14.04.2012, 11:45 Вуди Ален го претстави новиот филм во Рим
Американскиот режисер Вуди Ален во Рим го претстави својот најнов филм To Rome With Love (На Рим со љубов) во кој игра заедно со Пенелопе Круз
- Отсекогаш сакав да снимам филм во Рим, изјави Ален пред светската премиера на филмот во кој играат и Алек Болдвин и Роберто Бенини.
- Добивав разни идеи и успеав да ги претворам во комична и романтична предност на комбинирање со визуелна убавина на Рим, додаде Вуди Ален.
Полноќ во Париз на Вуди Ален, неговиот претходен филм, доби оскар за сценарио.
|