24.10.2008, 18:24 МВР и Обвинителството на средба околу атентатот
Новите моменти околу атентатот врз поранешниот претседател на државата Киро Глигоров вчера беа повод за работна средба меѓу првите луѓе на МВР и на Обвинителството, кои треба да направат заедничка процена за активностите што ќе следуваат.
„Со оглед на тоа што во оваа фаза обвинителот го има главниот збор, ние ќе ги следиме насоките. Сите релевантни институции целосно стојат на располагање во функција на потврдување или демантирање на информациите што беа изнесени во јавноста, како и во функција на документирање и аргументирање на оние информации кои во интерес на истрагата во оваа фаза се' уште не се достапни до јавноста“, изјави вчера Јанкулоска.
МВР, како што додаде, активностите ги презема во континуитет и за нив случајот со атентатот на поранешниот претседател Глигоров е отворен и ако има каква било нова информација, надлежните по автоматизам се мобилизираат и ја проверуваат. (Г.Д.)
|