navredat(minato vreme). Dobro rekle pametni,demokratijata ne se dobiva tuku treba da se izbori.
vapski, 29.02.2012 16:33:56
na stho e profesor ovoj ruzin ? izvinete na ignorancija... se kradelo, se krade i ke se krade, okoto covechko nema granici, moralot e nizok vo siromahsna sredina, sekoj minister razmisluva vaka, ako ne lapnam dodeka sum na funkcija,koga ? kazi nano ti , koga? ke pomine dosta vreme, ke treba da smenat prvo nacin na razmisluvanje potoa i instrumenti so koi ke se kaznuva zloupotreba na pozicija funkija i vlast... da vladeesh znaci da imash odgovornost pred se, prvo pred toj shto te izbral... izbiracko telo pamti sega i pamti kako bilo koga sledniot ke ti cuknat na vrata za glas...

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Ведро

Недела
Ведро
Макс: 18°C, Мин: 4°C

Понеделник
Ведро
Макс: 22°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |