Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Забава
20.09.2012, 17:38

Поддршка од кралицата по Пировата победа

Победата на војводата и ��ојвотката од Кембриџ на францускиот суд, слободно може да се нарече Пирова. Имено, иако судот одлучил „Мондадори“, издавачот на магазинот „Клозер“, кој прв ги објави фотографиите на Кејт Мидлтон во топлес, да ги предаде на британското кралско семејство сите оригинали и да престане со понатамошното ширење или продажба на сликите, тоа е слаба утеха за 30-годишната Катрин и остатокот од кралското семејство. Од објавата на фотографиите пред една седмица, голите гради и задникот на принцезата „фатени“ на летување во дворец на југот на Франција ги видоа милиони, а спорниот број на „Клозер“ е продаден во половина милион примероци, сто илјади повеќе од вообичаениот тираж.

Среќа во несреќа е што Кејт не морала да стравува како ќе ја пречека бабата на Вилијам по враќањето во Велика Британија од 9-дневната турнеја низ Азија со сопругот. Имено, од британскиот двор стигнала потврда дека Вилијам и Кејт ја имаат поддршката на кралицата Елизабета Втора и принцот Чарлс во се' што прават. Тоа значи дека ќе бидат покрај својот син и внук и во разголениот скандал.

За разлика од сегашниот однос кон омилениот внук и неговата сопруга, кралицата била студена и без трошка сожалување кон снаата Сара Фергусон, бившата сопруга на принцот Ендрју, која исто така пред 20 години имала скандал со разголени фотографии. Елизабета сметала дека Сара го засрамила дворот, а ништо помилосрдна не била ни кон принцезата Дајана.


Статијата е прочитана 423 пати.


Испрати коментар



Бојан Маровиќ - ќе пее во Неготино
Забави за загревање пред „Макфест“
Засилување за концертот
МРТВ во ново руво
Боб Дилан претендент за Нобелова награда
Филмската дива наполни 78 години
Што прават денеска
Ми се совпадна темпераментот со Караман
Потврдено - бремена е!
Приведена зашто удрила пешак
Драматично смирување на љубовниците

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, -4°C

Претежно облачно

Среда
Претежно облачно
Макс: 1°C, Мин: -6°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 3°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (47)
Јованка му е лута на Тито и не сака да оди на лов со него.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |