04.11.2012, 17:09 Мое ќоше
��ази Владата заседава
Ерол Ризаов
Пред Владата треба да се стави знак за забрана на ѓурултија
Фатив уплав кога во еден од нашите весници прочитав колку работела Владата. Ми дојдоа солзи на очи кога видов колку се мачат премиерот и министрите само нам да ни биде поарно. Замислите луѓево од крв и од месо седнале напладне, точно во 12 часот и работеле до четири саат утредента сабајле. Цели 16 саата муабетеле тешки теми, ги мереле зборовите како на кантар за многу важни работи од кои зависи нашето опстојување и живеење, нашата егзистенција, нашата иднина. Разгледале дури 102 точки и уште 80 поточки. Пред мугри во живи темници се разишле пред да ги нападне дневното светло. Летнале брзо малку да дремнат и пак да дојдат на работа да ги дозавршат работите што ги разгледале во точките и запирките. Навистина ми падна жал за луѓево кои ноќе работат како рудари, а дење спијат по два три саата, а потоа цело време дремат. Предлагам пред Владата да се стави знак за забрана на ѓурултија. На импозантен билборд да стои со големи букви: Пази Владата заседава. Задолжителна е сликата на премиерот како оди на прсти, а со показалецот преку устата и носот шепоти пссст....
Можете ли да претпоставите какво мачење е тоа 16 саата да седите на столче, па макар било премиерско или министерско. Во најдобар случај ќе добиете само хемороиди. Без цигари, со многу кафиња, мала пауза за ручек од нога, цело време стискање за мала и голема нужда, сексуална апстиненција, интензивен интелектуален и физички замор, секирации, загриженост и огромен товар на одговорност, сето тоа на едно место е многу силен стрес и нездрава работа. И непроветрениот воздух во владината сала влијае штетно. Оној познат и популарен д-р Оз на една од најгледаните ТВ-емисии во Америка кои и нашите гледачи имаат можност да го видат преку Хрватската телевизија вели дека луѓето не треба да се срамат што испуштаат гасови. Тоа е здраво и неопходно за човечкиот организам, а се случува најмалку 15 пати за 12 часа. Не е ништо страшно ако малку замириса, треба да се отвори прозорец и да се проветри просторијата. Пресметав дека ако за време на седниците на Владата покрај премиерот, министрите и нивните соработници и стручни служби се поканети експерти и стручњаци, тогаш обично присуствуваат околу 40 до 50 луѓе. За 16 часа, тие според д-р Оз, испуштаат гасови вкупно од 760 до 950 пати. Што не е безопасна концентрација ако нема добро проветрување.
Шегата на страна, што значат долгите 16-часовни седници. Владите кои се во војна, или имаат вонредна состојба во својата земја поради голема временска непогода, ураган, земјотрес, нуклеарна хаварија и кои се во таканаречено постојано заседание не поминуваат 16 часа на работа, бидејќи таквиот замор може да предизвика контрапродуктивни резултати. На тркалезната маса на француската влада, на пример, на централно место е стар часовник кој опоменува дека не би требало седниците да траат повеќе од еден час. И многу други влади и премиери се познати по својата ефикасност кога на владините седници се носат клучни и стратешки одлуки и предлог-закони, а се' друго е во одговорност на надлежните министерства и институции на системот. Долгите расправи по цели ноќи и денови покажуваат и многу други работи кои не се гледаат на прв поглед. Ако не е гол маркетинг дека владата многу работи, тогаш е јасно дека Владата нема самодоверба. Само во демократски недоизградените системи, каде што целата власт и целата одговорност се префрла на еден човек седниците траат со денови. Цврстата централизација и одлучување за секое прашање со одобрување на премиерот, а за кое и по законски пат се надлежни само министерствата, владините агенции и фондови, е доказ дека надлежните институции не можат да донесат самостојно одлука и таму каде што имаат цврсти законски овластувања. Така се суспендираат институциите на системот. Во владата на Никола Груевски не може да се направи ниту еден потег без негов амин. Тоа ја намалува одговорноста кај надлежните министри и ресори кои треба да одлучуваат независно. За долгите владини седници најдобра илустрација деновиве даде еден од министрите кога рече: конечно заврши оваа маратонска седница, ајде сега да одиме нешто да сработиме.
Симптомите од таа хронична болест да се заседава со часови и денови останале и ден денеска како наследство од социјализмот, која добро ја увидел првиот италијански амбасадор во Незав��сна Македонија кој во еден од своите извештаи до италијанското Министерство за надворешни работи наводно напишал: интересно е и тоа што Македонците кога седат и беседат на состаноци мислат дека работат. |
|
Статијата е прочитана 3643 пати.
|
Испрати коментар
|
|
demokrat, 05.11.2012 00:57:50 | Taka e Erole. Cetralizacija do daska. Eden kup drzavni funkcioneri po podracnite ministerstva vo vnatresnosta na zemjata zemaat za djabe plata. Nivnata rabota e isklucivo postarska. Preprakaat pisma a na strankite po pravilo im vikat: ,,ke bidete informirani koga ke dojde odgovor od Skopje,, ili ,,se uste ne zasedavala vladata po ovaa prasanje,, ili ,,Vo sekoe vreme ocekuvame odluka na vladata,, Za toa vreme uzivaat vo drzavnite beneficii. Sluzben avtomobil, bezplaten telefon, udobni kancelarii, rucek vamu, seminar onamu itn itn... za toa vreme nie cekame ,,odluka na vlada,,! |
| Коста Стоименовски, 05.11.2012 01:19:43 | Има една максима која вели дека колку повеќе некој настојува да ја концентрира власта во свои раце се помалку може истата да ја контролира! Американскиот претседател Роналд Реган беше глумец и не се разбираше многу ни во политика, ниту во економија, но знаеше да одбере и на секое место да постави вистински луѓе што придонесе да остане запаметен како мошне успешен претседател. За директор на Федералните резерви (НБ) го постави Пол Волкер, кој ги постави темелите на кои американската економија успешно се развиваше во наредните две децении, а плодовите од неговата економска и финансиска политика ги собра Бил Клинтон! |
| USA, 05.11.2012 05:06:42 | Колумната на Гн. Ризаов станува забавна рубрика. На неговите сега од смеење ќе им падне мастиката од уста не сфаќајќи дека од бесцелно џвакање, никогаш нема да ја вкусат победата на избори. |
| Жт вкц, 05.11.2012 06:07:08 | Кого мачкаш, Ероле. Тебе не ти идат солзи на очите затоа што Владата работи 24/7. Тебе ти се плаче затоа што ти 24/7 без успех го туркаш твојот Бранко кој работеше 0/0 и затоа сработи 0. |
| Irana, 05.11.2012 07:31:18 | Имам можности да се осведочувам кога премиерот заминува на работа од својата приватна резиденција. Никогаш, и навистина никогаш - пред 11 часот, па оттаму човекот и да сака не може седниците да ги почнува пред 12. Ако стане порано, порано и ќе почне да си ја заработува дневницата, а и обезбедувањето, кое не е баш така мало, не ќе мора толку долго да дреме на улиците Бихаќка и Фредерик Шопен и да предизвикува стрес кај домородните граѓани и минувачите, дека нешто, недајбоже, лошо се слу��ило, знаејќи дека од спротива ги дебне седиштето на СДСМ. Ако не друго, на власта треба да и позната - онаа народната - КОЈ РАНО РАНИ ДВЕ СРЕБИ ГРАБИ. Додуша во нашиот случај - за себе, а не за народот. Затоа, нека доцнат, што повече, толку подобро... |
| Buntovnik, 05.11.2012 07:46:46 | Kolku poveke edna vlada zaseduva i pravi novi pravila, tolku poveke e sistemot corumpiran. |
| Miki, 05.11.2012 08:24:23 | Pa i odlukite na ovaa vlada se kako da se doneseni vo golema koncentrecija na metan, samo generiraat bunilo..te ke gi ,,branele,, branitelite, te ke gi gonele ,,pederite,, te ke ne terale deca da pravime! A be ima li pilot vo ovoj avion? Ili ke leta krivo-levo duri se ne dokradat, a potoa.. |
| До Коста, 05.11.2012 08:25:01 | Госп. Коста. Да Реган бил во младоста осреден глумец, ама подоцна два мандата беше гувернер, што би рекле ние претседател на Калифорнија и тоа многу успешен. Калифонија без Америка е четврта економска сила во светот, па сега ти мери. Сакам да кажам не дојде од Холивуд во Белата куќа, туку има политичко дебело минато. колку да се знае. |
| milan, 05.11.2012 08:27:04 | G-dine Erol nemojte poveke nekoj da gi fali japoncite kako mnogu rabotlivi,a nemojte da se sluci kompletna vlada da ni ja zemat japoncite ili nekoj od zapad,pa koj vo toj slucaj ke ni go bere gajleto i ke ni go jade alot. Ne zaboravajte na edna od sednicite e dogovorena i fudbalskata strategija,pa odtuka takvi vrvni rezultati.Za fenomenalnite uspesi,se nadevam i Feliks ke dade svoj naucen pridones,vo sprotivno baba Evda ke mu upati kritika i babski ke go ukori. POZDRAV. |
| jovan, 05.11.2012 08:46:05 | Porano vikaa, klati vrata zemaj plata, denes toa ti se vika, klati stolica zemaj plata. Razlikata e vo toa sto ova drugovo ne se rimuva. Inaku se e isto. |
| PRILEPCANEC, 05.11.2012 09:01:59 | Е мој Ероле,многу убаво,многу бистро напишано ,но за кого.Тие што ова го гледаат и на кои им е совршено јасно не им треба напис,а оние кои се „ импресионирани “ од работата на владата кога ќе го прочитаат ова да можат ќе Те стрелаат.На голема жалост,во оваа наша државичка има многу лесен и плиток и евтин народ за кого ГРУЕВСКИ е СВЕТЕЦ,очите ќе ти ги ископаат ако го нападнеш.За нив само Бранко е виновник што живеат лошо,иако Бранко во последниве 15 години само 4 беше на власт,а сите останати владееше директно 7,индиректно 4 ГРУЕВСКИ.Толку ли Груевски не можеше „ ДА ГИ ИСПРАВИ ГРЕШКИТЕ“ од Бранко во овие 11 години и да им ја подобри живеачката на луѓето.Но,се извинувам згрешив,луѓето сега живеат фантастично,во изобилие,возат луксузни автомобили со евтин бензин,одат во Дубаи,во Египет и на други скапи места на одмор,имаат евтина струја,евтин огрев,парно,имаат бесплатно образование,квалитетно здравство,речиси сите се вработени,па зошто да штрајкуваат кога им е убаво.А за тоа кој е најзас |
| Миле - Охрид, 05.11.2012 09:12:40 | Голема штета е што на твоите манипулации наседнуваат и некои твои читатели. Понекогаш (некои од нив) се радуваат кога твоето отсуство на капацитет и аргуменити го заменуваш со навреди, клевети, непристоен речник и лични дисквалификации. За останатите се подразбира дека цитатите вообичаено се ставаат во наводници. Толку за тоа. А ти продолжи си со деструкцијата. Повторно најди интересна тема (такви ги има во секоја функционална демократија), лажно прикажи се како еден од „НАС“, зарижен за својата држава и обавезно (во согласност со својата мисија) истури лаги и клевети врз државата (не врз Владата) за да покажеш дека не ја бидува и дека не може да опстои. Наведи дека за Македонците не треба да важат универзалните индивидуални и колективни права и слободи. И во секој текст обавезно предложи прифаќање на шовинистичките уцени за самоукинување на македонскиот народ. Така ќе дадеш придонес во „аргументи“ за „фактот“ дека Македонците , всушност, не сакаат да си го сочуваат името. |
| jovan, vlada @, 05.11.2012 09:50:10 | Почитуваниот драг г-дина Ризаов, и за ова најде мана демек доста му е од фејк ПИ-АР на Владината служба за информирање бидејќи џабе работеле и по 16 саати кога од нив не произлегло никаков ефект и немало резултат освен апсинецијата од секс која министрите ја имаат,нездравиот начин на исхрана(која петем во бифето на Владата е една од најубавите) во стилот на него блиските ирон��чни новинарски пера АБЕ ДОСТА ГРАДИТЕ ДИГНАВТЕ ПРАШИНА НЕМОЖЕ НАРОД ДА ДИШЕ ОД ТОА ВАШИТЕ ГРАДЕЖНИ ЗАФАТИ.Знам дека ако ми го објави ова весников ќе ми се нафрлат еден куп разно разни Пејовци,безанци,Бабини ем Шатини внучиња и останатата коментаторска свита која со душа и срце плукаат по нас и ги демек на тој начин ги бранат ставовите на опозицијата за кој никој не смее да коментира освен нив.Ок се овие саркастични ама во никој случај досетливи ем по малку скокотливи писанија од страна на почитуваниот новинар пред се Владата работи за доброто на Македонија ви се допаѓало тоа или не,тешко е убедиш некој кој не е.. |
| seirdzija, 05.11.2012 09:50:26 | Odlicna pocetna ironija na nasata realnost.Posle sedum godini vladeenje osven frleni pari na spomenici i reklami, opstestvoto e unazadeno do krajnite dolni granici.Vo nemanje na svoja realna programa za unapreduvanje na opstestvoto,tie ni nudat plateni reklami vo koi se ocrnuva opozicijata,a toa verojatno i e temata na tie 16 casovni zasedavanja.Tolku mnogu se zaglaveni vo sopstveniot kriminal,da prosto e neverojatno deka ke bidat spremni da organiziraat i sprovedat fer i demokratski izbori.No da bideme zivi i zdravi pa da pocekame da vidime kakov ke bide krajot na takvoto vladeenje,ama ne mi mirisa na dobro po vlasta.... |
| Бледиот тен од Илинденска б.б, 05.11.2012 10:12:04 | Вакво ноќобдеење на нашата Влада ме потсети на ноќните седници на ЦК на Политбирота на СССР за време на Сталин. Наиме,Сталин милувал да има собири и седници само во ноќните часови , надополнети со доста вотка и така уз вотка ги кроеле петогодишните планови и повремените чистки на деструктивните елементи во општеството. Така кутрите членови на Политбирото заседавајќи секоја вечер , а спиејќи дење , не виделе со месеци сонце,па добиле бледило, т.н. кремаљски тен, по што биле претпознатливи. Кај нас за среца насиве работат и ноце , ама и дење , се за добробит на народов, па затоа имаме ваква добра живеачка . Ајде малку нека запрат со толкаво непрегање ,бвелки нешто це се смени на подобро. |
| gragjanin, 05.11.2012 10:48:43 | Тонч! Алал да ти е! Погодок во центар! |
| zagrizen, 05.11.2012 10:56:57 | Zt vkc,aj Erol go turka Branko,a koj gi turka ovie od mostovite,od zgradite?Koj gi turka mladite da kupuvaat *one way ticket*?Irana,Staljin rabotel isklucivo noke,a spiel do pladne.Taka poveke tvorel.Jovan,vlada@,a sto srabotivte za promena na iminjata na ucilistata,za tablite vo Strusko,za kriminalot na Toplifikacija,za ovie barabive demek kontraprotesti,za web strana na Gostivar (nema eden Makedonski zbor),izgradivte sto?Kade se gleda rabotata,vo dobra megjunarodna i vnatresna politika,vo dobrite megjunacionalni odnosi,vo dobroto skolstvo,zdravstvo,dobra infrastruktura,dobriot standard na ziveenje,suzbivanje na kriminalot,ja stopiravte urbanata mafija ili ja sofisticiravte,se znaze li koja e MKD himna?A Vas *pena* vi fati ustata BC,pa BC.A ke plukam na sekoj koj krade,laze,nema doblest,voveduva nacionalizam,novi istorii,svesno iscrtuva novi linii na drzavata.Erol sekako deka vi e nezgodno pero,kako li uste ne go lustriravte,kako antidrzaven element.Cudo,isto kako i ona vo Sv.Dimitrij |
| Da ne chujat japoncite, ke im zakachat fenjer., 05.11.2012 11:06:39 | Da, ako sakash efikasnost vo rabotata, mora da si kratok, jasen i precizen. Seto drugo e *mlatenje prazna slama*. Plus, optimalen broj na rabotnici za odredena zadacha. Shtom se prenatrpani, nishto od rabotata. Mnogu poefikasno se raboti so pomalku, odolku so vishok na vraboteni. Toa go praksata dokazala. I na krajot, shto chovek da kaze za rabotenjeto 24/7x365x7 na prerodbenicite? Da bea mazi, jajcata ke im ispadnea od rabota, pa ke nemavme problem so natalitetot. Ovaka, kako i site golemi ljubovdzii, taka i ovie silni(vredni) rabotnici, samo se falat! |
| tihi, 05.11.2012 11:20:56 | Jas priznavam deka mi e ispran mozokot od vladava so vakvite potezi ,ne mi jasno so shto toa Brane vi go iscica vashiot.Ova se odnesuva na tie so iscicani mozoci ,koi se nadevam kje se prepoznaat.A nadezhta posledna umira. |
| od ostrijot, 05.11.2012 11:33:13 | erole sesnajset sati ne rabotele nego se natprevaruvale koj podobra falba izmislil. |
| В. Кратовалиев, 05.11.2012 13:04:16 | Значи Ризаов, го губи трпението и повеке не ја крие нервозата. Како што минува времето, Ерол пред читателите со *пожестоки* колумни, но сепак негово право, а и кеиф. Љубопитен сум, како по мартовските избори, ке ја коментира синтагмата *народот е во право и кога греши*.
П.С./Се надевам без цензура, бидејки коментарот е без *навреди, клевети, непристоен речник, лични дисквалификации, национална, расна и верска омраза, како и секакви незаконски содржини./ |
| pretpriemach, 05.11.2012 13:42:06 | Vo site zemji koga se nosi budzetot Vladite zasedavaat dolgo... serioznosta na rabotata go bara toa... mene samo ne mi e jasno kako najde da ja kritikuvas rabotata na Vladata 24/7 bas koga go nosi budzetot... i ti kako i opozicijata go utna terminot i zatoa efektite od vasata rabota se takvi kakvi sto se... |
| mentalist, 05.11.2012 14:10:15 | Обама и Ромни може вода да им носат за политички маркетинг! |
| Goce USA, 05.11.2012 14:35:35 | Eve za da ne misli jovan od Vlada deka samo go plukame, jas ke go poddrzam! JOVANE TI SI VO PRAVO! Sekogas. Samo nie sme tolku mizerni pa te plukame ne mozejki da se pomirime so toa deka imame najdobra vlast vo poslednive 2000 godini i deka imame drzava koja e lider vo svetot po investicii, norveski zivoten standard a za doing business i da ne zboruvame. Prosti ni na nas bednicite koi ne mozat da ja vidat i sfatat vistinata. Mislam deka duri treba da se zabrani opozicijata so Zakon a sekoe plukanje kako ova nasevo da se kaznuva najmalku so zatvor. Veruvam deka se srekni tvoite sevofi imajki sovesen iskren i dokazan sorabotnik kako tebe i drugar ti Feliks. I navistina mislam deka e krajno vreme da vi gi pokacat onie 500 denari. So pocit, Vasiot nov projatel i poddrzuvac! |
| До Кратовалив, 05.11.2012 15:51:43 | Госп Кратовалиев кажи што мислиш за текстот, а не за Ерол. Знаеме добро што мислиш ти за Ерол иако ти сметал законот да му кажеш. Има паметни луге кои знаат кога се напаѓа авторот, а кога текстот. затаоа не продавај евтина басма. Прочитан си. |
| Realen, 05.11.2012 16:41:57 | Vo navedenata 16-to satna sednica na vladata, izgleda mnogu vreme bese potroseno na taktickata podgotovka za fudbalskiot natprevar na ekipata na premierot so snimatelite ili za analiza na toj natprevar, na koj premierot bese glavna zvezda. |
| bezanec, 05.11.2012 19:47:48 | До јован,влада @ , Разликата помеѓу твоите коментари на коментарите се во делокругот од гетоизацијата во македонија што ја доживуваш или глумиш дека имаш видено нешто поубаво. Јас сум бил многу порано во западноевропските земји, сум го доживеал и зборот слобода на мислени,расудување и свој став. Тоа што понекогаш се јавувам со коментарите, коментирам тоа што се случува пред мои очи ништо не измислувам е тоа големата разлика помегу моите и твоите коментари.Биди слободен повеќе нема да ве вознемирувам. |
| Citatel, 05.11.2012 21:56:01 | EROLE, car si!!! Nema sto drugo da napisam, nema potreba... |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 8°C
Делумно облачно
|
Вторник
Претежно облачно
Макс: 18°C, Мин: 7°C
|
Среда
Обилни врнежи
Макс: 9°C, Мин: -1°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (45)Инцидентот на Бајкалско Езеро. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|